leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Ценовниот шок на нафтените деривати во услови на неликвидност го носат стопанството во банкрот. Трошоците растат со брзина на светлината, конкуренцијата во странство опаѓа, а ние доживуваме или или ситуација и некој си минјор или како и да е да ми објаснува дека требало да се подготвиме и да не кукаме. Дали некој во владава ставил прст на глава да размисли на последици или им треба помош со чекан по глава.Нема да добиеш.
Инаку, стопанството очекува цена од 100 денари за литар до мај, особено ако биде нападнат Иран. Ова „стопанството очекува“ слободно може да биде прочитано како стопанството подготвува нови цени или правење „финти“ со грамажата на производите. Доколку се укине акцизата, ќе се зголемат даноците. Затоа работава е како слоганот на Јово, змија или магаре.
На овој ли инвестициски бум мислеа кога го најавуваа? Акцизата под итно да се намали, за да не се случи домино со другите цени на производи! А минусот од тоа нека си го наполнат со топење на спомениците!