Фирмите и граѓаните заглавија 335 милиони евра

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.484
Поени од реакции
5.965
Граѓаните и фирмите должат рекордни 335 милиони евра во банките кои не може да ги вратат – покажуваат последните податоци на Народната банка, за јануари годинава. Драстично расте бројот на лица и фирми кои се на црните листи на банкарите како „нефункционални“ должници кои тешко дека во овој живот ќе може пак да се задолжат.
Огласите се преполни со запленети станови, автомобили, цела механизација од фабрички погони кои се нудат на продажба, бидејќи должникот заглавил и не може да го враќа кредитот. Податоците покажуваат дека за пет години 10 пати е зголемена вредноста на сомнителните и спорни кредити кои банкарите не може да си ги наплатат. Граѓаните заглавиле по банките со 103 милион евра, а остатокот се ненаплатливи долгови на компаниите. Доминира податокот дека ако во 2007 година заглавувале најмногу граѓаните, сега во дупка кај банките се голем дел од компаниите кои не можат да си ги враќаат долговите. Црните денови за стопанството и за граѓаните почнуваат во 2009 година кога рапидно расте сумата на ненаплатливи побарувања – покажува статистиката.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1282013326C9204DAA24B4435A07511B

Осмели се !
 
Се гледа дека имаме тапа економија кога досегашниот (ако го има уствари ама ај ќе кажеме дека го има) максимален раст е толку низок па да биде врв од кој ќе почне да паѓа во депресија.
 
Уште кога велат Осмели се , започни свој бизнис.

Да бе , дај ми пари , ако успеам ќе ти вратам дупло , ако пропаднам рачунај дека си ми ги поклонил.

Се повеќе луѓе се гушат во долгови , кај банки , лихвари , пријатели и роднини ... Секој секому должи ... тие што се богати должат пошто сакале да станат побогати , тие што се сиромашни должат пошто сакале да се Осмелат и да ја клоцат сиромаштијата.

Банките се Господ да чува , прочитај само ова за 2008ма :

За цела 2008 година, банките вкупно наплатиле 335 милиони евра од граѓаните на име камати и провизии. Околу 272 милиона евра банките заработија само од камати, а 62,4 милиона евра од провизии. Приходите од камати драстично почнаа да растат со скокот на каматните стапки од втората половина на минатата година.
 
Ваквите кредити се лоши и за банките и за должниците. Ама во лоша економска состојба и тоа се случува. Каматните стапки имаат две страни должник и штедач. Така да балансот треба да биде на правото место. Иако е лоша и непријатна работа банкрот има свое место во системот. Овозможува капиталот да се префрли од лоши инвестиции во добри и кај што треба банките се само посредници на тоа.
 
Прав беше татко ми кога ми викаше учи сине банкар да станеш.
 
Јас не познавам човек без кредит. Ако има таков нека ми ја каже тајната на успехот.
 
Или министер. Пасувам за таму. Имам 25 години. Таман за министер. Не правам проблем, може да ме стават за било што, прифаќам и без ресор.
Башка ако си понадарена и послушна, на следните предвремени избори пријави се (y)
 
Или министер. Пасувам за таму. Имам 25 години. Таман за министер. Не правам проблем, може да ме стават за било што, прифаќам и без ресор.

Пасуваш. Само направи чекор и осмели се.
Дотогаш не заборавај да го плаќаш кредитот, твоја банка, твоја подршка.
 
Пасуваш. Само направи чекор и осмели се.
Дотогаш не заборавај да го плаќаш кредитот, твоја банка, твоја подршка.

Ха. Има да ги зезнам. Ќе земам кредит, ќе се осмелам и ќе подмитам некој од погорните ресори со него. Со таа плата ќе заборавам дека имам кредит.
 
Ха. Има да ги зезнам. Ќе земам кредит, ќе се осмелам и ќе подмитам некој од погорните ресори со него. Со таа плата ќе заборавам дека имам кредит.

Немаш потреба од подмитување, само пишу му секси порака додека трае седница на пратенички прашања. Таму се палат најмногу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom