Swindon Town FC е основан во 1879 година, а статус на професионален клуб добива во 1894 година, кога почнува да се натпреварува во Јужната Лига. Клубот, кој е познат по прекарот The Robins, настапува на стадионот The County Ground со капацитет од 14700 гледачи.
Најзначајниот момент во историјата на овој клуб е во сезоната 1968/69, кога Swindon Town, како клуб од Третата Дивизија, успеал да го совлада Арсенал во финалето од Лига Купот со 3:1. Истата сезона клубот успеал да влезе во Втората Дивизија.
Swindon Town во Премиер Лигата играл само еднаш, во сезоната 1992/93, но веднаш испаднал во понизок ранг, откако бил најслаб тим во лигата, со преку 100 примени гола.
Откако минатата сезона Swindon Town испадна од League One, сезонава е на добар пат да се врати во ова натпреварување, со оглед на тоа што моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во League Two со бод предност и 2 натпревари помалку од второпласираниот Cheltenham Town. Тимот, предводен од менаџерот Паоло Ди Канио, во моментов има низа од 9 победи по ред. Покрај импресивните настапи во League Two, Swindon сезонава успеа да го изненади и Премиерлигашот Виган со 2:1 во рамките на третото коло од FA купот. Меѓутоа, потоа беа поразени од страна на Лестер со 2:0 во четвртото коло.