Напротив - многу ретко се занимаваме со нерегуларните.
Уф,колку само не е ретко...
Ако учевме од истите книги и ги следевме истите правила, тогаш немаше да има нерегуларни.
Учите од истите книги и истите правила, само лугето си формираат самостојни организации и тука се појавува проблемот и се нерегуларни,затоа што вие така ги нарекувате, ништо друго не им фали.
Ова е доста смешно, со оглед на тоа што во регуларната масонерија, членарината е релативно симболична, за да покрие основни трошоци за зградата каде се одржуваат состаноците и сметките, додека во нерегуларната, членарината е десетократно поголема, а има и такви како Вукиќ кои наплаќаат илјадници евра за зачленување, уште илјадници за секој степен, наплаќаат огромни суми за ритуалните книги (кои во регуларната масонерија или се даваат бесплатно или за симболична сума), наплаќаат десетократно за регалии кои се лесно достапни...
Да, кај вас нема ложа што наплаќа членство околу 1000 евра, немој да лажеш Зидарски, на лагата и се кратки нозете. Немој да се правиш дека кај вас све е тоа за 20 денари, немој да ги носиш во заблуда членовите на форумот. Сигурно ложата во Монако наплаќа 1 евро за влез како во Охрид...
Вукиќ не го вадиш од уста,очигледно многу ви смета неговата успешна работа, и стравот е голем дека ке се појават повеќе такви низ светот,успешни!
Имаш погрешен впечаток. Не е регуларната масонерија таа која се занимава со нерегуларната, туку обратно. Освен во Франција и во некои Балкански земји, бројот на нерегуларни членови во останатите земји е незначителен.
Но... затоа пак нерегуларната масонерија има греда во окото и упорно се труди да им каже на другите дека треба да си го извадат трнот. Ако е толку битно да бидат прифатени нерегуларните и непризнаените масони како вистински браќа (како што велиш ти) - зошто тогаш не го почнат процесот на регуларизација? Не е воопшто комплицирано тоа да се изведе. Зошто нерегуларните масони упорно инсистираат да бидат прифатени и признаени од регуларните? Ако упорно цело време тврдат дека регуларната масонерија е таа што ги изгубила своите вредности, отстапила од вистинските учења, не напредува како што треба - зошто тогаш сакаат да бидат поврзани со неа, признати од неа и прифатени како браќа од нејзините членови?!
Работата е многу поедноставна... има многу заблудени, кои заради побрзо зачленување одат на погрешно место... а потоа, откако ќе сфатат дека згрешиле и дека никаде во светот не ги прифаќаат - бараат да бидат извинети, но исто така по брза процедура. Трпението е доблест која ретко се сретнува и е нешто што високо се цени во масонеријата.
Ај зашто Македонија упорно бара да ја признаат под уставно име...ајде постави си прашање зошто истото го бараат и “нерегуларните и непризнаени“.
Процесот пак ќе повторам нема потреба од поново да се почнува, за демек да ги воскреснете во “регуларна“ масонерија. Станува збор само за ексклузивитет од ваша страна и за ништо друго. Право на користење, пу пу неважи први го создадовме, први му дадовме име, тоа е зидарски, само тука е разликата, не си ти ништо посебен масон различен од оние во некоја нерегуларна, непризната ложа. И повторно тие се нерегуларни и непризнати само затоа што вие така ги нарекувате, се додека еден ден не решите дека се најнормални масони. Исто како што Грција ќе мора да го прифати тој факт еден ден во врска со Македонија!
И не се неколку стотина членови, тука ги има во ЦЕЛ СВЕТ, почнувајќи од Бразил, Парагвај, Америка, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Чешка, Русија, Германија, Србија, Романија, Грција, Кипар, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Хрватска и многу многу други!
Не е брзо и не е налудничаво, како може цел свет да е налудничав и да влегува во такви ложи, невозможно е милиони луге да се ретардирани,глупи,прости,неуки и да се зачленуваат, а вие “регуларните“ 300 години да перете мозок и тоа да нема никаков ефект врз сите овие луге.
Грешиш зидарски, еден ден ќе ти се разбистри мозокот и ќе сфатиш дека заради административна пречка не сте во братски ланец со милион браќа ширум светот.