Кано, колку е твојот трошок за сметководител? Верувам дека ти имаш многу повеќе движења на сметка од една две фактури ... Како се движат тарифниците на сметководителите тука во скопје?
+ Ако си ја поднел сметката за твојата фирма дали би можел да ја опишеш во кратки црти, кои документи му се потреби на сметководителот, кој всушност физички поднесува итн ...
jaс појма немам што му е потребно на сметководителот мој за да ми направи годишна пресметка. знам само дека после нова година ми рече да му ги донесам сите преостанати фактури што сум ги дал да се платат и фактури што сум ги платил и за двете заклучно 31.12.2011 година, како и сите сметки-фискални што е плаѓано во готовина како материјални трошоци... до тука знам... од тука натака појма немам. пред 2-3 недели ме викна да ги испотпишам пријавите, си седнав на маса, додека сркав кафе вработените ги донесоа документите, испотишав се што треба, печат дупликат имам оставено кај него, они си печатираат, они си носат, јас појма немам што и како и не ме интересира, сепак не е мој домен нели, затоа и постојат поделбите на работите и професиите нели...
за парно греење он знае како да се грее, а јас како да му го направам тоа задоволство и моја брига е да функционира, па така за документи јас знам само да му ги однесам он да ги скоцка и правилно да ги постави онака како што треба на мое задоволство... не ми е прва година сметководител, не работам со него сефте, имам поверење, се докажал и затоа сум оставил и втор печат да брка работа за документи... знам само дека човекот редовно ги следи промените во законот и навремено и благовремено најавува секоја нова “глупост“ од власта околу возот на правила... и сето ова го прави професионалец во моите очи... затоа и не се замарам што и како со документи... он кажува, јас правам што треба и тоа е тоа... начелно многу не ни кажува, повеке прави... знам само дека увек кога ке ми искрсне некој проблем со некои документи дигам телефон и завршувам работа... дури и кога сакам да проверам дали некој ми платил фактура што ја касни со плаѓање, дигам телефон и со вработените комуницирам и дознавам за 25 секунди... ТОА Е РАБОТА НА СМЕТКОВОДИТЕЛ исто како и завршната сметка, треба да си ја среди сметководител... тоа му е струка и професија, за тоа зима пари, за тоа учел, за тоа студирал...
цените кај него се различни, зависи од обемот на работата и фирмата... нејќам конкретно да давам примери, неблагодарно е...
сигурен сум дека ќе најдеш сметководител за 50 евра месечно, ама тоа ке биде некој што ке треба ти пола од работата да ја правиш.... сега да гледам да бркам бизнисот или да трчам по документи? имавтаков еден од поодамна.. не одел он да ги зима плавите картони, не одел он да поднесува завршна, не одел он да се објаснува со министерствата и со ујп кога има некаков проблем. не правел ова, не правел она... ајт у курац со него... јас треба да го бркам бизнисот а он папирологијата... што треба да се прави со таков сметководител? да си вработам ако не уште една (по можност женска) особа да трча по се ова, да му помага на него па и во слободно време да му го попуши, (упс пардон) додека он се “убија“ од седење и досадување во канцеларија... го откачив по кратка постапка на првата завршна... овој сега што го имам, ем ми е клиент од поодамна, ем е сосема ок и не ме замара со никакви безпотребни глупости и детали...
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 00:40 ---
во контекст на муабетов ми текна нешто што ортакот во гаража вчера ми го кажа како еден виц... ама жива вистина ке да е:
иде човек на мајстор и вика де мајсторе види овде ова нешто не работи.. мајсторот после 5 минути внимателно посматрање и набљудување на проблемот, станува, зема едно чеканче од 500 грама и еднаш, умерено удира на одредено место на уредот и проблемот е отстранет... човекот среќен што брзо се завршило работа вели КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТАМ, а мајсторот вели 1000 денари... деееее бе мајсторе за едно чукнување со чекан 1000 денари? а овој вика, не бе, чукнувањето со чекан кошта 50 денари, а уште 950 зашто знаев кај треба да чукнам...
сакав да кажам, секој треба да си гледа со својата професија... не се мешајте онаму кај што не умеете ине знаете, неможе се да знаете...