Половен или нов автомобил ?

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Види, за Мазда 6ка место Мерцедес би се согласил, ама за i30 vs Е-класа, макар и 10 години стара, не можам да се согласам. Јас искрено планирам во брзо време да фрлам пари на некое половно возило од 2002-2004, 320ка БМВ или C220, феноменални се во секој изглед. За тие 11,000 ќе најдам 2 ц220ки (океј за 12,000 отприлика), така да ново си е ново, ама половно исто не е за фрлање и е за луѓе кои знаат да најдат добра зделка.

Гледајќи од мој аспект, јас не би ги купил овие коли за курчење, баш ради тој факт што сите во градов ги имаат - за да се курчиш ти треба нешто што го нема секој. Би ги купил чисто за мерак, нешто јако, а сепак за 6-7,000 евра :)
Не е спорно.Мене BMW 320 (E46) ми е најомилен BMW автомобил но тие автомобили се многу возени и тоа најчесто по автопати и зад нив имаат огромна километража.Тие и денес имаат опрема која се смета за луксузна па затоа и ги продаават само кога ќе дотраат.Плус рачунај тие се автомобили со голема потрошувачка,а во Скопските гужви ќе цица бензин како тенк,со овие цени на горивата нема да можеш да го напоиш.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Маздата е подобра од мерцедес стар 10 години. Колку што знам фордов мотор користи а и јапан си е јапан.
Искрено кажано не е лоша.

А не гледам цел град искупиле мерцедес/бмв/ауди стари 15+ години а глумат дека возат бентлија лимит едишн.
Бегај од тие коли само кршеви, нова да и јас сум за тие марки ама половно во никој случај.Извозени коли за многу пари.

Битен момент при избор на половно возило покрај одржаноста е и технологијата колку е стара. Денес има мотори со по 1200 кубика што развиваат 140 коња а трошат 6 литри. Тоа го немаше пред 15 години
Пријателе де кажи ми која е таа кола со 1,2 и 140 коња а да троши 6 литра.

Гледајќи од мој аспект, јас не би ги купил овие коли за курчење, баш ради тој факт што сите во градов ги имаат - за да се курчиш ти треба нешто што го нема секој. Би ги купил чисто за мерак, нешто јако, а сепак за 6-7,000 евра :)
Абе купи си SAAB.Тоа е мој избор ем го нема во Македонија ем изгледа топ во секој поглед ем е квалитетен.
Па курчи се колку сакаш и ке бидеш приметуван!:)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Пријателе де кажи ми која е таа кола со 1,2 и 140 коња а да троши 6 литра.

Абе купи си SAAB.Тоа е мој избор ем го нема во Македонија ем изгледа топ во секој поглед ем е квалитетен.
Па курчи се колку сакаш и ке бидеш приметуван!:)
http://forum.kajgana.com/threads/ford-focus-1-0-turbo-со-123-коња.58083/

1.0 123 коња
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
И мислиш дека оваа ке троши 6 литра на 100км?
цитирам "потрошувачка од 5.0 l/100 km со емисија на CO2 114 g/km."

Нема што да не чуди, технологијата иде напред, тоа што во МК возниот парк е 12+ години стар е друг муабет
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
цитирам "потрошувачка од 5.0 l/100 km со емисија на CO2 114 g/km."

Нема што да не чуди, технологијата иде напред, тоа што во МК возниот парк е 12+ години стар е друг муабет
Абе и на мене на проспектот ми пишува дека троши 7 литра ама троши многу повеке.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Абе и на мене на проспектот ми пишува дека троши 7 литра ама троши многу повеке.
Пежо 308 дизел по проспект кажува 3,5 со 5 кома нешто, по борд е 6 сега зимава.

Ова нека иде 6 комбинирано значи +1литар. Што е реално топ
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Прочитав некои кажаа за 10-15 години стара кола...јас планирам,2007-2008 година,пишав и позади некаде...и дизел,не бензинец,и тие трошат по 6-7 литра(така пишува) најмногу око ми фаќа ова

http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/showDetails.html?id=157130554&lang=de&__lp=143&scopeId=C&sortOption.sortBy=price.consumerGrossEuro&makeModelVariant1.makeId=1900&makeModelVariant1.modelId=9&makeModelVariant1.searchInFreetext=false&makeModelVariant2.searchInFreetext=false&makeModelVariant3.searchInFreetext=false&fuels=DIESEL&minFirstRegistrationDate=2008-01-01&negativeFeatures=EXPORT&categories=Limousine&pageNumber=1
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Океј де, зборевме општо на темата, затоа ги вмешав сите овие коли. :)

Аудито ти е топ избор, само на мене ми се малце "досадни" внатре (бар козметички, што се вика, не сум ги анализирал ептен детално), зашто моделите од 2000та па навака сите ми се слични во ентериерот.
 
Не сме имале до сега нешто гермнаско,ради тоа ми прави мерак ептен...мерцедес ц 220 таа година или една година постара,внатре малце ми е многу старомодна,а бмв-то е исто добра,мислам на тој највисок пакет,али сепак повеќе око ми фаќа аудиво...башка бмв-то колку што знам е задна вуча,па на снег со него...тешко :D

И некој ми кажа голф 6ка,не ми прават мерак тие,повеќе сум за лимузина пошто сега имаме нешто слично на голфот,мислам,таа категорија..
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не ми прават мене BMW-ињата и Мерцедесите (збориме за c2xx и 320ки да речеме) мерак од тие години (2008ма).

Поготово 320ката, ми личи од позади како некое ефтино Hyndai, уф, гадно. Аудито е класа над овие, во поглед на убавина. :)
 
Хаха и мене тоа не ми се свиѓа кај нив...аудито башка ми изгледа и како поголемо..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom