Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    619
L

Lu

Гостин
Ќе напишам поголем пост, бидејќи проблемот сакам да го разгледам и напишам подетално.

Јас сакам да се тргнат уличните кучиња од улиците, бидејќи и за самите кучиња е тешко да опстанат сами надвор, и плус постојано се изложени на: студ, глад, жед, малтретирање и клоцање од страна на кучемрзите и сл.

Но убивањето и труењето не е решение, не сме ги создале ние па за да имаме право да ги убиваме (па дури и да сме ги создале ние, повторно немаме право да одзимаме животи).

Да се успијат ( поточно кажано убијат ) може само оние кои што се тешко болни кои што немаат шанси да се излечат (мада во денешно време за се' има лек), но оние здравите е греота да се успиваат бидејќи и тие се живи суштества и чувствуваат.

Проблемот според мене најлесно и најбезболно може да се реши во 2 чекори:
- Прв чекор: Кастрација и стерилизација на сите улични кучиња.
- Втор чекор: Дебели казни за несовесните сопственици на кучиња кои што ги оставаат кучињата на улица.

Да не се правиме будали, сите сме свесни дека кучињата не никнале самите од земја и не се кучињата виновни што се наоѓаат на улица, за таа состојба се виновни СЕЗОНСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА КУЧИЊА , баш им прилега ова име сезонски љубители на кучиња бидејќи најчесто зимаат куче и го чуваат 6 месеци / 1 година / 2 години и еден ден ќе им скурчи кучето и фрц го оставаат на улица, е за таквите луѓе треба дебели казни бидејќи тие се главниот предизвикувач на ваквата состојба да има кучиња скитници.
Исто така треба дебели казни и за оние кои што кога ќе им се родат кученца мали, наместо да им најдат нови домови, они ги оставаат на улица, и после кога ќе пораснат овие кутриња ќе почнат да се размножуваат и така се' ќе се врти во круг и проблемот ќе биде вечно нерешен.

Значи уште еднаш ќе повторам вината не е во кучињата што се на улица, туку вината е во несовесните сопственици.
За да се реши овој проблем треба прво да се воведат строги и дебели казни за ЛУЃЕТО.
Е кога ќе има такви казни, луѓето ќе се замислат дали да го остават кучето на улица, а ако никој не остава кучиња на улица - тогаш ќе нема ни улични кучиња, јасно како ден.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Со 5 забиени кучешки заби и отечена. Вака изгледа раката на вработен во Комунална хигиена откако пред неколку дена го каснало улично куче. .

Ова е само еден пример од многуте нападнати граѓани. Во текот на овој месец 30-тина пациенти со сериозни повреди побарале помош на Инфективна, а 10-мина биле примени во Ургентниот хируршки центар. Половината ги нападнало бездомно куче за кои не знааат дали е болно и шири зараза. Ова се официјални податоци од болниците. Но се претпоставува дека бројката е далеку поголема. Многумина поради мала повреда не одат на лекар. По пријава на загрижени граѓани дека во скопско Дебар маало има агресивни кучиња кои напаѓаат миинувачи Сител на терен со екипите кои вршат заловување.
Иако екипите честопати наидувале на отпор од околното население кое ги хранело бездомните кучиња, и се грижеле за нив, денешната акција помина мирно, очигледно поради присуството на камерата. Тие останаа во своите домови, а ние останавме без одговор од наводно загрижените за овие улични животни : кој ќе сноси одговорност доколку ова куќе касне некого и му пренесе заразна болест.
Од Комунална под чија надлежност е стационарот Вардариште велат дека постојано се на удар на здруженијата заштитници на животните. Често се случувало да се претставуваат како заинтересирани за вдомување на куче, а откако ќе го земат пак го пуштале на улица.
Сегашниот правилник според кој се врши заловувањето не дозволува задржување на кучињата во стационарот, освен ако ветеринарот не утврди дека се бесни. Поради ова постојано истите куќиња се по скопските улици. Се проценува дека низ главниот град шетаат околу 7000 кучиња скитници. Голем дел од нив се навистина агресивни и напаѓаат.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Овој на сликава има зелена крв :pos: Се заебал купил залена наместо црвена боја... :tapp:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Требало сликава да биде црно бела ко за у весник :pos:
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Кожата од хиперманганатот добива кафеава боја, на овој сигурно му ставале интерферонска терапија за да нели не добие беснило.

Како мене бе цели 10 години не ме каснало ниту едно бездомно куче, незнам што е работата, нит сум добил беснило, или било каква зараза.

Само креваат галама според мене.
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Лелеее ама информација ееееј што да ти расправам !! А зошто не се објави и не се напише колку кучиња се убивани, малтертирани, злоупотребувани само поради тоа што се животни?? o_O
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Нели едно време имаше акција за успивање или собирање на кучињата скитници? Што се случи со тоа? Јас сеуште гледам диви кучиња човекојадци како талкаат по нашиве улици.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Проблемот е што не успиваат, туку убиваат. Успивањето се одвива со воведување на анестезија, па после средство од кое му застанува срцето на животното. Тоа е еутаназија, а не она што го прават они.
 
L

Ligeia

Гостин
Раката му е прсната со спреј терамицин за антисептичко дејство кој има зелена боја.Сите бездомни кучиња добиваат вакцини и имаат ушна марка (обично е жолта) секое кое е вакцинирано од беснило така да доколку има каснување од обележано куче нема потреба за страв од ''болести'' бидејќи беснилото е единствената болест која се пренесува преку плунка односно каснување.Проблемот е што не може да се води точна евиденција за уличните кучиња бидејќи многу бргу се размножуваат,имаше предлог да се прави кастрација со цел да се намали бројноста но се установи дека нема доктори доброволци кои ќе ја вршат таа макотрпна работа а уште помалку нема место каде ниту државата сака да чуе за ваков вид на превенција.Втората опција за вдомување оди многу бавно и тешко бидејќи сме мала држава па нема друг излез освен кучињата кои не можат да се вдомат да бидат подложни на еутаназија со инекции која ја предложи ветеринарниот институт со цел да не се убиваат животните на немилосрден и суров начин по улиците како и од глад и други болести но тука се наиде повторно на препрека од народот па и од здруженијата за заштита на животните кои едноставно не разбираат дека извор на зараза не претставуваат првенствено самите животни туку нивните мрши,ектопаразитите кои се распространети во парковите каде си играат мали деца а да не зборувам за нападите на глутниците по улиците.Нема решение за ова барем не засега.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Проблемот е што не успиваат, туку убиваат. Успивањето се одвива со воведување на анестезија, па после средство од кое му застанува срцето на животното. Тоа е еутаназија, а не она што го прават они.
Било како само да се тргнат од улица, не е проблем па ако сакаат и живи во дробилка нека ги ставаат со задните нозе прво,само нека ги тргнат од улица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom