Самохрани родители

  • Креатор на темата Креатор на темата Zvezdica
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 февруари 2012
Мислења
2
Поени од реакции
7
Што мислите вие колку државата им помага на оваа група граѓани, дали им помага воопшто и колку често го прави тоа?
Пред две недели во Неготино се отвори клуб на самохрани родители, со цел барем малку да им го олесниме секојдневието на оваа група граѓани, клубот беше отворен од страна на клубот на млади на Црвен Крст - Неготино, како ПХВ проект.

http://www.facebook.com/pages/Клуб-на-самохрани-родители-Надеж-Неготино/297575466964845
 
Државата не треба да им помага треба народот тоа да го прави доста со тие финти државата и премиерот .
 
Државата не треба да им помага треба народот тоа да го прави доста со тие финти државата и премиерот .

Ова е како да кажеш инвалидите не треба да уживаат никаква заштита од државата туку да им помага само народот како може.
 
Ова е како да кажеш инвалидите не треба да уживаат никаква заштита од државата туку да им помага само народот како може.

Баш така правниче треба народот да си помага најголеми буљаши сме може се да прави владата ама како што народот може да си помогне неможе никој.
 
Што мислите вие колку државата им помага на оваа група граѓани, дали им помага воопшто и колку често го прави тоа?
Слабо....Во денешно време, дури и деца кои растат со два родитела, често немаат се што е потребно, бидејќи многу често родителите се без работа или се со мали плати.
Секој родитетел сака, на своето дете, да му обезбеди се што му е потребно, а многу често не може да го стори тоа. Самохраните родители се во уште потешка ситуација. Социјалната помош и детските додатоци се смешно мали.
Затоа е најдобро самохраните мајки и татковци итно најдат нов брачен партнер.
Клуб на самохрани родители не е лоша идеја. Но тука единствено ќе можат да поразговараат и да ги споделат своите проблеми. Но ефективна, конкретна помош, од такви клубови не верувам дека ќе можат да добијат.
Затоа најдобро е да се премажат или преженат. Само треба да се најде погоден партнер. А тоа е можно...
 
Народот може да даде подршка на самохраните родители, да, но не може да им пружи заштита.
Државата може да им пружи помош, а истовремено и заштита. Може да врши поголем надзор онаму каде едниот родител треба да дава алиментација за детето (а во многу случаеви не даваат), да бидат заштитени од отказ оние кои се самохрани родители, да примаат паричен надоместок оние кои се самохрани родители поради смрт на другиот родител ит.н. Постојат многу варијанти за помош и заштита на оваа категорија родители.

Ме интересира на кој начин функционира клубот и која е неговата цел. Која е програмата на состаноците и слично.
 
За други градови не знам но во Штип градоначалникот им помага на самохраните родители им наоѓа работа а подобра помош од тоа нема. ;)
 
На времето (Југославија) моите демек се разведоа и мајка ми како самохрана мајка со 4 деца доби 3 собен стан и после 3-4 години ко демек се смириле пак беа заедно а станот си остана
 
Ова е како да кажеш инвалидите не треба да уживаат никаква заштита од државата туку да им помага само народот како може.

Тоа што се самохрани родители, не ги прави ранлива група. Друго е ако се и социјални случаи.
И Лила Филиповска е самохран родител, па не и треба баш никаква помош.
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:18 ---
Народот може да даде подршка на самохраните родители, да, но не може да им пружи заштита.
Државата може да им пружи помош, а истовремено и заштита. Може да врши поголем надзор онаму каде едниот родител треба да дава алиментација за детето (а во многу случаеви не даваат), да бидат заштитени од отказ оние кои се самохрани родители, да примаат паричен надоместок оние кои се самохрани родители поради смрт на другиот родител ит.н. Постојат многу варијанти за помош и заштита на оваа категорија родители.

Ме интересира на кој начин функционира клубот и која е неговата цел. Која е програмата на состаноците и слично.

1. Тоа што е самохран родител, не го прави и добар работник

2. Примаат паричен надоместок децата, дури и откако ќе бидат полнолетни (мислам до вработување).
 
Не знам што ви е муабетов народот-државата.
Па народот дава даноци за вакви работи, работа на државата е да се погрижат овие пари правилно да се прераспределат поради тоа земаат астрономски плати,но на нашиве влади малку им е тоа па прават лева рака десен џеб.
 
Тоа што се самохрани родители, не ги прави ранлива група. Друго е ако се и социјални случаи.
И Лила Филиповска е самохран родител, па не и треба баш никаква помош.
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:18 ---


1. Тоа што е самохран родител, не го прави и добар работник

2. Примаат паричен надоместок децата, дури и откако ќе бидат полнолетни (мислам до вработување).

Примаат семејна пензија децата ако некој од родителите е умрен. Децата на кои родителите им се разведени, но се живи примаат алиментација од родителот со кој не живее со него, но многу од нив не плаќаат, а единствен начин да се започне плаќањето е тужба од оној родител кој е старател на детето, дали треба дополнителни расправии и покрај оние од разводот?

Отказ не постои само доколку работникот не е добар работник, постои прогласување на технолошки вишок, каде оние работници кои се самохрани родители можат да влезат во последен ред на отпуштање, ако веќе мора сите работници да бидат отпуштени. Ова беше само опција, не беше осмислен дефиниран предлог од мене.

Да, ранлива се, со исклучок на оние кои имаат големи финансиски придонеси. Кога се мисли на самохрани родители се мисли колективно, не на поедините случаи кои се добро финансиски поткрепени.
Родител со плата од 15 илјади денари не е социјален случај, но ако е само тој кој издржува едно дете и нема баш да му стасаат за достоинствен живот.
 
Децата добиваат пензија или алиментација и има организирано советување со педагози од социјално или од кај и да идат. Мислам дека нема друга помош, освен ако луѓето како заедница не се одлучат да помогнат. Сепак мислам дека државата како држава може да помогне повеќе, некои од овие самохрани родители не можат сами да се прехранат, не па деца да гледаат со нивните приходи.
 
Примаат семејна пензија децата ако некој од родителите е умрен. Децата на кои родителите им се разведени, но се живи примаат алиментација од родителот со кој не живее со него, но многу од нив не плаќаат, а единствен начин да се започне плаќањето е тужба од оној родител кој е старател на детето, дали треба дополнителни расправии и покрај оние од разводот?

Отказ не постои само доколку работникот не е добар работник, постои прогласување на технолошки вишок, каде оние работници кои се самохрани родители можат да влезат во последен ред на отпуштање, ако веќе мора сите работници да бидат отпуштени. Ова беше само опција, не беше осмислен дефиниран предлог од мене.

Да, ранлива се, со исклучок на оние кои имаат големи финансиски придонеси. Кога се мисли на самохрани родители се мисли колективно, не на поедините случаи кои се добро финансиски поткрепени.
Родител со плата од 15 илјади денари не е социјален случај, но ако е само тој кој издржува едно дете и нема баш да му стасаат за достоинствен живот.


Па ти кажа самиот, јас те цитирав - пензија доколку едниот умре. Епа има пензија. Алиментацијата не може друг да ти ја даде присилно, освен судот, и тука државата си го завршила своето. Нема градоначалникот да му чукне на врата на неплаќачот на алиментација и да му ги земе парите. Судските органи се надлежни.
А пак ќе кажам - тоа што е самохран родител, нема зошто да го стави во ,,последен ред на отпуштање,,. А што ако сум јас негова колешка, не сум самохран родител, ама маж ми не е вработен? Зошто моите деца да трпат, затоа што таму некој не е во брак?

Самохраните родители не можат да добиваат поголема парична помош од онаа која веќе ја имаат, затоа што не се доволно критична и ранлива група, покритични се социјалните случаеви, бездомниците, семејствата со инвалидизирани деца итн.

Не знам дали знаеш, ама кога бевме основно и средно, учебниците си ги плаќавме - само децата на самохраните родители и социјалните случаеви добиваа бесплатни книги.
 
да бидеш геј си ранлива категорија, да бидеш албанец си ранлива категорија, да бидеш самохран родител си ранлива категорија, да бидеш работоспособен и да лежиш по цел ден и да правиш по 9 деца и да земаш социјална помош си ранлива категорија, да бидеш опозиција си ранлива категорија, да бидеш пензионер си ранлива категорија......па добро бе...до кога....КОГА ЛУЃЕТО СО ИНВАЛИДИТЕТ И ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ ЌЕ ДОЈДАТ НА РЕД?
 
- koga lugeto koi si go gledaat sekejstvoto, se grizat za decata,zenata, starite roditeli, di gi plakaat smetkite, koga tie ke stanat ranliva kategorija ???????????? ili site se ranlivi samo tie se super
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom