Во врска со Ненезиќ, не се изразив со правен термин, туку со народски. Проневера - во смисла на тоа дека злоупотребил со средства, а не во кривичната терминологија. Доказ за проневерата има, проблемот е што нема можност за судска завршница, заради тоа што никаде не е прекршен законот на државата, туку само законот на ложата. Соодветно - исфрлен е од ложата, а не осуден од страна на суд.
Во случајот на Хувер - обвиненијата против него во разно-разни книги се од кривична природа и се однесуваат на прекршување на законот на државата, а до ден денес, иако за такви дела нема застареност, сеуште не е подигнат ниту еден процес.
Во случајот на Франција - Големиот Мајстор има сторено прекршочно дело (а и кривично), нарушувајќи ги законите на државата (не само на ложата), затоа и судската завршница.