Aлбански херои ќе ги красат улиците на Скопје

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Локација
подрум
Булевари, улици и мостови во Скопје, според ДУИ, треба да се именуваат и по идеолозите за етничка Албанија, односно по патриотите што се залагале за албанската кауза како Хасан Приштина, Бајрам Цури, Иса Болетини, Дервиш Цара, Исмаил Ќемали, Јусуф Гарвала... Владејачката ДУИ ги предлага и топонимите Дарданија, Илирија, Арберија, Скадар, Приштина и Тирана
Повеќе од 1.000 имиња на улици, плоштади и мостови во Скопје ќе бидат ставени во игра за преименување, дознава „Дневник“ од извори во Советот на Град Скопје. Меѓу предлозите околу 100 се имиња на значајни личности и настани за Албанците, а се очекува повеќе од 200 предлози да поминат. Ако коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорат, тогаш метрополата наскоро ќе добие „рамковни“ имиња на улици, плоштади и мостови.
Според сознанија на „Дневник“ денеска треба да заседава Kомисијата за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти. Партијата на Али Ахмети доставила до Kомисијата 43 предлози, ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 150 предлози, а шест предлози доставила група граѓани. Но, впечатливо е тоа што вчера ниту во ДУИ ниту во ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да потврдат ни дали ќе има седница, ни дали коалициските партнери веќе постигнале договор за Скопје да добие нови имиња на улиците, плоштадите и мостовите.
Според извори во Градот, освен најновите 200 предлози од коалициските партнери, Kомисијата ќе треба да разгледува и околу 800 предлози кои во изминативе три години ги доставиле другите советнички групи, но и граѓани и здруженија.
Молк во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ
Во обид да дознаеме дали денеска во Советот на Градот ќе почне процедурата за преименување на улиците, плоштадите и мостовите во главниот град, се обративме до советниците на ДУИ, но тие одбија да коментираат со образложение дека се на состаноци. Kоординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Саздова ни изјави дека нема таква информација.
- Првпат слушам дека сме се усогласиле за промена на имињата на улиците. Немам никаква информација и дека ќе заседава Kомисијата за именување - ни изјави Саздова.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FBC886A485C5F249AE8EAFC4EF4BF8F8
 
Чек, сега србите ќе побараат улица “Краља Петра“, “Равногорска“, “Драже Михајловиќа“ “Александра Ранковиќа“..... Хрватите “Усташка“, “Анте Павелиќа“.... секое малцинство неколку улици
 
Чек, сега србите ќе побараат улица “Краља Петра“, “Равногорска“, “Драже Михајловиќа“ “Александра Ранковиќа“..... Хрватите “Усташка“, “Анте Павелиќа“.... секое малцинство неколку улици
Додека пак турците Мемати Баш, Саваш Балдар, Ахмет Моран..... :icon_lol:
 
Да де, да, во село Копаница единствената улица ќе им се вика Приштина, во Скопје Север, и Чаир. Јака муда, демек до сега не ги преименуваа -.- .
 
Ако се случи ова идам на сред плоштад, го палам македонското знаме и ќе си заминам од државава.. :mad: :mad: :mad:

Јас ќе си купам црн спреј и ќе им ги пребојам сите знаци што ќе ги стават. Ова е Македонија, не Албанија или косово! :mad:
 
Да де, да, во село Копаница единствената улица ќе им се вика Приштина, во Скопје Север, и Чаир. Јака муда, демек до сега не ги преименуваа -.- .
Едно е некој да прави што сака, друго е државата да му дозволи да прави што сака.
 
На човек ке му му дадиш прст раката ке ти ја земе .
Преименуваа неколку училишта во Чаир сега па се засилија .
Така беше и во 1999 кога го земаа Косовоо и добија сила и ударија по нас во 2001 .
 
На здравје за шииптарското Скопје 2014
 
Едно е некој да прави што сака, друго е државата да му дозволи да прави што сака.
Така беше и со имињата на училиштата во Чаир ,нели не можели да се преименуваат без да даде согласност министерството за образование....сепак се пеименуваа :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom