Судиските грешки одсекогаш се случувале и во иднина ке се случуваат...
Во фудбалот секогаш ке има и победници и поразени ....
Но колку што е убаво да се биде "голем" во победите толку треба да се биде и голем "голем" и во поразите...
Имено иако цел свет виде дека Милан е апсолутно оштетен, никој ама апсолутно никој од Јувентус не мисли така:
- Официјален став на клубот Јувентус е дека голот на Мунтари во 25мин. е уствари одбрана на Буфон, топката не поминала гол линија...
- Самиот Буфон( скоро 600 настапи во Серија А, преку 100 за репрезентација, капитен на репрезентација и во клубот за кој игра, и човек за кого, односно за начинот на кој го чува својот гол имам само пофални зборови) го дели истиот став на клубот, па дури и е задоволен со арбитражата на натпреварот
- Конте... Подобро да не го спомнувам, и самите видовте како тој ги доживува работите
Со 2-3 исклучока од целиов форум(навивачи на јуве), секоја чест за доблеста и храброста дечки, за сите други се е некаква компензација за некаков си офсајт, за некои минати натпревари од минати времиња, меѓу истиве а и меѓу други клубови, и какви се не глупости прочитав...
Некој погоре напиша: секогаш кога ке се случи некаква судиска грешка, на било кој натпревар помеѓу било кого
судиската грешка останува судиска грешка, само кога игра јувентус тоа е местенка, заговор...
Се прашувам себеси: Зошто ли е тоа така?
Можете слободно да продолжите со лични навреди и да пишувате секакви глупости, да се прикажувате себеси и вашиот клуб во најдобро можно светло, но факт е дека колку и да се трудите, на таков начин, нема никогаш да ја смените
сликата за вашиот голем клуб...