Една година бензин по 50 денари литро или Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    95

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Jaс би сакал да сите ( не само Македонија, туку сите земји на Светов ) имаме високи даноци и мизерен економски раст, а да имаме животен стандард како Западна Европа и САД.
Не си во право. Ти економскиот раст и профитот го ставаш пред благосостојбата на граѓаните. Забораваш дека, цел на секое општествено здружување е обезбедување на човековите слободи и права и благосостојба на Човечкиот род. Правото на работа, достоинствен живот, здравствена и социјална заштита, образование, сигурност се основни човекови права.
Тоа не е измислица на 21. век туку заложба на модерниот Свет од 18 век.
Во славната Декларација за правата на Човекот и граѓанинот од 1789 со 17 члена се вели:
Article 2- Le but de toute association politique est la conservation des droits naturels et imprescriptibles de l'homme. Ces droits sont la liberté, la propriété, la sûreté et la résistance à l'oppression

( Цел на секое политичко здружување е очувување на природните и незастаривите права на човекот. Тие права се слободата, сопственоста, сигурноста и отпорот кон угнетувањето.)

Тоа што денеска, некои типови, го ставија на прво место профитот и економскиот раст е друга работа.
Toa e социјализам. Социјализмот не функционира. За сметка на краткотрајна малку подобра состојба се жрвува долгорочен економски раст и прогрес. Економскиот раст е побитен од некаква еднаквост и социјлистичка утопија. Глеј што направи Кина за 20 години извлече 1 милијарда луѓе од сиромаштија најголем успех во историјата на човештвото се поради економски раст и желба за профит на индивидуата. Социјализмот е популистичка политика за на краток рок да се придобијат неедуцираните народни маси со бенефити кој ќе им бидат 10 кратно наплатени во иднина. Социјализамот е “циганска„ идеологија. Дај за денес за утре некој друг ќе бере гајле.
 
I

Iblis

Гостин
Jaс би сакал да сите ( не само Македонија, туку сите земји на Светов ) имаме високи даноци и мизерен економски раст, а да имаме животен стандард како Западна Европа и САД.
Врската меќу трите не е баш како што е овде претставена. За да имаш животен стандард потребни ти се и економскиот раст(благосостојба) и оптимална висина на данок.
Да не излезе дека ти контрирам, ама со висок данок и слаб економски раст за две децении одиме кон С.Кореа. Значи потребна е рамнотежа да се направи, одреден компромис.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Toa e социјализам. Социјализмот не функционира.
Автор на Déclaration des droits de l'Homme et du citoyen de 1789 е Marie-Joseph Paul Yves Roch Gilbert du Motier, Marquis de La Fayette, ( над моето име е неговата слика ) првпат слушам дека некој него го поврзува со социјализмот.
Еве ти друг цитат:
We hold these Truths to be self-evident, that all Men are created equal, that they are endowed by their Creator with certain unalienable Rights, that among these are Life, Liberty, and the pursuit of Happiness—-That to secure these Rights, Governments are instituted among Men, deriving their just Powers from the Consent of the Governed, that whenever any Form of Government becomes destructive of these Ends, it is the Right of the People to alter or abolish it, and to institute a new Government, laying its Foundation on such Principles, and organizing its Powers in such Form, as to them shall seem most likely to effect their Safety and Happiness.
Ова е дел од вториот пасос на United States Declaration of Independence (1776),
Што ќе кажеш за Авторите на оваа Декларација ?
Но треба да бидеме реални, ова се цели кон кои Човештвото со векови се движи, Реално се согласувам со Iblis, треба да се воспостави равнотежа и компромис.
 
Имаш право на живот, слобода и потрага по среќа. Ова не вклучува „право“ на легална кражба од едни граѓани кон други. Тоа се сосема спротивно на правото на сопстевност и лична потрага по среќа. Никој нема право да отуџува нешто кое е стеканато на легален начин. Редистрибуција на капитал е спротивно на правото на еднаквост и недискриминација по никоја основа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Toa e социјализам. Социјализмот не функционира. За сметка на краткотрајна малку подобра состојба се жрвува долгорочен економски раст и прогрес. Економскиот раст е побитен од некаква еднаквост и социјлистичка утопија. Глеј што направи Кина за 20 години извлече 1 милијарда луѓе од сиромаштија најголем успех во историјата на човештвото се поради економски раст и желба за профит на индивидуата. Социјализмот е популистичка политика за на краток рок да се придобијат неедуцираните народни маси со бенефити кој ќе им бидат 10 кратно наплатени во иднина. Социјализамот е “циганска„ идеологија. Дај за денес за утре некој друг ќе бере гајле.
Тоа што работат 15 саата дневно за 20 долари месечно го викаш вадење од сиромаштија?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тоа што работат 15 саата дневно за 20 долари месечно го викаш вадење од сиромаштија?

За 5 годнини просечна плата се зголемува 150% кога ќе се случи тоа на друго место јави се :icon_lol:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Тоа што работат 15 саата дневно за 20 долари месечно го викаш вадење од сиромаштија?
Си бил во Кина па да знаеш? Не верувам дека си бил и не верувам дека знаеш кој за колку работи и по колку саати.

Факт е дека Кина е втора економска сила денеска, а веројатно ке стане прва во скоро време. Тоа не се постигнува со социјалистички идеологии туку со слобода на избор и минимални регулации и интервенции од страна владата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
1. Напротив висок данок резултира со забавен економски раст сите земји што имаат вискои даноци имаат мизарен економски раст (Западна Европа и САД) овие земји го постигнале нивото на кое се денес пред многу години кога имале мали даноци.

2. Скопје има ефтин и субвенциониран јавен превоз. ЈСП добива 35 денари субвенција за секоја карта. Реално превозот чини 70 денари. Плус ЈСП добива на поклон нови возила од пари од народот. Приватниците возат за 25 денари 200% поефтино од ЈСП и тоа со сопствени возила.
3. АКо се намали само ДДВ и акцизи а зголеми данок на приход и имот ќе се стимулира потрошувачка и зголеми увозот и расте трговскиот дефицит а дестимулира инвестирање во идни профитабилни бизниси. Со што ќе се убие домашната економија.

Тоа би било така доколку би владееле некои пазарни услови, што не е случај тука, а и во такви услови би поттикнало само поголема стапка на даночна евазија. А и не верувам дека тоа намалување би имало толкав ефект за да стимулира натпросечна потрошувачка на нафта, што би бил потребен дополнителен увоз, ние и сега имаме вишок кој што не можеме да го потрошиме, би било само незначајно ублажување. Владата како потпишала таков договор, така и мора да најде начин да се договори со Грците да си го сменат методот на пресметка на цената. Ко што гледам неќат ни да ги примат http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=86045&tip=video
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Си бил во Кина па да знаеш? Не верувам дека си бил и не верувам дека знаеш кој за колку работи и по колку саати.

Факт е дека Кина е втора економска сила денеска, а веројатно ке стане прва во скоро време. Тоа не се постигнува со социјалистички идеологии туку со слобода на избор и минимални регулации и интервенции од страна владата.
А ти постираш од Кина во моментот? :tapp:
Каква слобода бе алооо.....не смеат да патуваат од еден во друг град без дозвола на власта. Какви минимални регулации кога имаш огромен репресивен државен апарат? Нема никакви заштитни механизми за работниците. Слобода? Тоа што тој апарат е ставен во служба на партиските милијардери и западните капиталисти не го прави помалку државен.

Тастатура се трпи....

Toa e социјализам. Социјализмот не функционира. За сметка на краткотрајна малку подобра состојба се жрвува долгорочен економски раст и прогрес. Економскиот раст е побитен од некаква еднаквост и социјлистичка утопија. Глеј што направи Кина за 20 години извлече 1 милијарда луѓе од сиромаштија најголем успех во историјата на човештвото се поради економски раст и желба за профит на индивидуата. Социјализмот е популистичка политика за на краток рок да се придобијат неедуцираните народни маси со бенефити кој ќе им бидат 10 кратно наплатени во иднина. Социјализамот е “циганска„ идеологија. Дај за денес за утре некој друг ќе бере гајле.

Нема крај на твоите бисери. Ова е точно колку твоите прогнози дека нафтата ќе била 120 долари до крај на година и дека во РМ имало 200.000 ѓејој и дека конкурентен производ се добивал со минимизирање на трошоците за работна сила или било кој бисер кој го имаш постирано.
Не е чудно, за некој кој се пофали дека имаал акции во фирмата која експлоатира деца и на која инсталирале мрежи за да спречат фрлања на “задоволните“ работници од покривите.

Од извори на кинеската комунистичка партија и Светската банка во Кина нема сиромаштија. Да си знаете.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Таа Кина стана мит и тоа работниците дека им прецветале од задоволство, високи плати ...:facepalm:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Нема крај на твоите бисери. Ова е точно колку твоите прогнози дека нафтата ќе била 120 долари до крај на година и дека во РМ имало 200.000 ѓејој и дека конкурентен производ се добивал со минимизирање на трошоците за работна сила или било кој бисер кој го имаш постирано.
Не е чудно, за некој кој се пофали дека имаал акции во фирмата која експлоатира деца и на која инсталирале мрежи за да спречат фрлања на “задоволните“ работници од покривите.

Од извори на кинеската комунистичка партија и Светската банка во Кина нема сиромаштија. Да си знаете.
Драго ми е што ме следиш :). Најверен трол си ми. Инаку акциите на Епл растураат. + 100% се за една година. А за нафтата не се секирај си купив фјучерси па нека расте колку сака. Инаку мој извори е Светска Банка. А твој? Тролска Работничка Партија PvdA?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Драго ми е што ме следиш :). Најверен трол си ми. Инаку акциите на Епл растураат. + 100% се за една година. А за нафтата не се секирај си купив фјучерси па нека расте колку сака. Инаку мој извори е Светска Банка. А твој? Тролска Работничка Партија PvdA?
Ако не постоеше ќе требаше да те измислат...:)

Не се сомневам дека акциите растат. Пропорционално со бројот на мртви, инвалидизирани и заточени во “капиталистичкиот рај“ на Фокскон.
Добро е да се знае дека смртта, инвалидизирањето, ропската работа на деца и репресијата те прават среќен и ти овозможуваат да ги задоволиш своите потреби.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
66
Поени од реакции
36
Ни бензин ни Скопје 2014.
ВОДА треба, во некои реони вода нема...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ако не постоеше ќе требаше да те измислат...:)

Не се сомневам дека акциите растат. Пропорционално со бројот на мртви, инвалидизирани и заточени во “капиталистичкиот рај“ на Фокскон.
Добро е да се знае дека смртта, инвалидизирањето, ропската работа на деца и репресијата те прават среќен и ти овозможуваат да ги задоволиш своите потреби.
Никој не те тера да купуваш Ијфон, Ипад и никој не те тера да работиш во Фокскон. Се е доброволно. Демократија, слобода и личен избор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom