Драстичен скок на цената на бензините- граѓаните во шок
Нови, повисоки цени на горивата од полноќ. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија, бензинот и нафтата ќе се продаваат за три денари повеќе за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинство е зголемена за 2,5 денари.
Цените на бензините вртоглаво растат. Од ноќеска на полноќ поскапуваат за три денари. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 84 денари за литар. Новата цена на Еуросуперот БС – 98 ќе изнесува 85, 50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот исто така се зголемува за три денари за литар и ќе изнесува 74, 50 денари за литар.
Исто така се зголемува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, за 2, 5 денари за литар и ќе се продава по 63 денари. Граѓаните се шокирани од постојаното зголемување на цените на енергенсите.
- Скапо е, не се издржува веќе со овие цени, вели граѓанин.
- Многу е скапо, работиме само за нафта. Еве сега земав пари па ќе ги дадам сите за бензин, изјави граѓанин.
- Изгор цени има. Ние имаме европски цени, а балкански стандарди, изјави граѓанин.
Како причина за зголемување на цените на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика ги посочуваат за 6, 54 отсто повисока цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,42 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. За формирање на цената на нафтените деривати се користат движењето на брент нафтата, најквалитетна и најскапа на пазарот, движењето на цените на лондонската берза и курсот на доларот во однос на денарот.
Купопродажниот договор на ОКТА и дава ексклузивно право до 2019 според одредена методологија од договорот да се пресметува цената на нафтата и дериватите. Од Владата во јануари официјално побарале средба со менаџментот за смена на методологија и пресметка на цената на нафтата, но до денеска владини претставници со ОКТА на оваа тема не разговарале.
Кога веќе истата политичка гарнитура ја продаде Окта по галантна цена сега нека има муда да ја присили компанијата да ја намали цената на дериватите. Инаку по договорот окта може да пријави кај регулаторите дека ја купила нафтата по 200 долари и ние овде да си плаќаме како изгубени германци во израел!
Инаку не е за заборавање цената на нафтата кога беше барелот 147 долари а кај нас се продаваше литар за 80 денари.
Како ја кројат методологијата од РКЕ само господ знае!!!