Започна изградба на нова улица кон плоштадот Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Локација
Скопје, Обединета Македонија
x.gif

x.gif

Започна изградба на нова улица кон плоштадот Македонија среда, 22 февруари 2012
x.gif

Вкупно 15 милиони денари Општина Центар ќе одвои за уредување на крак на улицата „Максим Горки", од завршетокот на постојната истоимена улица до новата катна гаража кај МЕПСО.


maksim-gorki-sk-214.jpg


Изградбата на овој крак, како што информираат од општината, опфаќа комплетно нова фекална и атмосферска канализација, асфалтирање во должина од 254 метри, ширина од 7 метри и поплочување на пешачки патеки со павер елементи со ширина од 2 метри.
„Задоволен сум што Општина Центар ќе добие уште една модерна улица во главното јадро. Станува збор за исклучително важна улица на која дневно поминуваат илјадници граѓани и туристи. На самата улица ќе направиме крак кој ќе им овозможи непречено движење на граѓаните. Исто така со оваа нова улична мрежа, покрај подобрување на функционалноста на улицата, ќе се направи и хортикултурно уредување на истата", изјави Владимир Тодоровиќ, Градоначалник на Општина Центар.
Градежните работи поврзани со асфалтирање на улицата ќе ги изведува градежната фирма "Гранит", фекалната и атмосферската канализација е во изведба на "Беграмо", а поплочување на пешачките патеки ќе го врши "Анизор". По должина на целиот крак ќе биде изведено комплетно осветлување, а неговата изведба ќе ја врши "Елтра".

 
ХМ,па Максим Горки си беше и до сега улица..ова би му било реновирање веројатно..само треба да ја направат како онаа соседната до Тренд што е ..таа е супер ,така и ова да биде (y)
 
- што уште е Ул. Максим Горки, а јас мислев Ацо Караманов
или во Москва кон црвениот плоштад е улицата на овој или
оној наш поет или писател.Незнам, не тврдам, не сум бил.
 
- што уште е Ул. Максим Горки, а јас мислев Ацо Караманов
или во Москва кон црвениот плоштад е улицата на овој или
оној наш поет или писател.Незнам, не тврдам, не сум бил.
Улица Ацо Караманов веќе има, на Водно.
 
ХМ,па Максим Горки си беше и до сега улица..ова би му било реновирање веројатно..само треба да ја направат како онаа соседната до Тренд што е ..таа е супер ,така и ова да биде (y)
Уличкава треба да излегува од кај "Свирачите" скулптурата кај куќичката од паркингот на плоштад т.е. помеѓу двете згради од телеком и таа најновата на плоштад.
 
Станува збор за крак кој ќе поминува кај зградата на Телеком и Еуролинк во правец на новата катна гаража.
g_krak-na-maksim-gorki-1.jpg

Сликата е превземена од НетПрес.
 
мене не ми е јасно за која улица се работи. дајте слика од google earth и потенцирајте за која улица поточно станува збор пошто околу плоштадот има над 10 улици ебаго
 
мене не ми е јасно за која улица се работи. дајте слика од google earth и потенцирајте за која улица поточно станува збор пошто околу плоштадот има над 10 улици ебаго
scaled.php
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom