Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.976
Поени од реакции
24.349
Бугарски пасош - Да или не?

Апсолутно да:)
Тоа не значи дека сум бугарофил, бугароман, или дека ќе ваѓам пасош...
Но доколку такво нешто ми падне в раце, моја нога нит Бугарија.. па нит Македонија ќе стапни повеќе :)
Боб Марли, едно техничко прашање, дали уште си во државава, и ако да, зошто до сега не си емигрирал? Не прифаќам изговори од типот на за тоа треба време, пари, сложени процедури, и дрн дрн јариња затоа што знам доста луѓе коишто немале никакви услови освен да емигрираат па вака или онака се снашле.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903

Неофицијално... сеуште сум делумно присутен во државава, иако работата ми е ширум Европа. Неам никакви конкретни замерки за Македонија и условите што таа ги нуди кон својот народ (кој е способен - сегде е способен). И се разбира, кога еден нормален интелектуалец ќе свати дека неговиот труд вреди повеќе "шушки" во помодерни опшества, - сака да го доживее тој адреналин.
Има луѓе што не сакаат авантури и задоволни се од тоа што го имаат.
Е јас се трудев да сум нешто измеѓу, ама како што гледам ќе мора да бирам.

п.с. И пак тоа не мора да значи - ваѓање на БГ пасош. Позз стар пријателу :)
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
15
Поени од реакции
0
дали некој оваа недела бил на закажување на интревју за б.пасош, стварно ли се чекало дури до 6 месеца за да ти закажат за интревју за пасош??????
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Боб Марли, едно техничко прашање, дали уште си во државава, и ако да, зошто до сега не си емигрирал? Не прифаќам изговори од типот на за тоа треба време, пари, сложени процедури, и дрн дрн јариња затоа што знам доста луѓе коишто немале никакви услови освен да емигрираат па вака или онака се снашле.
Како мислиш дека се заминува од РМ? Со едноставен напор на вољата? Телепортација?
Може и да не прифаќаш изговори од типот “немаше падобран“ ама тоа не ја намалува реалноста каде немањето на падобран ќе биде кобно за оној кој би скокнал од авион.

Тоа не се изговори тоа е реалност и едноставни животни факти поради која голем број млади сеуште не заминале и не ја оставиле земјата библиска целосно на пензионерите. Иако со помош на патриотизам може и да не се забележат таквите ситници.
А може знаеш и такви кои преживеале без падобран, се снашле, вака или онака...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.976
Поени од реакции
24.349
Како мислиш дека се заминува од РМ? Со едноставен напор на вољата? Телепортација?
Може и да не прифаќаш изговори од типот “немаше падобран“ ама тоа не ја намалува реалноста каде немањето на падобран ќе биде кобно за оној кој би скокнал од авион.

Тоа не се изговори тоа е реалност и едноставни животни факти поради која голем број млади сеуште не заминале и не ја оставиле земјата библиска целосно на пензионерите. Иако со помош на патриотизам може и да не се забележат таквите ситници.
А може знаеш и такви кои преживеале без падобран, се снашле, вака или онака...
Со еден концепт што не знам колку ти е познат а се вика снаодливост. Нешто по кое сме познати како народ. Мислиш дека тие што отишле, дека им било сјајно? Не, биле во лоша финансиска позиција. Сепак се снашле и отишле. Како? Е тоа ти е како од оној вицон кога Македонецот рекол-заработувам 200 евра месечно а трошам 1000. Прилепчаните од форумов сигурно го знаат случајот за семкарот што продавал семки на натпревари на Победа и се преселил во Белгија па се врати да го ожени син му со Ферари и за таа цел го изнајми цел стадион. Како он од сиромашен семакр скоро без пари стигнал до Белгија и успеал да заработи за Феррари? Со образование сигурно не. Ако ти ја немаш таа карактеристика на снаодливост, не си ја сретнал или не ти е јасна, не значи дека друг ја немал и не ја капитализирал.
 
Зарем има и такви на кои не им е сјајно во земјата на патриотите и христијаните?! Не е можно...
Познати како народ? :facepalm: А каде тоа?
Ако си работел по иноземство или си бил во ситуација да се снаоѓаш надвор, поинаку би гледал на такви прикаски. Најмалку со фасцинација.
Мене ми е познато како се снаоѓа човек при работа во странство и тоа во повеќе земји од лично искуство, а не од прикаски за семкарот со ферарито или Митре Ѓонот шо живеел како цар од практицирање геронтофилија по немачка, Перо шо зел пола милион од осигурање пошто така снаодлив ги излагал глупите швеѓани или дебилни анегдоти за снаодливото македонче кое трошело 1000 евра. Некој виц со Амерот,Русинот и Македонецот кога сме веќе кај тоа?
 
Тоукатер не си ми јасен. Само инат ли ти се тера или што е работава? Кај сум пишал дека секому му е сјајно, баш пишав дека не секому му е сјајно затоа и си пробува среќата во странство. Тој пример го дадов бидејќи е познат пример. Кога тој семкарот успеал, не прифаќам никакви изговори. Ако гастербајтерите се дибидуси за тоа си се они криви, никој не им е крив. И никој не вика дека е лесно и туку така се емигрира. Само мислам дека ако сакаш да се снајдеш ќе се снајдеш. А неспособните остануваат неспособни и наместо отворено да си признаат дека се неспособни криви им се Америка, нафтата, Рептилијанците кои го контролираат светот. Само они се во право само на нив лоши работи им се случуваат само они трпат неправди.
 
Проблемот е во поимите.
Не е изговор ако некој нема можности да замине. Тоа е едноставен факт поради кој намерата не може да ја оствари. Нема пари. Нема кој да му помогне по иноземство или ако има - не сака да му помогне. Нема соодветни папири. Било како, има примери многу.
Дали ќе ја оствари во иднина и ќе се снајде зависи од поединец до поединец и од условите. Но во дадениот момент фактот е тој.
Изговор би бил доколку некој има можност и декларативна намера а не ја остварува.

Има и други примери, како оние по Франкфурт...ако тие успеале може секој...или не баш?
Ако сакаш да возиш ферари ќе возиш ферари, никој не ти е крив ако не успееш.:icon_lol:

Бош муабет...
 
Ако нема можности треба да ги направи. Можноста не те чека и не ти иде на тацна. Не сите што отишле имале пари или некој од странство да им асистира. Пак ќе се навратам на семкарот, а како него има многу примери. Точно е дека не сите стигнале до Ферари ама стигнале до пристоен живот, си купиле стан, кола, си ги образувале децата. Види не секој е способен да си создаде можност. Без напор, труд, идеја и снаодливост да се ствараа можности сите ќе бевме сега на коњ. Затоа има способни и неспособни. Никој не треба да му биде на некој крив поради тоа. А реално и тоа со Франкфурт е снаоѓање. Ама со ризик после да те ложат во зандани. Епа сега како сакаш. Ако не сакаш таков ризик има и почисти начини. Не се лесни и едноставни ама далеку се од невозможни. Не знам како на друг начин да ти објаснам, ете гледај го оној Австралијанецот без раце и нозе, вложил енергија, труд, време, и успеа додека други живи и здрави кукаат каква судбина ги снашло. Буанко е куив. Ама тебе едноставно ти се контрира знам те сабјо кад си швицарски нож била. :icon_lol:
 
Си прават можности и бегаат. И тоа масовно. Некои со женење/мажење, некои со пасоши, трети се зајмуваат, четврти остануваат на црно по истек на виза, сезонци....не се бираат премногу начини. Некој кој кука а не презема ништо - нема потреба да преземе нешто во тој поглед. Инаку би направил нешто.
Чудно е како твојот идол семкарот не се снашол во својата домовина. Како тоа од живот во сиромаштија меѓу своите по крв, морал да оди некаде далеку меѓу туѓите за да направи нешто. Пред да замине бил неспособен ама таман поминал граница и станал способен?! Како и милиони други...

После грчиштата биле криви и сите жени курви...:icon_lol:
 
Сега одеднаш се согласуваш со мене и го спинуваш муабетот или јас лошо сум сфатил?
 
B

Black Guard

Гостин
Сепак останува фактот дека Р.Македонија е земја во развој,истотака има расипано судство и корупција плус 70% од граѓаните едвај шпарат од 1-ви до наредниот 1-први.

А перспективата е

Член од
29 февруари 2012
Мислења
6
Поени од реакции
5
Јас сум македонец по националност, а морав да се пишам бугарин за да ја добијам таа патна исправа откако се разочарав од македонските институции и сличните срања во државава. Летнав у странство, се разбира поради тоа што тука живеев и работев со години и едвај врзував крај со крај.
Сега сум горд македонец со двојно државјанство, 2500 фунти плата и со многу поквалитетен живот. И засекогаш ќе бидам македонец. Сфатете ме како сакате...
 
LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Еден ми вика пред малку "Да се ​​надеваме Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и ЕУ, бидејќи така максимално многу од ФИРОМ ќе се вратат на своите бугарски корени". Комент?
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
Ми треба информација, ако е некој запознаен дали е исто ако вадиш пасош преку бугарската амбасада и преку посредник, во што е разликата, дали се чека подолго време, дали е понесигурно, дали е поскапо и слично...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom