Прашања за Исламот II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Дали има одредени услови запишани во Куранот,според кои еден Муслиман смее да убие неверник?


Во денешното време, муслиманите се многу честа мета на обвинувања од страна на нивните соседи, Евреите и христијаните, дека исламот преставува насилство, тероризам, милитантност и слично. Но кој подобро ќе истражува , повеќе од очигледно е дека не знае што нивните верозакони и наредби проповедааат, кои, како што ќе видиме подолу,и кои се далеку потешки и поригорозни од она што исламската вера навидум го налага. Муслиманите веруваат дека на сите народи се испратени Пратеници од Бога, и дека објавувањето е доставено до секоја нација, и веруваат во сите божествени гласници, како Нух(Нoe), Ибрахим (Авраам), Исак (Исаак), Јакуб (Јаков), Муса ( Мојсеј), Сулејман (Соломон), Зекерија (Захарија),Иса (Исус), и други гласници на Бога, и дека пораките и верозаконите на сите овие луѓе биле привремено и од просторно локален карактер и затоа подлежат на нарушување со текот на времето, и дека се оние кои се на крајот запечатени со универзалниот Божји Пратеник,Мухаммед а.с., и последното и универзално откровение ,Куран , кој е заштитен од промени кои се однесуваат до Судниот ден. Некои од овие пратеници биле обични луѓе (Нух- Нoe, Ибрахим - Авраам, Исаак - Исак, Иса - Исус), а некои биле водачите на нивните народи и цареви како Давуд-Давид, Сулејман - Соломон, Муса - Мојсеј, Мухаммед , Аллах да даде мир и спасение за сите нив. Оние што беа кралеви и лидери, беа одговорни за целата нација, и ги објавуваа верозаконите кои го содржат концептот на војната, бидејќи луѓето во овој свет не може да преживеат без војска, која ќе го штити народот, бидејќи има постојана тенденција на постоење на други луѓе да се прошират и да освојат територија. Затоа, можеме да видиме во тековната верзија на Стариот Завет,која му се припишува на Муса - Мојсеј, како некој кој е задолжен да го води својот народ, многу строги прописи во врска со војната, но во Новиот Завет, кој му се припишува на Иса -- Исус, не толку многу, бидејќи во текот на својот краток живот на проповедање тој немаше контрола врз кој било дел од својот народ, и беше само повикувач.Но при повторното доаѓање Иса- Исус, тој ќе има многу моќ и сила, и најавата на употреба на сила од негова страна, па дури и смртоносна, е нешто што муслиманите веруваат дека ќе се случи. Значи тврдењето дека една религија е мир и љубов а од друга страна има атомски бомби и спремна е во секој момент да ги употреби укажуваат дека тоа се само слогани со кои некој сака да привлече што повеќе следбеници.
Со оглед дека Мухаммед а.с, во вториот период на нивната мисија, во Медина, имаше моќ над својот народ и беше нивниот лидер, и војната е пропишана од Создателот против оние кои ги нападнаа заедницата на верниците и пред се била заради одбрана на егзистенцијалната закана на невоинствените и мирољубиви старци против политеистички настроените арапи.
Оние кои го обвинуваат исламот на агресивноста и насилството, воглавно се работа од предрасуди и незнаење, но често од лоши намери, иако тие ја знаат вистината. За да направат така, тие користат Курански стихови вадејќи ги надвор од контекст, а потоа ги интерпретираат на свој начин, кој добива искривена слика за реалноста.

Законитоста на војната во согласност со Куранот


Според Куранот, војната е ''несакана нужност'' кон која се прибегнува единствено само во потреба, и која мора да биде извршена во одредени човечки и морални граници. Во Курански ајет се соопштува дека неверниците се тие кои предизвикуваат војна на земјата, а Аллах џ.ш., не дава согласност за војната:
„... и секогаш кога се обидат да разгорат оган на војна, Аллах го гаси. Тие настојуваат на земјата да прават интриги, сплетки, а Аллах не ги сака оние кои сплекарат“ (Ел - Ma'идa, 64).

Во секое недоразбирање верниците мора да чекаат војната да стане неопходност, значи, во војна треба да влезат само во случај на напад од другата страна и кога ќе исчезнат сите други алтернативи, освен војната. Оваа ситуација на следниов начин се соопштува во Куранот:
„Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).

Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна. Ако обрнеме внимание на животот на Мухамед, а.с., може да забележиме дека војната е еден метод кон кој се прибегнува само во случај на потреба и со цел на одбрана. Објавата на Куранот траела дваесет и три години. Првите тринаесет години на времетраење на Објавата муслимани во Мека живееле како малцинства, во еден идолопоклоннистички систем, каде што секојдневно биле изложувани на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбувани, постојано биле соочувани со навреди и закани. Меѓутоа, сепак муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон сила, и идолопоклонениците постојано ги повикувале на мир. Конечно, кога идолопоклоненичките притисоци достигнале точка на нетолеранција, со преселување во Јасреб (кој подоцна бил наречен Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa, муслиманите формираат своја управа. Дури и откако формирале свои политички устројства не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоненици од Мека. Меѓутоа, откако беше објавен Куранскиот ајет, Мухамед, а,с,. им даде налози на асхабите да се подготват за војна:
Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40).

На кратко, Aллах, џ.ш., на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранијата. Со други зборови, војна која се дозволува единствено е само војната со цел за одбрана и во случај на проширување на правда на соседните подрачја. И во други ајети муслиманите се предупредуваат за да се избегнува непотребна провокација и непотребна употреба на сила:
И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190).

По објавувањето на овој ајет се случиле војни меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие војни, муслиманите не биле страна која предизвикала војна. Покрај тоа, со прифаќањето на мировен договор (договор на Худејбија) во кој се согласило на серија барања идолопоклонениците Мухамед, а.с., обезбедил мир и безбедност, изградил атмосфера и социјална структура, во која со идолопоклонениците ќе живеат во мир. Идолопоклонениците сепак биле страната која го прекршила договорот и тоа била причина за почеток на една нова војна. Меѓутоа, во исходот со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска станала толку силна што Арапските идолопоклонниците не можеле да одолеат, кога Мухамед, а.с., со оваа војска тргнал и ја освоил Мека.

За време на овој поход немало никакво пролевање на крв, на ниту еден човек не му е направено ниту едно зло и непријатност. Ако сакал, Мухамед , а.с., можел да им се одмазди на идолопоклоненичките лидери на освоениот град. Меѓутоа, не е допира ниту еден од нив, простувајќи им, оставајќи ги слободни во нивните верувања. Импресионирани од вака високиот морал и карактер, мушриците-паганите, подоцна доброволно го прифаќаат исламот.

Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во Куранот. Aллах, џ.ш., во Куранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани:
„Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9).

Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг Курански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни:
О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8).

Правдата е најголем човечки стремеж за да се достигне она што е цивилизирана норма. Денес се прават разни меѓународни судови , разни меѓународни резолуции, но често ќе видиме како тие не доволно ги исполнуваат вистинските човечки желби за правда и казнување на неправедниците. Затоа е нужно да веруваме дека овој свет не е место каде што ќе се возврати на неправда во вистинска форма. Таа неправда ќе биде возвратена во целост од Оној кој ја создал потребата за правда и кој сите нам ќе Ни суди. Затоа концептите на војна и концептите на суд кои луѓето ги носат на овој свет еден ден ќе бидат подложни на одговорност и секоја неправда ќе биде израмнета и секоја лага и лажно сведочење ќе биде казнето.
 
M

Muranyi

Гостин
Зошто тогаш толку суштински се разликува проподевањето на Исус,кој секогаш проповедал мир и љубов и позната е неговата реченица-Ако те удрат сврти го и другиот образ.Дали вие Муслиманите не го прифаќате неговото учење,односно го сметате зе нерелевантно и покрај тоа што Исус е најголемиот од сите пророци?
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Зошто тогаш толку суштински се разликува проподевањето на Исус,кој секогаш проповедал мир и љубов и позната е неговата реченица-Ако те удрат сврти го и другиот образ.Дали вие Муслиманите не го прифаќате неговото учење,односно го сметате зе нерелевантно и покрај тоа што Исус е најголемиот од сите пророци?
Незнам како да ти одговорам освен добро да го прочиташ она што ЛЕТ 3 го пишува и го објаснува.
Но гледано исламски Исус во своите 3 години на проповедање е иста како и Мухаммед а.с. во своите 13 години во Мекка. Повикувал да се обожува само Единиот Бог,,да не се прават паганизми, да не се обожуваат идоли и лажни божества да не се следат. Да не се биде арогантен , да се дели на сиромашниот и др..Разликата помеѓу повикувањето на Исус и Мухаммед е поради тоа што едниот не доживеал да води држава во минатото..За да се види како ќе ја води треба да го чекаме неговото доаѓање и спуштање ..тогаш тој ќе биде и лидер и сопруг и освојувач,како на срцата така и на територии- но териториите не се битни во исламот, најбитно е да завладее правдата, така и Исус, ќе дојде да им Суди на луѓето според Божја Правда, и Божјиот збор кога ќе доминира и кога ќе завладее правдата , тогаш ќе биде интересно да се види дека Исус донел мир..но го донел со меч и со правда, Тигар и антилопа , лав и бизон, човек и мечка, никој никого нема да напаѓа, до таа мерка ќе завладее мир на земјата за време на владеењето на Исус а.с. Затоа некогаш да се победи злото мора да падне крв,

за да се отстрани туморот што користи хирургот? Убави зборови само?

П.С/ Проштевањето во исламот е најбитна работа, секако дека ќе свртиш и друг образ доколку во тоа има корист да се разбере побитното..еве погледни колку навреди имало овде на форумот,кон исламот и муслиманите и кон моето пишување и никаде јас никого не навредив, и тоа ќе го продолжам, ќе им простувам на луѓето бидејќи ми е наредено да му простубвам на народ кој незнае..
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Зошто тогаш толку суштински се разликува проподевањето на Исус,кој секогаш проповедал мир и љубов и позната е неговата реченица-Ако те удрат сврти го и другиот образ.Дали вие Муслиманите не го прифаќате неговото учење,односно го сметате зе нерелевантно и покрај тоа што Исус е најголемиот од сите пророци?
Pa i hristijanite ne go prifakaat toa da go svrtat drugiot obraz !
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Зошто тогаш толку суштински се разликува проподевањето на Исус,кој секогаш проповедал мир и љубов и позната е неговата реченица-Ако те удрат сврти го и другиот образ.Дали вие Муслиманите не го прифаќате неговото учење,односно го сметате зе нерелевантно и покрај тоа што Исус е најголемиот од сите пророци?
Zapravo malav del od Biblijata e sprovedliv. Glupavo e da kazam deka vo nea ne postoi nisto tocno. Nie Bozjite pratenici a.s gi prifakjame site pod ednakvo. Sekoj Bozji pratenik a.s za narodot svoj bese patot i vistinata koja ke im dade vecen zivot vo idniot svet. Isa a.s e eden od naj bliskite Allahovi pratenici a.s i vo ova veruvame no ne znaci deka treba da ja prifatime i priznaeme biblijata. Dali spored tebe pravedno e da ako te udri nekoj da mu go vrtis i drugiot obraz ? Pazi,vo odredeni slucaevi i taka treba,no ako go stavis ova za pravilo ke te samari koj ke stigne ! I dali nekoj se drzi do toa pravilo ? Vo Islamot ne se bara na lopovot da mu se presece rakata zaradi toa da se izmacuvaat lugeto i da im se secat racete tuku da se spreci aramilokot.
Prethodno kaj istiot citat koj go spomna,pisuva deka: "Ako nekoj ti ja zeme kosulata da mu gi dades i opincite" Ova ti doagja ako nekoj ti vleze doma i ti krade i go fatis na delo,napravimu i kafe. Ako ti gi pobara nekoj toa e drugo ama ako upotrebuva sila ke go prijavam oti od kaj mene ke se upati kaj nekoj drug,znaejki deka nikoj nisto ne mu moze i deka vo biblijata i kur'anot dozvoleno e toa.... pa stanuva anarhija,nered,nepravda.
 
M

Muranyi

Гостин
Zapravo malav del od Biblijata e sprovedliv. Glupavo e da kazam deka vo nea ne postoi nisto tocno. Nie Bozjite pratenici a.s gi prifakjame site pod ednakvo. Sekoj Bozji pratenik a.s za narodot svoj bese patot i vistinata koja ke im dade vecen zivot vo idniot svet. Isa a.s e eden od naj bliskite Allahovi pratenici a.s i vo ova veruvame no ne znaci deka treba da ja prifatime i priznaeme biblijata. Dali spored tebe pravedno e da ako te udri nekoj da mu go vrtis i drugiot obraz ? Pazi,vo odredeni slucaevi i taka treba,no ako go stavis ova za pravilo ke te samari koj ke stigne ! I dali nekoj se drzi do toa pravilo ? Vo Islamot ne se bara na lopovot da mu se presece rakata zaradi toa da se izmacuvaat lugeto i da im se secat racete tuku da se spreci aramilokot.
Prethodno kaj istiot citat koj go spomna,pisuva deka: "Ako nekoj ti ja zeme kosulata da mu gi dades i opincite" Ova ti doagja ako nekoj ti vleze doma i ti krade i go fatis na delo,napravimu i kafe. Ako ti gi pobara nekoj toa e drugo ama ako upotrebuva sila ke go prijavam oti od kaj mene ke se upati kaj nekoj drug,znaejki deka nikoj nisto ne mu moze i deka vo biblijata i kur'anot dozvoleno e toa.... pa stanuva anarhija,nered,nepravda.
Таман работа дека треба да му го свртам и другиот образ,па кој како му текне да ме шамара кај ќе стигне:)Малку ми се контрадикторни учењата на Исус од една и учењата во Куранот од друга страна,затоа и го поставив прашањето а и очекував дека ќе добијам ваков одговор.Сепак ти не ми одговори кои се тие ситуации кога еден човек смее да посегне по животот на другиот,пропишани со Исламот а да не му се земе за грев?Кои се услови за водење на т.н.Џихад или Светата војна?Ако имаш време малку повеќе околу тоа.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Таман работа дека треба да му го свртам и другиот образ,па кој како му текне да ме шамара кај ќе стигне:)Малку ми се контрадикторни учењата на Исус од една и учењата во Куранот од друга страна,затоа и го поставив прашањето а и очекував дека ќе добијам ваков одговор.Сепак ти не ми одговори кои се тие ситуации кога еден човек смее да посегне по животот на другиот,пропишани со Исламот а да не му се земе за грев?Кои се услови за водење на т.н.Џихад или Светата војна?Ако имаш време малку повеќе околу тоа.
Iako jas ne sum Fikski pravnik,ne e sramota da kazam i ne znam za nekoi raboti,no od prilika ke se potrudam.
Jas ti pisuvam za vo slucaj na Serijatska drzava. Vo takva drzava znaci Kur'anot e ustavniot zakon i se sudi spored nego. Pa poglednete sega vo sekoja drzava,koj ima pravo da kaznuva spored nivniot (drzaven)zakon i kolku prava imaat obicnite gragjani da kaznuvaat vo toj zakon. Kako i vo sekoja drzava taka i vo serijatskata si ima nadlezni za toa i kako sto kazav,takvite aeti se odnesuvaat za nadleznite za toa.
Vo Kur'anot do mene (kako obicen gragjanin vo serijatska zemja)se odnesuva propisot na odnesuvanje i pocituvanje na zakonite; Kako da postapam kako sluzbenik,kako trgovec,kako graditel,kako ucitel,kako ucenik,kako rabotnik,kako gazda.....
Znaci covek ne smee da posegne i da ubie drug covek nitu vo serijatska drzava. Ili dokolku postoi,vo situacija,kako sto i spored nasiot zakon luge ima koi imaat dozvola za poseduvanje na oruzje,pa ne e pistolot za lovenje pa se naogjas vo bezizlezna situacija pa vo slucaj na odbrana da go upotrebis. Vi kazav deka serijatskite zakoni ne gi poznavam bash mnogu i fikskite propisi.
Ama ne smees ti i jas koi ne sme nadlezni da zememe Kur'an i na nekoj za nesto da mu presudime bidejki i tamu se postaveni luge koi go poznavaat zakonot (fikh znaci pravo),go znaat Kur'anot gi poznavaat Hadisite (prakticna postapka od Muhammed a.s i Ashabite r.a),ja poznavaat Istorijata.....

Za Dzihadot. Vo Islamot ne postoi termin "sveta vojna".
Dzihad prvenstveno znaci "Borba". Znaci Borba na Allahoviot pat,Trud na Allahoviot pat a vrsti na dzihad ima poveke a naj bitna e Borbata so samiot sebesi,Borba ptotiv sopstvenite srasti. Covekot vo zivotot sekoj mig se naogja vo dzihad,da se trudi da mu pomine denot onaka kako sto Bog saka i da napravi ona so sto Bog ke bide zadovolen i kako Ucitel i kako Ucenik i kako Moler i kako Fabrikant i kako Siromav i kako Bogat i kako sin i kako roditel.Seto toa e Dzihad i sekako postoi dzihad vo koj se upotrebuva i sila VO SLUCAJ NA ODBRANA.
Prethodno veke vi napisav sto e dzihad vo edna serijatska drzava a inaku e tesko sprovedliv ili ne sprovedliv osven ako vo toa povikuvaat nadlezni,vo slucajov Rijasetot i Islamskata zaednica a ne sekakvi nekakvi organizacii i grupi.
Vo Serijatska drzava za takva vrsta na Dzihad e Vojskata koja mu sluzi vo odbrana na taa drzava istata taa vojska Mudzahidi DOLZNI SE da gi stitat site ziteli i malcinstvata (hristijani i evrei) vo drzavata bez da gi deli koj koja religija e.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Дали ти е познато дека и Куранот и Библијата и Тората...се само преписи и адаптации (нешто како кавер верзија) на Сумерската митологија, Египетската книга на мртвите и Акенатоновиот култ на сончевиот диск?
Што не носи до непријатен заклучок за главните монотеистички религии, кои доминираат на религиската сцена во светот дека својата “духовност“ и ритуали ги базираат на преписи на преписите на преписите на митот за Енки,Енлил,Ану и друштвото...:icon_lol:
И сите корисници на религиските доктрини се убедени во својата оригиналност...“вистината“...

Не знам колку Сумерите ги земале за сериозно своите божанства, “благородниците, кои дошле од небото“...:icon_lol:
Не верувам дека постеле, или правеле сунет или граделе храмови...
Што мислиш ти?
Античките семитски јазици ги спојуваат религиите на Древниот Блиски Исток на античките народи на Блискиот Исток. Поимот "Античка семитски религија" исто така, е само приближна.
Овие традиции,
спаѓаат во регионалните категории: Канански религии од Левант, Асиро-вавилонски религија која е под силно влијание од страна на сумерскиот традиција, а тука се наоѓа и пред-Исламското Арапско многубоштво.Тема на посебен интерес е преминот од семитскиот политеизам во наше современо разбирање во Аврамовиот (Ибрахимовиот) монотеизам како што верува науката, по пат на богот Ел , кое е името на богот на јудаизмот, акај исламот според нив е сроден на името Аллах.
Научниците
шпекулираат дека "транзицијата" од политеизам до монотеизмот е најверојатно поради еден вид теолошка превласт - со која теологија на врховното божество, на "Еден Бог," природно се зголемила од надмоќ на одредена култура, кон која верувањето во "Еден Бог" е добредојдено.Значи, како култура и напредни луѓе, нивните специфични верувања во монотеистичкиот Бог, беа спроведени со нив.
Нормално, овие теории неидат под рака со вроденото чувство на верување на човекот во „Една Божествена Сила“ која го управува сето ова што е создадено и на која најмалку и се потребни ортаци за истото. Недвојбено е логично дека доколку постојат повеќе божества истите во најмала рака би си објавиле војна еден на друг или би настанал неред во управувањето и со тоа несклад во Вселената.
Човекот – паганин заради недоволното познавање на состојбите на нештата, секако дека прибегнувал кон поблиско разбирливото решавање на проблемите, а тоа е барање заштита од видливи нешта од природата или со посредство на божества да му се умили на Единиот Бог кој во основа никогаш не го ни негирал.

Сумерците практикуваа политеистичка религија, сопретставени антропоморфни богови и божици или сили, во поголемиот дел на ист начин како што е подоцна грчката митологија.
Многу приказни во сумерскиот религија се појав
уваат слични на приказните во другите Средено-Источни религии. Боговите и Божиците од Сумер имаат слични репрезентации во религиите на Акадијанците, Канаанците, и др. До доаѓањето на Лугалите, сумерските град -држави беа под речиси целосна теократска влада контролирани од независни групи наречени „En, или високи свештеници. Свештениците беа одговорни за продолжување на усмени и писмени културните и верските традиции на нивниот град-држава, а биле сметани како медиум помеѓу луѓето и останатиот дел од универзумот. Свештенството живеелоработејќи со полно работно време во храмот, и се занимаваше за прашањата битни за државата вклучувајќи ги и големите сумерски процеси на наводнување неопходни за опстанокот на цивилизацијата.Сумерците практикуваа политеистичка религија, со антропоморфни божества претставени сокосмички и земјени сили во нивниот свет. Спрема сумерската митологија и паганизам, боговите ги создадоа луѓето како робови, , но потоа ги ослободија кога тие станале премногу за да се контролираат.
Поголемиот дел од сумерскиот божества припаѓале на класификација наречен Anunna
"[потомство] на Ан", додека седум божества, меѓу кои и Енлил Анина ,и припаѓале на една група на "подземни" судии познати како Анунаки( "[потомство] на An "+ Ки).
Наспроти нив беа Акадијанците кои преземаа дел од божествата на Сумерците, но како од инает им ги сменија имињата на дел од нив и си ги наркоа по свое.
Зборот ми е, секако дека Сумерците имале наследство од учењата на Пратениците, Првиот Пратеник, бил сам Адам, па неговите синовви го пренеле неговото знаење, и така натака се до Последниот Божји Пратеник. Во тоа време големите цивилизации биле синоним на контрање на Бог и непокорување на она кон што Бог повикувал освен исклучоци..затоа биле и казните..сте слушнале за Големиот потоп...
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
ne sto ne prifakaat da go svrtat nivniot obraz tuku gi samaaraat drugite po nivnite obrazi.
Da.... duri i koga ke ubijat na nekogo,ne smees ni staklo da skrsis,ne smees da se nalutis. Avtomatski ti ispagjas vandalist,toa to ti ubile sinovi,ubiecot ke vrtat ke sucat da go opravdaat a zrtvite i povredenite povtorno se vandalisti.... Do kade so ovaa nepravda ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Da.... duri i koga ke ubijat na nekogo,ne smees ni staklo da skrsis,ne smees da se nalutis. Avtomatski ti ispagjas vandalist,toa to ti ubile sinovi,ubiecot ke vrtat ke sucat da go opravdaat a zrtvite i povredenite povtorno se vandalisti.... Do kade so ovaa nepravda ?
Нели бомбашите самоубијци небиле вистински муслимани, зошто тогаш овие би биле вистински христијани? Или кога се работи за твојата вера, тогаш убијците по автоматизам немаат врска со исламот, ама за сите останати неважи ова правило?

И неколку други работи кој смрдат во твојов пост!
1. Црвениот болд. На кој начин според тебе е оправдано да кршиш и напаѓаш луѓе кој немале никаква врска со настанот? Со овој твој пост, според тебе не е ништо страшно да искршиш некому излог, само затоа што и тој бил македонец нели?
2. Дали ако на тебе, ти се случи ситуација, каде некој те нападне физички пред твојата ќерка, почне да се заканува дека ќе ве убие и тебе и неа, и посегне по девојчето, нема да го направиш истото?
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Koga si ja imas muvata na kapata ke si ja ishkas.
Pisuvajte vo kontext na postovite. Zboruvame za toa kolku se ostvarlivi citatite od biblijata i sto bi bilo ispravno.
Sekako,ne e ubavo ni krsenje na izlozi.... ama pak sega ti zamisli ti go ubivaat sinot i ti od revolt so kamen na ubiecot ili na poddrzuvacite na ubiecot im go skrsis izlogot i tebe te pravat polos od samiot ubiec ! Slusas za ubiecot kako zboruvaat deka toj bil ustvari greota ( a sin ti ubil) i tebe povtorno vinoven te pravat.
Ipsissimus,za da bevte cisti vo slucajov ke imavte 5 temi otvoreno do sega.Sokrij si go gazot i ne pokazuvaj se.
A za drugata tocka ima svedoci,ocevidci,ima ustanovi kade sto mozam da prijavam dekami se zakanuvaat itn. Zamislija ti ipsissimus obratno situacijava. Albanec da ubiese dvajca makedonci sto ke slusavte ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Koga si ja imas muvata na kapata ke si ja ishkas.
Pisuvajte vo kontext na postovite. Zboruvame za toa kolku se ostvarlivi citatite od biblijata i sto bi bilo ispravno.
Sekako,ne e ubavo ni krsenje na izlozi.... ama pak sega ti zamisli ti go ubivaat sinot i ti od revolt so kamen na ubiecot ili na poddrzuvacite na ubiecot im go skrsis izlogot i tebe te pravat polos od samiot ubiec ! Slusas za ubiecot kako zboruvaat deka toj bil ustvari greota ( a sin ti ubil) i tebe povtorno vinoven te pravat.
Ipsissimus,za da bevte cisti vo slucajov ke imavte 5 temi otvoreno do sega.Sokrij si go gazot i ne pokazuvaj se.
A za drugata tocka ima svedoci,ocevidci,ima ustanovi kade sto mozam da prijavam dekami se zakanuvaat itn. Zamislija ti ipsissimus obratno situacijava. Albanec da ubiese dvajca makedonci sto ke slusavte ?
Досега не ти пречеше да бидеш вон контекст, сега одеднаш ти пречи. Доволен показател кој си ја има мувата на капата. Инаку теми има отворено, само ти надвор од овој подфорум не читаш ништо изгледа.
Незнам само зошто ми се обраќаш во множина? Кој сме тоа "ние" што не сме биле чисти во случајот? И на кој начин луѓето на кои им беше нанесена штета на нивните имоти биле поддржувачи?! Се надевам дека имаш аргумент, затоа што во спротивно, клеветата е кривично дело!
Ако ти се идентификуваш со одредени толпи, незначи дека и јас го правам тоа. Исто ќе реагирав и албанец да убиеше двајца македонци на истиов начин.
Тоа што го искористи настанов за да критикуваш верска популација, само ја покажува твојата ограниченост произлезена од исламското, систематско перење мозок.

П.С. Не ми се обраќај повеќе и не ме цитирај.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ti vetuvam deka posledno e. So Satanista naj malku imam zelba da debatiram... po isprana rabota nema.

Znam kako e koga ne moze covek da se pomiri so sostojbata vo koja se naogja. Vie naviknavte da bidete "glavni" i da ubivate i pravi da bidete,naviknavte da bidete ne pravedni i nikoj da ne smee glas da krene zaradi nepravdite sto gi pravevte. Znam sega kolku vi e cudno koga ke napravite nepravda i za istata ostetenite se pobunat,si vikate od kade ovaa hrabrost da se bunat.... ? I toa vi se gleda za vandalizam.
Vie ste kako onie bogatasi sto gi poznavam. Vo vremeto bile bogati a i oholi,si zemale za pravo da go vregjaat sekoj koj ke sretnat,da plukaat vrz sekogo.... sega istote nemaat sol vo oci da frlat ama uste se zamisluvaat deka se onie moknici koi nekogas bile. Nemozat da si priznaat deka ne se toa sto bile nekogas.

Vie takvi ste. Vie sakate da vregjate i da vi molcat. Da plukate i da vi molcat. Da ubivate i da vi molcat.... "vandalist i terorist" e sekoj koj ke prasa zosto me plukna !

Ne e poveke toa vreme be deca. Neznam zosto se bunite i zosto zboruvate za nekoja nepravda koja mu se slucila na nekoj hristijanin vo islamska zemja ?! I ic ne vi e stram !
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Муслимани или оние што знаат арапски,
ако не ви е тешко и ако сакате би сакал превод на текстот од сликата и да ми кажете дали е од Kуранот или не.

Прегледај го приврзокот 40618

Се надевам ќе ми помогнете. Благодарам однапред.
Podobro bi ti bilo na nekoj Islamski sajt da go stavis toa. Tamu se' nekoj ke se najde.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom