Ќе напишам поголем пост, бидејќи проблемот сакам да го разгледам и напишам подетално.
Јас сакам да се тргнат уличните кучиња од улиците, бидејќи и за самите кучиња е тешко да опстанат сами надвор, и плус постојано се изложени на: студ, глад, жед, малтретирање и клоцање од страна на кучемрзите и сл.
Но убивањето и труењето не е решение, не сме ги создале ние па за да имаме право да ги убиваме (па дури и да сме ги создале ние, повторно немаме право да одзимаме животи).
Да се успијат ( поточно кажано убијат ) може само оние кои што се тешко болни кои што немаат шанси да се излечат (мада во денешно време за се' има лек), но оние здравите е греота да се успиваат бидејќи и тие се живи суштества и чувствуваат.
Проблемот според мене најлесно и најбезболно може да се реши во 2 чекори:
- Прв чекор: Кастрација и стерилизација на сите улични кучиња.
- Втор чекор: Дебели казни за несовесните сопственици на кучиња кои што ги оставаат кучињата на улица.
Да не се правиме будали, сите сме свесни дека кучињата не никнале самите од земја и не се кучињата виновни што се наоѓаат на улица, за таа состојба се виновни СЕЗОНСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА КУЧИЊА , баш им прилега ова име сезонски љубители на кучиња бидејќи најчесто зимаат куче и го чуваат 6 месеци / 1 година / 2 години и еден ден ќе им скурчи кучето и фрц го оставаат на улица, е за таквите луѓе треба дебели казни бидејќи тие се главниот предизвикувач на ваквата состојба да има кучиња скитници.
Исто така треба дебели казни и за оние кои што кога ќе им се родат кученца мали, наместо да им најдат нови домови, они ги оставаат на улица, и после кога ќе пораснат овие кутриња ќе почнат да се размножуваат и така се' ќе се врти во круг и проблемот ќе биде вечно нерешен.
Значи уште еднаш ќе повторам вината не е во кучињата што се на улица, туку вината е во несовесните сопственици.
За да се реши овој проблем треба прво да се воведат строги и дебели казни за ЛУЃЕТО.
Е кога ќе има такви казни, луѓето ќе се замислат дали да го остават кучето на улица, а ако никој не остава кучиња на улица - тогаш ќе нема ни улични кучиња, јасно како ден.