84-то издание на Оскарите

Оскарот за најдобар филм оди за...


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
G

grande-juve

Гостин
Ако младите не ги бивало годинава, нема да се номинирани. Не дека додуша Оскарите се репер за нешто, ама лично ретки ми се младиве глумици што ме одушевуваат.
За болдираното се сложувам, ама кај младите глумици годинава имаше барем две маестрални изведби што не беа номинирани за главна женска: Elizabeth Olsen и Kirsten Dunst, а вреди да се спомне и Mia Wasikowska во Jane Eyre. Иначе горе-доле победија моите фаворити од тие што беа номинирани. За споредна сакав Jessica Chastain да освои заради целата година што глумеше одлично, ама и за Октавија не се бунам многу. Од машкиве Christopher Plummer заслужено за во Beginners(многу убав филм). За главна женска улога не смееше Тилда да остане без номинација, али тоа е, а Мерил вечер ќе ја гледам. Кај машките ги гледав сите и сите беа одлични, навивав за Клуни и Французот. Кај сценаријата, за оригинално сакав да земе и мислам дека заслужи A Separation, а кај адаптирано сценарио сосема заслужено The Descendants. И сега главните, за режија и филм, најзаслужено за Артистот (според мене). Читам тука сенилни биле овие од Академијава, 90 осто од луѓето ќе го гаселе филмов за 10 минути и не знам што. Па секаде каде што отиде филмов секаде освои, а од луѓето оцена мислам дека се гледа на ИМДБ. Како што кажа Ио соно, Артист не освои се можно заради тоа што е црно-бел, туку заради тоа што е добар, е сеа ако на негледано го осудуваш или го гледаш со предрасуди, ќе добиеш коментари како на претходните страни.
Оскариве се Америчко шоу и така треба да го гледаме, некогаш ќе погодат, некогаш ќе утнат, тоа е. Инаку за мене најдобар филм оваа година A Separation, после него: Senna, The Artist, Take Shelter, The Descendants.


 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Хаха, моментот беше што вчера ми скурчи онаа на Сител па случајно листајки видов дека даваат на Е!. И се погоди баш на водителот од Е! да му го истури ќупот :pos:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Изгледа ќе треба пак отпочеток да се обидам да го гледам Артистот, иако сметам дека филм кој те тера да го премотуваш првите 20-30 мин. не треба ниту да продолжиш да го гледаш.
Што се однесува до Вуди, имам читано дека сите церемонии на награди не ги сака воопшто. Не е ниту член на академијата и досега само еднаш се има појавено на Оскарите со овој добар монолог:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Изгледа ќе треба пак отпочеток да се обидам да го гледам Артистот, иако сметам дека филм кој те тера да го премотуваш првите 20-30 мин. не треба ниту да продолжиш да го гледаш.
Што се однесува до Вуди, имам читано дека сите церемонии на награди не ги сака воопшто. Не е ниту член на академијата и досега само еднаш се има појавено на Оскарите со овој добар монолог:
Јас два пати го пуштив и два пати го изгаснав A Separation, но можда е добар филм понатака, Меланхонија исто но го догледав и не зажалив...
Ќе му дадам шанса на Артист обавезно

едит: Кој ѕвер е Вуди :cuc:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Тоа велам, треба некој филм кога веќе толку е фален уште од почетокот да ме заинтересира. A Separation во ниту еден момент не ми беше досаден. А Melancholia е веќе друго. Не само поради тоа што го почитувам Вон Триер, туку и што визуелните моменти од старт ме привлекоа. Сепак кога ќе се погоди момент, или кога ќе бидам во друштво ќе се обидам пак да го гледам немиот филм.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе добро за Артист до некаде и сфаќам ајде. Одамна му се даваа најголеми шанси, каде и да отиде собра награди.
Ама кој промашај им беше изборот за визуелни ефекти и за шминка тоа е чудо некое.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Можеби и не е препорачливо да го гледате The Artist сега после помпезноста од оскарите.....бидејќи од една страна премногу ќе очекувате ,а можеби и ќе се разочарате.


Јас го изгледав уште пред месец дена.....и воопшто не ни знаев дека е номиниран....значи како апсолутен анонимус го сметав.

Но поради тоа откако го изгледав филмот,на секој поупатен во филмовите им го препорачував како ремек дело.(нормално неможеш да го препорачаш на некој што гледа филмови со Џеки Чен и сл.)


Овој филм треба да знаете како да го гледате......т.е да имате дисциплина за следење филм,без да разгледувате низ собата,и да лутате со мислите......туку да го навикнете мозокот дека гледате нем филм......и откако ќе го догледате филмот ќе бидете воодушевени и со насмевка на лицето.:)



Многу јако филмче,и од актерски,музички,фотографски и секаков можен аспект.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Хаха, моментот беше што вчера ми скурчи онаа на Сител па случајно листајки видов дека даваат на Е!. И се погоди баш на водителот од Е! да му го истури ќупот :pos:
Се акнав од смеа со овај саша..пафнат скроз,
негде прочитав дека во Мај ќе биди премиерата на Диктаторот
:pos:
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
Слаби филмови беа номинирани, кој и да земеше ќе беше фијаско, можеби Хјуго само ради Клои :rolleyes:
резил е ова 9 мочани филмови да немоеш да издвоиш у годината...
нека го сведат изборот на 5 за следната ебате академците умрени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom