Сашко Коцев ја запроси девојката на Златна Бубамара

Статус
Затворена за нови мислења.
V

Vollstandig

Гостин
Ова е ефектот кога живееш во мала држава, со 2 милиони. Па се знаеме сите еден до еден, право село сме. Мислам, кај нас оговарањето и што кој направил е тренд уште од стари времиња кој никако не излегува. Ако порано беа во мода коперациите, и локалните биртии за разговори кој што направил, денес имаме електронска коперација - македонски медиуми, кои веќе ќе ти го отечат само да кликниш на нивниот линк споделен на фејсбук и да видиш како некој човек од македонија, ја побарал за жена... пошто кај нас, нели, досега никој не ја побарал никоја за жена..? Или пак, секојдневие преточено во шокантна вест, само кога има малку народ, станува гадно досадно па почнуваат луѓето да исправаат криви дрини кој што требало да направи кој не требало да направи.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
Да бе......Абадон и Росемберг се криви. Има доста луѓе кои критикуваа ама пак Росемберг и Абадон ќе ја сносат вината. Не би била лоша идејата да се направи и за нас едно видео во стилот "Буанко е куив". И како што знам ова е форум и секој има право на свое мислење (така беше?). Ако е отворена тема за типов и Петкана не значи по дифолт дека треба само честитки да има. Ама нееееее бе, Росемберг е крив, Абадон е крив, курле од орле е крив.........
Брат 80 % од мислењава на темава се твој и од другарот твој. И сите шо честитаа напишаја само еден пост, честито. Не се вратија на темава, готово. Ти милион поста напиша, на секој го цитираш , му контраш... Или некој тешки фрустрации лечиш на темава или стварно имаш премногу слободно време. Не ми реплицирај те молам, стварно не би да прочитам уште едно твое мислење.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Демек ги читам сите твои мислења?

Како наоѓаш сличност у работиве не ми е јасно?
Не знам што не ти е јасно, еве најпросто ќе ти објаснам.
Стеф Ангел одлучил да објави видео и да се додворува до некоја девојка, потегот е патетичен и дел од форумскава популација вклучително и тебе си направи ремет со неговата интимност.
Видеото не го објави Стеф на форумов и се презентираше без негова согласност.

Сашко Коцев одлучи да ја побара девојката на бина во србоманскана емисија и дел од форумскава популација му мава ремет со неговата интимност.

Тука ти стапуваш на сцена и викаш дека играње ремет со интимност не е фер и е ужасна работа.
Не е тоа малку лицемерно од твоја страна?
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Првото запросување јавно - сите честитаат, браво за храброста на дечкото, колку се среќни ау бау, ќе се најде еден ќе промрчи ама ништо.
Второ запросување јавно - пак честитки, радости ама сега ќе пишат еден-двајца како е тоа лејм и ќе изнадобијат лајк4иња.
Трето и натака - наместо честитки иде одма хејтањето, а ако честита некој го срамнуваат со земја.

До кога ќе се правите интересни не ми е јасно. Ова е убава вест, израдувај се еднаш народу мрчаторски.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Клише стана ова ... Ко да не можеше на поубав начин да го направи, поиновативно ... ова само да зголеми популарност е ( не дека он не е популарен ама додатна популарност не е на одмет)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Не знам што не ти е јасно, еве најпросто ќе ти објаснам.
Стеф Ангел одлучил да објави видео и да се додворува до некоја девојка, потегот е патетичен и дел од форумскава популација вклучително и тебе си направи ремет со неговата интимност.
Видеото не го објави Стеф на форумов и се презентираше без негова согласност.

Сашко Коцев одлучи да ја побара девојката на бина во србоманскана емисија и дел од форумскава популација му мава ремет со неговата интимност.

Тука ти стапуваш на сцена и викаш дека играње ремет со интимност не е фер и е ужасна работа.
Не е тоа малку лицемерно од твоја страна?
Кај реков дека играње ремет со интимност не е фер и е ужасна работа?
Не си измислувај мои зборови :)
И како може форумов да игра мајтап со инимност, кога Сашо тоа го напраи и поише од јавно?

Стеф го објави видеото јавно. Јутуб објава е јавна објава.
Јутуб е страна која ја посетуваат милиони луѓе.
И го реметевме од причините што ги наведов.
Го тргна видеото окако го изреметивме. И пак да ти повторам, го реметевме зашо се праеше највечи јебо.

Мојот прв пост на темава беше наменет за Македонскиот народ кој има навика да мрчи за се. Или форумската попувација, сеедно (со чест на исклучоци). 14 страни со мрчење за тоа како можел Сашо (ОМГ КАКО МОЖЕЛ :eek: , КАКО СЕ ОСУДИЛ НА ОЈ ПОТЕГ ОМГОМГОМГ )тоа да го напраи тоа јавно кога тоа е инимен чин... Како моеше оној на вести да ја побара, као моеше оној на плоштад да ја побара....
Повеќе е битно како тоа било изведено, дали имало свекрва у позадина, дали имало атлантис бонбончиња, која песна била, дали му капнало на мајсторот додека варосувал... отколку самиот момент на запросување, на љубов, на иден брак и среќа, и се тоа е во втор план.

Мрчете си бе колку сакате, ме заболе мене шо од вас цути негативност, мене мие убаво кога гледам дека на некој му е битно да ја напраи девојката среќна со таков чин, што сака да ја покаже среќата пред сите.
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
не ми е јасно како можите да си ги копате очите за нешто што вас не ве засега по никаква основа... Од ко ја запроси ниту времето се стопли ниту берзите рипнаа,ниту бензинот поскапе... Не знам кој ви е проблемот бе луѓе.Тие двајца тоа си го сакаа и го направија,ако ви се допаѓа убаво за вас,ако не има и други копчиња на далинското... На толку големи срања по нашиве канали вие најдовте да се карате за искажување љубов,без разлика колку е кич или клише...
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.705
Поени од реакции
11.941
Демек ги читам сите твои мислења?
Па тогаш од каде право да речиш дека сум наоѓал мана на сите јавни настани? Или еве ....сме наоѓале? Не оди тоа така
--- надополнето: 24 февруари 2012 во 19:26 ---
Брат 80 % од мислењава на темава се твој и од другарот твој. И сите шо честитаа напишаја само еден пост, честито. Не се вратија на темава, готово. Ти милион поста напиша, на секој го цитираш , му контраш... Или некој тешки фрустрации лечиш на темава или стварно имаш премногу слободно време. Не ми реплицирај те молам, стварно не би да прочитам уште едно твое мислење.
Не не ....ќе те цитирам. Ајде кажи ми ти мене кој тоа честитал па после не се вратил на темава? Неколкумина да. Повеќето се вратија. А некои не честитаа туку прво на нас се нафрлија....па сега ти види.....:coffee:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Не си измислувај мои зборови :)

14 страни со мрчење за тоа како можел Сашо (ОМГ КАКО МОЖЕЛ :eek: , КАКО СЕ ОСУДИЛ НА ОЈ ПОТЕГ ОМГОМГОМГ )тоа да го напраи тоа јавно кога тоа е инимен чин... Како моеше оној на вести да ја побара, као моеше оној на плоштад да ја побара....
Повеќе е битно како тоа било изведено, дали имало свекрва у позадина, дали имало атлантис бонбончиња, која песна била, дали му капнало на мајсторот додека варосувал... отколку самиот момент на запросување, на љубов, на иден брак и среќа, и се тоа е во втор план.
И ти не им измислувај лажен мрч на мрчаторите на темава. Не е хејтот за тоа како се осудил, туку за тоа колку е патетичен, провиден и фејк истиот тој обид. Планиран, договорен, наместен... А крајниот производ - блам, кич и пораз за поимот romance.
Обвинувањето дека продаваш лицемерие, исто така е на место. Можеби и Стеф преку видеото сакал да ја направи(и ја направил) девојката среќна. Можеби девојката паѓа на такви гестови. :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
И ти не им измислувај лажен мрч на мрчаторите на темава. Не е хејтот за тоа како се осудил, туку за тоа колку е патетичен, провиден и фејк истиот тој обид. Планиран, договорен, наместен... А крајниот производ - блам, кич и пораз за поимот romance.
Обвинувањето дека продаваш лицемерие, исто така е на место. Можеби и Стеф преку видеото сакал да ја направи(и ја направил) девојката среќна. Можеби девојката паѓа на такви гестови. :)
„Искрено знам дека не се случува ништо помеѓу нас двајца, и нема ни да се случи, така јас одлучив“ - која девојка нема да падне на ова еи.
И ако одиме по твоиве муабети, од кај знаеш дека стеф навистина збори за некоја девојка а не си измислува приказна? Од кај знаеш дека не е сето тоа наместено?

И пак ќе кажам, сосема два различни настани.
Стеф јебото, праи видео со најтужни фацјални експресии. И мрчење за мрчењето на мрчаторите на темата запросување на буба мара.
 
I

Iblis

Мрч мрч мрч мрч мрч
сега ми е полесно, мрч мрч мрч хух
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
„Искрено знам дека не се случува ништо помеѓу нас двајца, и нема ни да се случи, така јас одлучив“ - која девојка нема да падне на ова еи.
И ако одиме по твоиве муабети, од кај знаеш дека стеф навистина збори за некоја девојка а не си измислува приказна? Од кај знаеш дека не е сето тоа наместено?

И пак ќе кажам, сосема два различни настани.
Стеф јебото, праи видео со најтужни фацјални експресии. И мрчење за мрчењето на мрчаторите на темата запросување на буба мара.

И јас се одрав на видеото. Ти отиде чекор подалеку и го архивираше. Секоја чест.
Заборавив да те замолам да ми го пратиш некако, гледам има копирајт клејм од типот на JewTube.

Од тоа што те имам читано, имав впечаток дека си поборник против кичот. Овде лицемерието лежи во глупавата теза која ја пласираше дека не е тоа за хејт оти (можеби) ја направило девојката среќна. А причинителите на среќа се многуслојни. Мене видеото на Стеф ме направи многу среќен и расположен. Вие го ребравте за тоа.
Да отидеме и степен подалеку.
Некои луѓе со анти-американски сентимент се радуваа и усреќуваа на снимките на кои паѓаат кулите-близначки. Светот го осуди таквиот терористички чин.
Смртта на Тоше сигурно усреќи некои луѓе. Добар црн хумор излезе од целата таа случка. И покрај тоа, кога Тоше умре, во Македонија имаше небаре колективно самоубиство на 2 милиони луѓе.
Смртта на Гадафи ги усреќи и воените профитери на запад и сите дебелокожци од "the first world". Целата таа војна и нејзиниот епилог е за секаква осуда.

Видиш какви сериозно грозоморни примери ти дадов? :D
Не знам што и зошто браниш тука, ама сериозно би те посоветувал да ја зацврстиш аргументацијата. Таруно барем беше директен, си кажа дека Шаше му е другарче и на таа основа не дозволувал да го навредуваат. Јас го почитувам тоа, но сепак ич не ми е гајле и ќе си продолжам да плукам против ваквите идиотарии, без да го баратам неговото мислење. Ти, од друга страна, се заплетка во некаква си среќа, позитивни вибрации, романтики и двојни аршини.
Не мине. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom