Чичко ми го зема телевизоров пред 2 недели,
http://www.testfreaks.com/televisions/sony-kdl-40ex710/
сега пред малку пробав преку усб, чита само
mp4 (еден mp4 спот само звукот го пушти, слика немаше, а други 5-6 mp4 фајлови ги пушти без проблем),
mkv не чита (еден трејлер и еден спот) и
ts (НБА утакмица). А и превод (.srt) не се пушти кога пуштивме филм, исто име треба да има со филмот?
Чаре да пушта секакви фајлови преку усб?
И дали овој WD HD плееров
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=25470&id=84&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action=
пушта
ts?
Телевизорот сепак е повисока класа, би требало да пушта повеќе видови на видео фајлови. Кога сме кај видео фајлови, претпоставувам дека знаеш дека има mp4 и има mp4. Екстензијата е само „контејнер“ во кој има видео запис со некои одредени сетинзи. Се надевам дека не си налетал на некои ептен специфични видео фајлови па не ти ги пушта.
Да, преводот треба да ти биде со исто име како и видео фајлот.
Што се однесува до WDTV плеерот, можам слободно да ти кажам дека за парите е закон! Јас го имав скроз првиот но тој немаше мрежа, имаше послаб чип кој знаеше да засецка на филмови поголеми од 15тина гига фајл, и немаше декодирање на DTS. Јас лично гледам претежно големи филмови (поголеми од 15 гига), па го продадов плеерот и го земав Gen 2. Втората генерација имаше појак чип, мрежа и декодирање на DTS. Ако имаш приклучено хард диск на него или УСБ, преку мрежа си го гледаш приклучениот диск и можеш да си снимаш ствари директно на него без да го префрлаш хардот на компјутер. За оние кои немаат ресивер кој не декодира DTS или па немаат ресивер би рекол дека е важно да декодира плеерот DTS зашто дури и 720p филмови со mkv контејнер имаат DTS (или DD) аудио, нема да имаат звук (освен ако и самиот телевизор не може да декодира DTS). Има и други плеери на пазарот, кај нас помалку се продаваат, ама WDTV Live се продава (имаш во Мебиус, во ТНТ имаше, а може и на други места да има). Тој што го прикажа е Мини, и не знам колку е способен чипот, ако има некој што има таков нека пише коментар. WDTV Live мислам дека иде околу 7.000-8.000 денари.
WDTV Live Generation 2
WDTV Live Generation3