Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Треба да се радваме дека рипна бензинот? :cautious:

Еве на пример јас сум од тие што кукаат и ти што ги потенцира. Да, месечно горе долу врви мојата кола по 200-300 километри, а си се запрашал зошто е тоа така?
Затоа што полека, полека ама луксуз станува одењето на бензинска. Мислиш не би сакал да можам секој викенд да излегвам од градот? Еве на пример до Солун, Охрид, Струга, па и Прилеп... Ама сака бензин, не оди на мокрача колата :)

Секој си има своја математика пријателе, тебе ако не ти е гајле дали плаќаш 85.5 или 100 за литар бензин, тогаш секоја чест
- За 200 -300 км месечно ич не купувам кола... тоа се фрлени пари низ ветер...

Направи математика... околу 10 000- на евра пљукнати наеднаш за нова кола, 1000 евра за 5 години регистрација (5 години..просечен животен век на автомобил по некои си релевантни стандарди) околу 600 литри гориво за пет години (200-300 км месечно), тековно одржување, паркинг... се тоа собери... резултатот е цел работен век ко господин да одиш со такси на работа дури и кусур да ти остане...:D



- Хе хе хе... тие опции бараат нешто повеќе од бензин.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Лукоил автокоманда.Се наредија коли да пуниш резервар.Еден до толку отишол со математиката што мислам дека наполни 200-300 литри дизел за да може да го користи :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Луѓето на месечината се качија, вие ќе се качувате на коњи, точаци... :facepalm:
Аман од вас предавниците.:facepalm::mad::гомце:Па гледате ли вие како Ацета наш со коњи одел до Индија вие кукате за 90 денари бензин.Срамота земете тоа точаците или пешки одете сте се згоиле како американци.Сето ова нашиот храбар премиер го прави со замисла,а не без.Ова е со цел да се намали дебелината да не бидеме како американците туку да бидеме здрава и права нација.Затоа сега и храна ќе поскапи и бензин да не се лакомиме.Треба да се огледаме на Северна Кореја.Гледаш таму како народот си ја сака татковината и работи за корка леб само да ја биде и да ја одбрани од гладните американци кои сакаат да ги уништат.Така и ние треба да се штитиме само пустите предавници:mad: и фашистите од Европа не заостануваат како најголема и најчиста нација во свет која е создадена од самиот господ бог за да донесе мир и убавина на земјата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
За мене лично не е проблем, можам и со автобус, но стариве мои секој втор ден ги м’кнам по болници, морам, бидејќи они со автобус неможат, едвај одат, а камо ли па да се качат во автобус !!!
Mислев за на работа одење..а кога се мора со кола се мора.
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Mислев за на работа одење..а кога се мора со кола се мора.
Па заден период, од Нова Година навака почнав претежно со автобус да одам на работа, но кога морам со кола некаде морам, тоа е веќе друга работа, со стари и болни луѓе по дома, знаеш како е !!!
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Аман од вас предавниците.:facepalm::mad::гомце:Па гледате ли вие како Ацета наш со коњи одел до Индија вие кукате за 90 денари бензин.Срамота земете тоа точаците или пешки одете сте се згоиле како американци.Сето ова нашиот храбар премиер го прави со замисла,а не без.Ова е со цел да се намали дебелината да не бидеме како американците туку да бидеме здрава и права нација.Затоа сега и храна ќе поскапи и бензин да не се лакомиме.Треба да се огледаме на Северна Кореја.Гледаш таму како народот си ја сака татковината и работи за корка леб само да ја биде и да ја одбрани од гладните американци кои сакаат да ги уништат.Така и ние треба да се штитиме само пустите предавници:mad: и фашистите од Европа не заостануваат како најголема и најчиста нација во свет која е создадена од самиот господ бог за да донесе мир и убавина на земјата.
У кој век живееш ти?

... нека се покачи, ама барем и платите да се покачуваат. А не да стојат у место.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
по форуми и слично ќе сретниш многу прекрасни,реални и свесни мислења..........
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Пријателе ти каква анализа за нафтава направи уште спорт не умеша :) Конкретно за нафтава кажувам мислење. Не само мислење туку и факти. Цената на нафтата од година во година е се повисока насекаде во светот. Тоа е тоа. единствено како што кажав може со ДДВто да се намали ама и тоа не е решение, прво намалувањето нема да биде големо, второ се губат буџетски пари. И то.
Па нека го скрата ддв-то доста е споменици, и онака само за скопски споменици оди буџето.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
- За 200 -300 км месечно ич не купувам кола... тоа се фрлени пари низ ветер...

Направи математика... околу 10 000- на евра пљукнати наеднаш за нова кола, 1000 евра за 5 години регистрација (5 години..просечен животен век на автомобил по некои си релевантни стандарди) околу 600 литри гориво за пет години (200-300 км месечно), тековно одржување, паркинг... се тоа собери... резултатот е цел работен век ко господин да одиш со такси на работа дури и кусур да ти остане...:D
Спомнав негде нова кола од (барем) 10К? Не :)
Кога татко ми ја купил колата, првата година поминавме 30.000 километри, во време кога бензинот беше (отприлика) околу 60 денари. Колата не ми е само потреба мене, него и задоволство... Ако во моето семејство можело пред 50 години да се вози кола, сега јас треба да "се снајдувам" заради тоа што бензинот упорно и упорно скока, а владата е во некој филм влезена дека ние живејме ко американци.
Сеа ќе рече некој дека не е крива владата шо Америте се кошкаат со Иран, ама од друга страна цената на бензинот ни е иста со цената шо ја плаќа една Словенија, во која стандардот е 5 пати поголем од нашиот.
И такси, и автобуси и се живо ќе поскапи во иднина ако продолжи овој тренд.
Проблемот е што никако платата не расти така лесно...
 
B

Black Guard

Гостин
Луѓе,посебно вие што имате некоја заштеда-КУПУВАЈТЕ ГОРИВО сега додека е поевтино...гарант цената ќе се покачи после евентуалниот напад на Иран кој едвај чекам да се случи.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Тука некои упорно не сфаќаат дека цената на нафатата не ги засега само тие што „непотребно“ и „од мрза“ возат автомобили. Ако продолжи цената на бензинот да расте се ќе поскапи.

Јас прво типувам на лебот, после на јавниот превоз ( која иронија, а наводно треба јавен превоз да користиме), веројатно и парното, а сето тоа ќе ги повлече и останатите прехрамбени производи. Да не потсетувам колку пред 3 години кога рипна цената на бензинот се останато наеднаш посакпе. На пример, сите меѓуградски автобуски карти рипнаа за 100-80 денари.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013

Kajgana Shop

На врв Bottom