Кајгана психолог

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Calm down boy.
Спротистави се,размисли зошто сето ова се случува,каде е грешката > дали е во тебе,или во некој друг(Не биди како примерот горе кој ти го поставив).Кажи на мајка ти како се чуствуваш,брат/сестра поголема ако имаш бидејки тие секогаш најдобро ти мислат.

Се надевам дека малку помогнав :)
Ух со моите дома неможе воопшто да се разговара одамна за нив сум изгубен случај и човек кој што не го очекувале стално велат ќе завршам ко вујко ми кој наполни 50 години и сеуште не е женет.. Најмногу ме погодува она што велат дека се би ми простиле но тоа што неумеам со женските никогаш нема да ми го простат. Татко ми на времето вртел по 10 женски или незнам колку точно па јас сум бил глуп и се тоа... Незнам едноставно незнам ни што значи љубов никогаш не сум се чуствувал сакан.......
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Има ли конкретен проблем или не можеш точно да дефинираш што те мачи?
(прво ова да го расчистиме, после другото :) )
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Има ли конкретен проблем или не можеш точно да дефинираш што те мачи?
(прво ова да го расчистиме, после другото :) )
Е изгледа неможам да дефинирам што точно ме мачи но се мислам дека ме мачи тому неуспехот на љубовен план пристапот со девојките , потоа ме мачи што никако неуспеав да имам пријатели , ме мачи што никогаш не ме пофалиле моите за ништо а неуспехот на глава ми го качуват..
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ух со моите дома неможе воопшто да се разговара одамна за нив сум изгубен случај и човек кој што не го очекувале стално велат ќе завршам ко вујко ми кој наполни 50 години и сеуште не е женет.. Најмногу ме погодува она што велат дека се би ми простиле но тоа што неумеам со женските никогаш нема да ми го простат. Татко ми на времето вртел по 10 женски или незнам колку точно па јас сум бил глуп и се тоа...
И кај тебе гледам мала грешка повторно:Не дозволувај да те омаложуваат бидејки на ваков начин ти ја губиш самодовербата која е една од најважните работи во животот.Без неа нема да постигнеш ништо..Тогаш потруди се да им го докажеш спротивното.Тоа ти е доволна мотивација за почеток.
Иако ти изгледа тешко кажаното сепак не е,верувај.Потребно е само труд и желба а понатаму ке си течат работите како што треба и секако најважното:Ако имаш постојано црни мисли сигурно животот ке ти биде тежок.Мисли на нешто друго,почни да правиш планови за иднината и задача ке ти биде да ги оствариш и не се откажувај додека не успееш.Направи го сето тоа што не си го направил досега за да не се каеш подоцна.Почни да уживаш во животот бидејки е еден и нема репете.Бидејки подоцна ке жалиш зошто не си го искористил времето :)
 

Attachments

Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Е изгледа неможам да дефинирам што точно ме мачи но се мислам дека ме мачи тому неуспехот на љубовен план пристапот со девојките , потоа ме мачи што никако неуспеав да имам пријатели , ме мачи што никогаш не ме пофалиле моите за ништо а неуспехот на глава ми го качуват..
Си имал некогаш девојка? А пријатели?
И што те спречува да ги стекнеш?
Недоверба? Срамежливост? Преголема самокритичност? Друго? :))
 
O

Orion.

Гостин
Ух со моите дома неможе воопшто да се разговара одамна за нив сум изгубен случај и човек кој што не го очекувале стално велат ќе завршам ко вујко ми кој наполни 50 години и сеуште не е женет.. Најмногу ме погодува она што велат дека се би ми простиле но тоа што неумеам со женските никогаш нема да ми го простат. Татко ми на времето вртел по 10 женски или незнам колку точно па јас сум бил глуп и се тоа... Незнам едноставно незнам ни што значи љубов никогаш не сум се чуствувал сакан.......
Фати си девојка... Животот ќе ти се смени за 360 степени:sneaky:
Не умееш со девојки? Никој не се родил Дон Жуан.
Знаеш која е разликата меѓу тебе и момците кои ,,умеат,, со женски? Вториве се опуштени а ти стегнат, затворен. Мислиш дека фраерите се однесуваат со девојките како главни ликови од холивудски романси? Мислиш дека секој муабет со нив им е симињање ѕвезди? Мислиш дека под смисла за хумор се подразбира дечкото цело време вицови да и кажува на цурата? Ако мислиш вака се лажеш. Единствена разлика меѓу тебе и нив е тоа што они се опуштени. Апсолутно ништо друго. Верувај во себе.
Тоа што ти зборат дома (се чудам како уопште те замарат со тоа) игнорирај го. Не се замарај кој што збори за тебе макар тоа да бил и твојот татко. Не биди толку емоционален, не сфаќај све здраво за готово. Дали некој нешто кажал или не исти к*р...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Си имал некогаш девојка? А пријатели?
И што те спречува да ги стекнеш?
Недоверба? Срамежливост? Преголема самокритичност? Друго? :))
Сум имал неколку врски и колку повеќе сакав да успеат толку повеќе се случуваше обратното , пријатели не сум имал не бар онакви со кој може да искочиш во диско , да шеташ некаде или незнам што моите “пријатели“ се сведуват на само чисто ми треба нешто или им треба нешто и нема ништо повеќе нема собранки по било каков повод ко што прават вообичано или ќе се соберат повеќето од нив а јас не сум повикан... Страмежлив па до негде со луѓе кој не ги знам толку, Недоверба да животот ме разочара ама преживувам, преголема самокритичност и тоа да секој неуспех не ме прави посилен туку послаб ете ќе земам неуспехот со последната девојка ме врати нанекој чуства кој мислев дека ги надминав па сега си ги прелистувам пак тие белешки и неможеш едноставнио да небидеш самокритичен иако на крај ќе ми текне ех не е до мене нема кај мене грешка
 
B

Black Guard

Гостин
На секое зошто има затоа што,ако дејствуваме и притоа извршиме некој настан А логично е да следува настан Б. Размислувај одреден период како машина и ќе ти биде подобро па потоа ќе сватиш дека не си ти тооолку несовршен...СИТЕ БЕЗ ИСКЛУЧОК сме несовршени исто и твоите користољубиви пријатели-опција Б е да стекнеш нов пријател макар еден ама вреден а за тоа искористи ги сите врски,помагај му кога ќе му биде тешко и така ќе го разбудиш алтруизмот кај него и ќе стекнеш вистински пријател а женските сами доаѓаат и логично е да имаш секс бади доколку не си вљубен во некоја женска и немој по никоја цена да се комплексираш и да чувствуваш вина-логиката е следна...ти си сега млад во т.н улавите години па сега треба да уживаш во животот,да уживаш на секое изгрејсонце оти верувај ако го поминеш ова време чувствувајќи(неоправдана) вина и да си бараш маани ВРЕМЕТО ЌЕ ПОМИНЕ а ти жив ќе се јадеш за да го вратиш назад.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Во однос на пријатели, потруди се малце повеќе... не може постојано другите да те викаат, преземи ја ти главната иницијатива. Ако треба да се зближите - ќе биде, ако не, ќе си најдеш нови. Излегувај често, движи се на различни места и никако со предрасуди за музиката или луѓето или ентериерот или не знам што. Секаде може да се начека секаков свет, само мора да си комуникативен и опуштен. Зборувај, прашувај, слушај, поддржувај, толерирај кога треба, внимавај, разбирај! И најважно, забавувај се.

А за неподдршката од дома, навистина ми е жал. Таа е многу важна за човек да созрее. Но, многу луѓе ја немаат, и добрата вест е што можеш и без неа. Тоа ќе те направи силен и многу понезависен. Треба да сфатиш дека ти си човек за себе, ако разбрав добро имаш 21 година, и не смееш да дозволиш мајка ти и татко ти да те „тепаат“ со зборови и забрани. Детската невина послушност остави ја во минатото каде што и припаѓа. Сега ти ги поставуваш правилата на сопствениот живот и нема потреба да се чувствуваш лошо заради тоа што тие не се поклопуваат со оние на твоите родители.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
-прв пат ја отварам темава,сите стр.не ги ни прочитав
сакам некому да кажам-ми се иде да убијам
и стварно веднаш би го сторил тоа,иако повеќето велат
тој што збори,го ќажува тоа и не го прави тоа.Тогаш што
ме задржува а еден сум од тие.Можеби слатките внуци.
А што е проблемот.Јас.Државата.Политиката.Животот.
Што сум помислил и го мислам везден тоа.Причина еве
една.Кога мојте деца ќе станат “луѓе“ на оваа држава.
А и тие од одамна имаат и свој деца. Јас се разбира ги
сакам, но до кога ќе издржам или што ако ме нема мене.
Двајцата родители се без никаква работа.Примања
никакви, село,чварки,јајца нема,само асфалт и Рамстор.
Но еве и тоа да речам е мака што не ме мачи најмногу,
ај јас ќе ги ранам,кај 10год. до сега ај уште 10 од сега.
Мака бр.2.Од која и те како ме боли глава и мислам на
прво најавеното.Моето дете заврши-дипломира на УКИМ
во 2оо5 год. како најдобар студент ама работа нема од
за вас познати причини.Од тогаш до сега кој “дудук“ или
“дибек“ завршил од истата струка одма на работа а плус
она по “рамки и џебови“ да не спомнуваме,а моето со
највисок просек никако,дали затоа што сум работник и
верен на Македонија.Еве заврши (ува) и подипломски
т.с. магистер (така ли беше) и тоа со 10,0 ама не вреди.
Е ај кажете не ли сум во право ова што го барам во
најавата,да чекам ли уште,ќе се промени ли нешто,
кога вака е секаде во цела држава,затоа мислам и
постојано мислам на тоа мора да има и прв чекор па
макар и ваков што го најавив за да биде подобро.
 
B

Black Guard

Гостин
Треба да посетиш невропсихијатар бидејќи кога постојат мисли за наштетување себеси или на друг(во случајов имаш мисли да убиеш некој) има соодветна терапија.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Е ај кажете не ли сум во право ова што го барам во
најавата,да чекам ли уште,ќе се промени ли нешто,
кога вака е секаде во цела држава,затоа мислам и
постојано мислам на тоа мора да има и прв чекор па
макар и ваков што го најавив за да биде подобро.
Неколку совети од мене господине.

Верувам дека сте постара особа, која не може да спие навечер од темни мисли и секирации за судбината на вашата фамилија. Но во исто време верувам дека сте човек кој знае да се соочи со предизвиците и искушениата од овај 21 век.
Прво и основно, МОРА да знаете дека вакви проблеми има секој 10ти граѓанин во државава, а секој 15ти има далеку полоша ситуација од вашата. Вие барем сте успеале да го школовате вашето дете! Кога тогаш (и тоа не зависи од вас) ќе излезе на површина неговата диплома. А него мора да му биде јасно, додека чека да работи по струка - нека работи што било! (со оглед на финансиската ситуација).
Тоа што милион дудуци влегуваат пред него на работа - нека ве љути!.. но нека НЕ ве изненадува. (и во тоа не сте единствени)
Значи гледајќи на вашиов проблем од птичја перспектива - јас го гледам македонското опшество.
Иако вие сте се обратиле овде за помош, јас сум убеден дека вие го знаете решението.
Тоа е - жртва!. Но НЕ да се самоубивате господине... Вие тоа добро го знаете.
Жртвата треба да е направат вашите деца. Значи во оваа опшествено-економска ситуација на земјава, мора да му биде јасно на вашите деца дека под итно треба да се спуштат 10 скалила подолу, и да почнат да работат БИЛО ШТО, и немора да ви напоменвам дека човек што сака да работи - ќе работи! Во околината на Скопје шансите се објективно - најголеми.
И најниската плата да е добиваат, и тоа е доволно. Значи мора сериозно да се соживеат со вашиот проблем, и да се знае дека секакви финансии се добредојдени.
Јасс знам дека ние живееме во транзициско време во кое идеалот е "Учи синко - Директор ќе те прајме".... И јас, и моите родители сме размислувале така... Но времето покажало дека обичниот граѓанин започнува од 0 (нула), и потоа се бори за она што не-обичниот го има со помош на политика и пријатели. И што побрзо започни, тоа подобро!
А вашите црни идеи што се производ на вашата ситуација, поминуваат и заминуваат.
Ништо нема да мени еден таков екстремен чекор, и немој да мислите дека таква жртва ќе вроди плод и промени.
Ќе ве пуштат 2 дена на вести, и никому ништо. Тоа е реалноста..
Сте се бореле толку време, ќе се борите и понатака.. Така си оди животот.
Но немој да се етикетирате како кривец во целата ситуација, туку напротив ич да не ви биде страм да извршите искрен и родителски притисок врз вашите деца да почнат да работат (притоа давајќи им на знаење дека и тие имаат деца на кои им треба стабилен родител).
Јас сум сигурен дека ме разбирате.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Треба да посетиш невропсихијатар бидејќи кога постојат мисли за наштетување себеси или на друг(во случајов имаш мисли да убиеш некој) има соодветна терапија.
-а зошто терапија, да не сум веќе будала...
па ја не барам ништо повеќе од оние пет “дудуци“ што
ги прими владата по нивни конкурс за службеници,а сите
кој од каде и 100% неписмени во струката ама Албанци.Па
дури и одговор пратија мајката,“одбрани се тој и тој..... “
значи не ги интересира знаењето.
Затоа сум решил како во најавата,
.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 15:57 ---
-СУГИ- добри совети
точно темни мисли потемни да не можат да бидат
но до кога вака ?
до кога ќе им дозволуваме на оние другите “не-обичните“
да прават од нас обични,зошто е тоа така,не се трпи веќе
на кој директор или министер му е детето без работа 7 год.
а тој и онака има и други привилегии и поволности и пари.
Мајката му е мојата најава.
Кога можеле тоа да го сторат Стив,Шовељ,Строгов и др.
а во поново време и Т... море треба цела револуција.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Треба да посетиш невропсихијатар бидејќи кога постојат мисли за наштетување себеси или на друг(во случајов имаш мисли да убиеш некој) има соодветна терапија.
Јас мислам дека човекот е далеку од убивање некого, но ако веќе има такви мрачни идеи, треба да посети некој обучен за психотерапија, кој не е невропсихијатар. Доволно е да појде во првата психолошка/психијатриска ординација, има што работат со сини картони...
 
Член од
29 февруари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
6
Добро се борам како знам и умеам против се лошо што ми носи животот на секаогаш кога најмногу ми треба пријател немам никого... Ох многу ми е тешко кога се чуствувам осамен и неприметен од никого се прашувам што е тоа толку чудно кај мене што никогаш не успеав да се здобијам со пријатели? Зошто едноставно колку повеќе се обидувам да привлечам внимание не успевам да го добијам? Толку сакам да имам некој со кого ќе можам да споделам се кога ми е тешко , сакам да имам човек кој ќе ми даде совет што да правам затоа што понекогаш незнам да си одговорам! Живеам со стравот и со стресот незнам како да ги победам. Девојка немам искрено незнам ни како и да се однесувам со неа и да ја имам кога си премногу добар и фин нечиниш и веднаш ќе ти најде замена а ако си арогантен не си нејзин тип ух ми недостига нешто но никако неможам да разберам што посакував од сегогаш да имам некој кој ќе ме подучи што треба да сторам
Баш се пронаоѓам во напишаното...Истото ми се случува и мене.
19 год имам,скоро 20,а самодовербата ми е на многу ниско ниво.
Преемоционална личност сум,срамежлива,затворена со непознати луѓе.
Најголемиот проблем кој ме следи подолго време и секако дека не е период, е шо сум премногу желна за внимание.И не било од кој,туку внимание од некој од спротивниот пол.
Физички сум привлечна,но само кога имам самодоверба.Често се случува за викенд и некое типче да ми се пушти.Разликата е шо за викенд сум дотерана,имам самодоверба,и сум опуштена (ако претходно сум се напила алкохол).
А во нормална состојба ,трезна..се срамам од премногу работи...Цело време размислувам како нешто ми фали,имам премногу комплекси.Кога се движам по улица,секогаш забележвам колку му сум привлечна на машките,без ралика дали е некој убав или не.Сакам кога некој ме гледа,се осеќам некако посебно,како да вредам.
И знам дека постојат машки кои не сакаат женски кои се цело време исподотерани со шминка и сл,ама мене некогаш ми се годи никој да не ме забележва. Колку појке сакам да ме забележваат,толку помалку ме забележваат.
Навистина не знам како да си помогнам.Мислам дека никогаш нема да си пронајдам некој како за мене.До сега сум немала ниту една врска,а ми се пуштале премногу ,некој типчиња некој не,само никој не се потрудил доволно да ме освои.Или пак ако се трудел,зае*ал уште на почетокот со неговите сексуални нагони,кои мене секако ми укажваат на непочитување...
Баш би сакала да слушнам и некое машко мислење за мојот таканаречен проблем.Бидејќи конкретно проблемот ми е за тоа дека сум желна за внимание од машките.:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom