- Член од
- 28 ноември 2011
- Мислења
- 246
- Поени од реакции
- 106
Дали има одредени услови запишани во Куранот,според кои еден Муслиман смее да убие неверник?
Во денешното време, муслиманите се многу честа мета на обвинувања од страна на нивните соседи, Евреите и христијаните, дека исламот преставува насилство, тероризам, милитантност и слично. Но кој подобро ќе истражува , повеќе од очигледно е дека не знае што нивните верозакони и наредби проповедааат, кои, како што ќе видиме подолу,и кои се далеку потешки и поригорозни од она што исламската вера навидум го налага. Муслиманите веруваат дека на сите народи се испратени Пратеници од Бога, и дека објавувањето е доставено до секоја нација, и веруваат во сите божествени гласници, како Нух(Нoe), Ибрахим (Авраам), Исак (Исаак), Јакуб (Јаков), Муса ( Мојсеј), Сулејман (Соломон), Зекерија (Захарија),Иса (Исус), и други гласници на Бога, и дека пораките и верозаконите на сите овие луѓе биле привремено и од просторно локален карактер и затоа подлежат на нарушување со текот на времето, и дека се оние кои се на крајот запечатени со универзалниот Божји Пратеник,Мухаммед а.с., и последното и универзално откровение ,Куран , кој е заштитен од промени кои се однесуваат до Судниот ден. Некои од овие пратеници биле обични луѓе (Нух- Нoe, Ибрахим - Авраам, Исаак - Исак, Иса - Исус), а некои биле водачите на нивните народи и цареви како Давуд-Давид, Сулејман - Соломон, Муса - Мојсеј, Мухаммед , Аллах да даде мир и спасение за сите нив. Оние што беа кралеви и лидери, беа одговорни за целата нација, и ги објавуваа верозаконите кои го содржат концептот на војната, бидејќи луѓето во овој свет не може да преживеат без војска, која ќе го штити народот, бидејќи има постојана тенденција на постоење на други луѓе да се прошират и да освојат територија. Затоа, можеме да видиме во тековната верзија на Стариот Завет,која му се припишува на Муса - Мојсеј, како некој кој е задолжен да го води својот народ, многу строги прописи во врска со војната, но во Новиот Завет, кој му се припишува на Иса -- Исус, не толку многу, бидејќи во текот на својот краток живот на проповедање тој немаше контрола врз кој било дел од својот народ, и беше само повикувач.Но при повторното доаѓање Иса- Исус, тој ќе има многу моќ и сила, и најавата на употреба на сила од негова страна, па дури и смртоносна, е нешто што муслиманите веруваат дека ќе се случи. Значи тврдењето дека една религија е мир и љубов а од друга страна има атомски бомби и спремна е во секој момент да ги употреби укажуваат дека тоа се само слогани со кои некој сака да привлече што повеќе следбеници.
Со оглед дека Мухаммед а.с, во вториот период на нивната мисија, во Медина, имаше моќ над својот народ и беше нивниот лидер, и војната е пропишана од Создателот против оние кои ги нападнаа заедницата на верниците и пред се била заради одбрана на егзистенцијалната закана на невоинствените и мирољубиви старци против политеистички настроените арапи.
Оние кои го обвинуваат исламот на агресивноста и насилството, воглавно се работа од предрасуди и незнаење, но често од лоши намери, иако тие ја знаат вистината. За да направат така, тие користат Курански стихови вадејќи ги надвор од контекст, а потоа ги интерпретираат на свој начин, кој добива искривена слика за реалноста.
Законитоста на војната во согласност со Куранот
Според Куранот, војната е ''несакана нужност'' кон која се прибегнува единствено само во потреба, и која мора да биде извршена во одредени човечки и морални граници. Во Курански ајет се соопштува дека неверниците се тие кои предизвикуваат војна на земјата, а Аллах џ.ш., не дава согласност за војната:
„... и секогаш кога се обидат да разгорат оган на војна, Аллах го гаси. Тие настојуваат на земјата да прават интриги, сплетки, а Аллах не ги сака оние кои сплекарат“ (Ел - Ma'идa, 64).
Во секое недоразбирање верниците мора да чекаат војната да стане неопходност, значи, во војна треба да влезат само во случај на напад од другата страна и кога ќе исчезнат сите други алтернативи, освен војната. Оваа ситуација на следниов начин се соопштува во Куранот:
„Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).
Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна. Ако обрнеме внимание на животот на Мухамед, а.с., може да забележиме дека војната е еден метод кон кој се прибегнува само во случај на потреба и со цел на одбрана. Објавата на Куранот траела дваесет и три години. Првите тринаесет години на времетраење на Објавата муслимани во Мека живееле како малцинства, во еден идолопоклоннистички систем, каде што секојдневно биле изложувани на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбувани, постојано биле соочувани со навреди и закани. Меѓутоа, сепак муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон сила, и идолопоклонениците постојано ги повикувале на мир. Конечно, кога идолопоклоненичките притисоци достигнале точка на нетолеранција, со преселување во Јасреб (кој подоцна бил наречен Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa, муслиманите формираат своја управа. Дури и откако формирале свои политички устројства не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоненици од Мека. Меѓутоа, откако беше објавен Куранскиот ајет, Мухамед, а,с,. им даде налози на асхабите да се подготват за војна:
„Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40).
На кратко, Aллах, џ.ш., на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранијата. Со други зборови, војна која се дозволува единствено е само војната со цел за одбрана и во случај на проширување на правда на соседните подрачја. И во други ајети муслиманите се предупредуваат за да се избегнува непотребна провокација и непотребна употреба на сила:
„И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190).
По објавувањето на овој ајет се случиле војни меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие војни, муслиманите не биле страна која предизвикала војна. Покрај тоа, со прифаќањето на мировен договор (договор на Худејбија) во кој се согласило на серија барања идолопоклонениците Мухамед, а.с., обезбедил мир и безбедност, изградил атмосфера и социјална структура, во која со идолопоклонениците ќе живеат во мир. Идолопоклонениците сепак биле страната која го прекршила договорот и тоа била причина за почеток на една нова војна. Меѓутоа, во исходот со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска станала толку силна што Арапските идолопоклонниците не можеле да одолеат, кога Мухамед, а.с., со оваа војска тргнал и ја освоил Мека.
За време на овој поход немало никакво пролевање на крв, на ниту еден човек не му е направено ниту едно зло и непријатност. Ако сакал, Мухамед , а.с., можел да им се одмазди на идолопоклоненичките лидери на освоениот град. Меѓутоа, не е допира ниту еден од нив, простувајќи им, оставајќи ги слободни во нивните верувања. Импресионирани од вака високиот морал и карактер, мушриците-паганите, подоцна доброволно го прифаќаат исламот.
Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во Куранот. Aллах, џ.ш., во Куранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани:
„Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9).
Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг Курански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни:
„О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8).
Правдата е најголем човечки стремеж за да се достигне она што е цивилизирана норма. Денес се прават разни меѓународни судови , разни меѓународни резолуции, но често ќе видиме како тие не доволно ги исполнуваат вистинските човечки желби за правда и казнување на неправедниците. Затоа е нужно да веруваме дека овој свет не е место каде што ќе се возврати на неправда во вистинска форма. Таа неправда ќе биде возвратена во целост од Оној кој ја создал потребата за правда и кој сите нам ќе Ни суди. Затоа концептите на војна и концептите на суд кои луѓето ги носат на овој свет еден ден ќе бидат подложни на одговорност и секоја неправда ќе биде израмнета и секоја лага и лажно сведочење ќе биде казнето.