Уште пред да почни утакмицата знаев овде кој ќе победи и знаев дека дебело ќе ги згазите !!!
МЗТ оваа сезона е 2 класи над Работнички, исто како и со мечот со Фени уште на почеток се одлепи МЗТ и после полека полека си растеше разликата.
Работнички слабо, многу слабо, 6 играчи играја цело време, незнам кај се другите играчи, коментаторот кажа дека е повреден Хаџибулиќ само, а со другите не кажа ништо е сега дали се и тие повредени или пак го напуштиле клубот незнам..
Ама сепак и со 6 играчи Работнички според мене изигра добар меч, мала клупа ДА плус и умор то е то. Работнички секогаш мотивирано влегува на вакво дерби, ама сепак денес немаше никакви сили да му се спротистави на МЗТ...
Ме изненади денес Огнен Стојановски, браво одма нанижа 4 тројки, па после и претера со удар за три, мислеше се ќе влези

ама како и да е одлично изигра на крај имаше 5/7 за три.. Гечевски како и секогаш си гази....
Кај Работнички, Јелесијевиќ изигра најдобро дригите како и да не играја
Атмосферата како шо доликува на едно дерби !!! БРАВО
Полни трибини, громогласно навивање цел натпревар...
Фемили 1/4 ФЕНОМЕНАЛНО навивање !!! Првите 10 мин на судијата свирчето не се слушаше

Во 1/4 ЦПБ воопшто не се слушаја, глас не слушнав од нив, како да не беа во салата...
2/4 на почетокот ЦПБ почнаја добро да навиваат, се до оној момент кога на паркетот долета една капа од трибината

Тогаш ЗДИВИЈА ФА и повторно беа погласни....
На почетокот на второто полувреме одлично навиваја и двете групи, веќе ЦПВ фати ритам и до крајот на натпреварот беа добри. ФА одлични денес, уште МЗТ ако не победува пред ваква публика незнам