Малку истражував и се распрашав за членарината, колку коштаат регалиите, додатните дрнгулии и накити,книгите и сл. во ложите на Чедо Вукиќ.Ова е доста смешно, со оглед на тоа што во регуларната масонерија, членарината е релативно симболична, за да покрие основни трошоци за зградата каде се одржуваат состаноците и сметките, додека во нерегуларната, членарината е десетократно поголема, а има и такви како Вукиќ кои наплаќаат илјадници евра за зачленување, уште илјадници за секој степен, наплаќаат огромни суми за ритуалните книги (кои во регуларната масонерија или се даваат бесплатно или за симболична сума), наплаќаат десетократно за регалии кои се лесно достапни...
Трпението е доблест која ретко се сретнува и е нешто што високо се цени во масонеријата.
Зидарски свесен си дека лажеш и тоа многу добро и умешно на стотици страни на темава.
Членарината во ложата на Чедо Вукиќ за првиот степен изнесува 200 евра( во која е вклучена регалијата и пропратни манжетни и други дрнгулии,ракавици и слично), за вториот степен се плаќа повторно 200 евра( и повторно се вклучени сите нови регалии и пропратни материјали). за третиот степен се плаќа 300 евра(и повтоно се е вклучено). За книги не се наплаќа!
Се вкупно 700 евра ( доживотно други давачки нема).
За коклтел вечерата по завршување на работилницата(ложата) се плаќа 1000 динари во која е вклучена вечера и пијалок-сето тоа е на потребното ниво, од парите што ќе останат од вечерата се ставаат во фонд кој ги помага жените и децата на масоните кои се болни или починати и немаат средства за живот,школарина, факултетски студии и слично!
Зидарски Далавера!
Каде се милионите евра што ги спомнуваш?
Јас се кладам со тебе дека кај тебе во твојата ложа двапати повеќе пари ви собираат од членарина за божем незнам ти какви добротворни канадски фондови.
Трпението да се читаат лагите на масоните(така се декларираат) на овој форум е доблест на сите учесници во оваа тема. Лагите продолжуваат...
П.С. Штотуку добиена информација... заради промена во поголем простор и подобри услови- како и планирана изградба на масонски храм од страна на ложата на Чедо Вукиќ од оваа година(2012) се наплаќаат степени малку поскапо, за прв степен 300, за втор степен 300 и за трет степен 400, се друго останува исто. По изградбата на храмот, повторно ќе се разгледа прашањето за промена на висината на трошоците.
Ај и ова да го додадам, на официјалниот сајт на Англиската Ложа има можност за Он Лајн Шопинг на регалии и сл., и чудно цените се движат од 50 фунти па се до 300 фунти за одредени дрнгулии...
Како што можеш да видиш зидарски не е баш 1 или 2 евра во прашање и твојата мајка ложа од Англија- УГЛЕ наплаќа дебели пари за пар платнени ткаенини и си прави бизнис од тоа.
Некако се е во спротивност со твоите текстови, како така?