Македонец градоначалник во Австралија го бакнал Грчкото знаме

  • Креатор на темата Креатор на темата Казаки
  • Време на започнување Време на започнување

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.970
Локација
Zaporozhye
ОД СВОИТЕ СИ ПАТИМЕ!!!

Македонец во Австралија го бакнал грчкото знаме

Македонецот-градоначалник на општината Рокдејл во Сиднеј, Бил Саравиновски, ја изреволтирал македонската заедница во Австралија затоа што го бакнал грчкото знаме на фестивал што го организирала грчката заедница и на кој присуствувале околу 5.000 луѓе

Avstralija2.jpg

transparent.gif

Дијаспората револтирана

На одбележувањето на годишнината од Маратонската битка во Сиднеј, Саравински го пречекал познатиот грчки маратонец, 71-годишниот Аристотел Какогеоргиу, кој трчал во чест на војникот Фидипид, познат по тоа што ја носел веста за победата на Грците над Персијците во 490 година пр. н.е.

Како што пренесува весникот „Лидер“, грчкиот маратонец му ги предал клучевите од градот на градоначалникот Саравински, кој во тој момент го бакнал грчкото знаме. Масло на огнот меѓу Саравиновски и Македонците во Австралија долеала и изјавата на Кристин Ставропулос, организаторка на фестивалот, која изјавила дека тоа бил најубавиот момент на прославата на годишнината во чест на Маратонската битка.

- Најубавиот момент беше кога Аристотел трчаше кон стадионот пеејќи античка грчка песна и Бил трчаше кон него, бакнувајќи го грчкото знаме - изјавила Ставропулос.

Саравиновски, битолчанец, кој од четиригодишна возраст живее во Сиднеј, во 1995 година станал прв Македонец-градоначалник во Австралија. Тој пред неколку години во Сиднеј се сретнал и со поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, а во изјава за „Вест“ се пофали дека на поздравување му рекол дека двајцата се Македонци.

„Во нашата општина дојде премиерот Караманлис. Поздравувајќи се со него му реков: ‘Јас сум Македонец и ти си Македонец’, бидејќи е од Солун. Тој, дипломатски, ништо не ми одговори, а на новинарите и на снимателите им се тресеа рацете, плашејќи се од неговата реакција“, изјави Саравиновски.

Автор: Ив.К

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11610937162&id=9&prilog=0&setIzdanie=22126
 
Стварно не ми се верува со што се замарате. И стварно ми се повраќа кога ќе видам вести за Грција веќе, изгледа тешки комплекси се во прашање, само пред некој ден избројав на првата страница од подфорум Свет имаше вкупно 12 теми за Грција, а тек па да не зборам за 2ра 3та и така натаму страна.
Самите Грци не се замараат сами со себе колку што вие се замарате за нив.
 
Затоа си ти тука да ни кажеш.
Боже сачувај, дај бе одбегнете ги ваквиве теми ако не ви се праи муабет.
Не знам што ти е целта, дали да испровоцираш или да се направиш паметна.
 
Затоа си ти тука да ни кажеш.
Боже сачувај, дај бе одбегнете ги ваквиве теми ако не ви се праи муабет.
Не знам што ти е целта, дали да испровоцираш или да се направиш паметна.
Пробувам да ви укажам колку сте очајни.
 
Чекај,како тоа МАКЕДОНЕЦ од АВСТРАЛИЈА, со име Бил го нарекувате МАКЕДОНЕЦ ?

Што би рекол Кили,ма немој да ме јебеш бре !
 
Чекај,како тоа МАКЕДОНЕЦ од АВСТРАЛИЈА, со име Бил го нарекувате МАКЕДОНЕЦ ?

Што би рекол Кили,ма немој да ме јебеш бре !

:tapp:

Помодарство бе друже... си слушнал за такво нешто?
 
Да ти ебам и дијаспора и све у пичку материну..Тие па тие па,преку к*р ми се..Се понашаат ко да се ууууу бееее цигани!!Ич немој Македонци да се кажувате! -.-
 
јас лично се сомневам во натписов се додека не видам слики или нешто официално, премногу ми е сумливо посебно делот каде кажува дека трчал на кај маратонецот и во движење го бакнувал знамето.
 
Да не го бакнел знамето убеден сум дека 90% немаше ни да знаат дека Бил е македонски градоначалник. Ако му зависи функцијата од гласовите на грчкото гласачко тело, многу очекувано е дека и таков потег ќе направи. За некои интересот е пред се.
 
Абе тури им ку...ова де,пепел на тие Македонци од дијаспората...ми избегал у Амерка,Австралија,зима пари кои што тука не ги заработуваме за цел живот,со 10 пати повеќе работа,живее живот,кур го боли,и ќе ми држи предавања за Македонија,како треба да иде напред,да влезе во НАТО И ЕУ,као демек он е тежок Македонец,а пред да даде изјава 3 месеци ги вежбал зборовите,море тоа све треба лом да се напрае !!!
 
Да не го бакнел знамето убеден сум дека 90% немаше ни да знаат дека Бил е македонски градоначалник. Ако му зависи функцијата од гласовите на грчкото гласачко тело, многу очекувано е дека и таков потег ќе направи. За некои интересот е пред се.

Сум имал прилика да го сретнам типов и можам да кажам дека не е во таква кондиција да трча и да бакнува знаме, дали го бакнал во друга ситуација не, знам,али како што е напишано некако ми делува премногу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom