Јас ова не го напишав, ти го напиша за повеќето семејства со по еден невработен член.
начи ти се согласуваш дека повеќето невработени во Македонија се невработени поради тоа што тие се неспособни луѓе за работа.ЗИли пак македонската политика ги направи неспособни за работа зошто самата македонска економија нема доволно места за работа, нешто кое се ветува дека ќе биде исполнето уште од 2006 год.?За другите категории ниту реков дека не се позагрозени ниту пак дадов некаква критика за нив во било кој од моите коментари, тука говориме за самохраните родители.Ти ја сврте натаму дискусијата што значи дека одговорот на тоа прашање треба сама да си го побараш зошто јас се изјаснив поинаку.
Добредојде ти во Македонија, не јас.Очигледно е дека тебе не ти е јасно каков живот имаат самохраните деца јас ништо не реков за другите категории.Тебе воопшто не ти се јасни ни од социјален ни од психички аспект.А ако веќе толку ти е јасно, дефинирај што ти е јасно за самохраните родители, баш сакам да видам ти што имаш да кажеш?
И да, баш поради тоа тука зборуваме за буџетски пари во кои и мајка ми на пр. има удел.Што значи се работи тука за нејзини пари зошто пак дава придонеси за државата.Како и секој друг Македонец.Што значи има подеднакво право да бара помош пред се, зошто е ранлива категорија.
Епа тогаш што препорачуваш?Ти знаеш ли што значи воопшто самохран родител?Ти значи не препорачуваш врска на некој родител со друг во годините кога се најкритични.Знаеш ли ти дека државата ти дава помош се до моментот додека си средношколец.И колкава е таа помош?Не препорачуваш врска со друг родител до седумнаесетата година а велиш нешто сосем трето на темата.
Што е и на место тој дел барем за мене, конечно најдовме разбирање.Но, после седумнаесетата година обично секое дете оди на работа, не оди на факултет директно како ти што одиш на пр. што и немам ништо против но ти ја објаснувам состојбата каде завршуваат тие луѓе (меѓу кои има и паметни луѓе).Тогаш може самохраниот родител да си бара партнер од досада не од што им треба помош веќе на децата.Тие за џабе не се нарекуваат полнолетни, а помошта ја добиваат се додека не завршат средно.Не знам тогаш што сакаш да поентираш, велиш не оправдуваш врска на родител во години кога се најкритични за едно дете, на осумнаесет годишна возраст ако е детето оправдуваш врска а повеќето деца на овие категории започнуваат со работа и не им е и потребна некаква помош.
Еве да резимирам на кратко: што значи ти од една страна не препорачуваш започнување врска на некој самохран родител (во најкритичните периоди) се додека детето не наполни седумнаесет години, а од друга страна пишуваш дека самите се винови што не обезбедиле партнер за да им помага на нивните деца.Па кога Пума, кога јас ќе бидам способен самиот за себе да си заработувам?Тогаш мајка ми на пр. може да си најде партнер од што и е досадно да живее сама и тоа е тоа.Мене тогаш тој не ми треба за помош или за нешто друго како на пр. делење совети.
--- надополнето: 28 февруари 2012 во 04:36 ---
Се случуваат во животот непредвидливи работи.
Чим можело од многу причини да поминува најлошо пробај Пума (веќе напишав) да живееш со друг родител.Ако си ти спремна на тоа во тие критични години, друг не е.Или пак заборавив, ти имаш веќе, колку години?Во секој случај ја надмина осумнаесетата година.Ова на пр. живее тука уште пред да наполни осумнаесет години.
1. Значи препрочитај го тоа што си го цитирал повеќе пати.
Убаво е потенцирано - Најзагрозени се оние семејства каде што едниот не работи зошто е физички неспособен, а не се сите невработени физички неспособни. Убаво си е напишано, и нема никаква партиска основа тоа, всушност, греота е што работат луѓе кои треба да имаат инвалидска пензија, ама мораат, немаат друг избор.
2. Што тоа не ми е јасно? Како е да се биде дете на самохран родител? Пораснав со такво дете, во иста куќа, не се секирај. Само не знам од кој аспект зборуваш за ,,таквите,, деца. Финансиски, емотивен, социјален...? Од кој аспект? Мислиш дека на сите деца на самохрани родители им е исто се? Исто колку што на мене, и ќерката на некој буџа ни е исто.
3. И мајка ми и татко ми имаат удел - значи двајца, па јас немам никаква помош од државата, едвај крпиме крај со крај, јас морам да работам исто така, за да преживееме, а сум студент, затоа што се двајца, и двајцата се вработени, јас не можам да добијам никаква помош од државата, без оглед на тоа што они двајца рмбаат како црнци. И јас сакам помош бе..... but wait, тие се во брак.
4. Подеднакво право - со кого? Ти ако си аплицирал за последнава стипендија (4000 денари месечно беше), ќе ја добиеше, зошто за социјални случаеви беа земени и оние кои се деца на самохрани родители. Не само оние кои се вистински социјални случаеви.
5. Јас никаде не напишав ,,наоѓање,, на уште еден партнер. Тоа со др. што пишуваа расправај го. Иако од психолошки аспект (и ова не го измислив јас) пожелно е самохраниот родител да влезе повторно во брак. Според мене, има период (напишав кој) каде не е препорачливо.
6. И да се надоврзам...... јас не реков дека треба некој да расне со др. родител, не знам зошто мене ме вмешуваш во нешто што не сум го рекла. И да, немој толку да ја сожалуваш, од премногу сожалување од луѓето не бидува луѓе. Што ако расте со друг родител? Демек, другиот родител по дифолт е ,,лошиот,,?
Јас разбирам дека си субјективен, ок, ама немој ,,ти Пумо не разбираш како ни е на нас

,,
Имам видено и многу полошо од тоа како ви е на вас, ама од толку што се самосожалувате не можете да излезете од таа ваша напатена школка, и да видите што несреќа има, веројатно, на само чекор од вас.