Законот на Телема

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Секој маж и секоја жена не е самодел од Бога, туку е и Врховен Бог.“Центарот е насекаде, а работ никаде”. Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова можеда биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигневисока состојба на свест. Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка. Сепак, тој беше сосема во право. Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето . Секое едноставно, елементарно Себствое врховно, Сам Бог. Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Aпсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи! Извадок од „ Законот е за Сите “- Алистер Кроули Ipsissimus,дали ова се твои зборови,од тебе излегоа,ти ги напиша? Да се пие вода од туѓ бунар не е исто што и да си ископаш свој и од него да си ја гасиш жедта. Доколку мислиш дека тие само ти даваат алат да те научат како сам да си ископаш бунар си погрешил.Бидејќи бунарот ќе припаѓа на оние кои ти дале алат,зошто во тебе ќе опстојува мислата дека без нивно познавање ти не би можел да ископаш ништо со што и ти и твојот бунар им припаѓате на нив.А тие носат определено име,имаат своја света книга и се оделени од останатите,тоа што ти безусловно ќе го прифатиш и следиш. Ipsissimus, секој треба да си го ископа својот бунар сам,со свој алат,со свој труд.Дали мрзливоста или неспособноста,можеби желбата да осознаат кој се,што се ,е тоа што ги тера да пристапат и да пијат вода од туги извори само да ја изгасат својата жед(да се спознаат себеси). Токму ова го користат ваквите групи кој ја фрлаат мрежата за да уловат риба-човечка душа,тие се еден вид апостоли,нудејќи себе спознавање и просветлување. Доколку си ископаш свој бунар со своја пот и свој алат и пиеш вода само ти,од тебе ќе извираат многу подлабоки мисли отколку таа книга на која се потпираш.Ќе видиш тоа што очи не виделе и ќе слушнеш тоа што уши не слушнале. Ако тогаш почнеш да ги пренесуваш мислите на хартија и истата ја понудиш како своевидна помош на тие што допрва доаѓаат како полесно да ископаат свој бунар,си отстапил од изворот.Создавајќи свој бренд,онаков каков што сега следиш. Ipsissimus,водата од бунарот е еден вид жена која ќе биде само твоја и ќе ја гаси само твојата жед,нејзината љубов заслужија сам,не дозвојлувај стројници да имаш. Бидејќи со сила љубов не бива. Еднаш ти кажав на ЛП еве сега и на форумов,а ти како сакаш така прави.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus,дали ова се твои зборови,од тебе излегоа,ти ги напиша? Да се пие вода од туѓ бунар не е исто што и да си ископаш свој и од него да си ја гасиш жедта. Доколку мислиш дека тие само ти даваат алат да те научат како сам да си ископаш бунар си погрешил.Бидејќи бунарот ќе припаѓа на оние кои ти дале алат,зошто во тебе ќе опстојува мислата дека без нивно познавање ти не би можел да ископаш ништо со што и ти и твојот бунар им припаѓате на нив.
Не се мои зборови, но содржат суштина која одсекогаш сум ја имал како мој став и разбирање. Дека се е дел од се останато, дека секој е центар на универзумот....
Незнам зошто си толку самоуверен дека грешам, но тоа си е твоја работа. Многупати на оваа тема беше кажано дека никој не припаѓа никому, но ти си имаш некоја замисла за тоа како е да се биде во редот, и врз основа на тоа, носиш заклучоци. Како што јас неможам да кажам каква мисла ќе опстојува во тебе, во некоја дадена ситуација, така и ти неможеш да знаеш за моите мисли.
А тие носат определено име,имаат своја света книга и се оделени од останатите,тоа што ти безусловно ќе го прифатиш и следиш. Ipsissimus, секој треба да си го ископа својот бунар сам,со свој алат,со свој труд.Дали мрзливоста или неспособноста,можеби желбата да осознаат кој се,што се ,е тоа што ги тера да пристапат и да пијат вода од туги извори само да ја изгасат својата жед(да се спознаат себеси). Токму ова го користат ваквите групи кој ја фрлаат мрежата за да уловат риба-човечка душа,тие се еден вид апостоли,нудејќи себе спознавање и просветлување.
Јас ништо не прифаќам безусловно, тоа е став кој е повеќе од јасен, и кој многу пати сум го потенцирал.
Многупати беше посочено на оваа тема дека аспирантот не треба да прифаќа без преиспитување ништо:

VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ
  1. Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
  1. Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета
Што се однесува до твојата забелешка дека секој треба да си го копа својот бунар, еве што беше исто така кажано:

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.
Споделувањето искуства на патот кон усовршување, незначи одстапување од својот пат. Не сум се нашол јас преку ноќ на тој пат, многу нешта биле патокази кој ме донеле до таму каде што сум.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Секој маж и секоја жена не е самодел од Бога, туку е и Врховен Бог.“Центарот е насекаде, а работ никаде”. Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова можеда биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигневисока состојба на свест. Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка. Сепак, тој беше сосема во право. Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето . Секое едноставно, елементарно Себствое врховно, Сам Бог. Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Aпсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи! Извадок од „ Законот е за Сите “- Алистер Кроули


Ipsissimus,дали ова се твои зборови,од тебе излегоа,ти ги напиша? Да се пие вода од туѓ бунар не е исто што и да си ископаш свој и од него да си ја гасиш жедта. Доколку мислиш дека тие само ти даваат алат да те научат како сам да си ископаш бунар си погрешил.Бидејќи бунарот ќе припаѓа на оние кои ти дале алат,зошто во тебе ќе опстојува мислата дека без нивно познавање ти не би можел да ископаш ништо со што и ти и твојот бунар им припаѓате на нив.А тие носат определено име,имаат своја света книга и се оделени од останатите,тоа што ти безусловно ќе го прифатиш и следиш.

Ipsissimus, секој треба да си го ископа својот бунар сам,со свој алат,со свој труд.Дали мрзливоста или неспособноста,можеби желбата да осознаат кој се,што се ,е тоа што ги тера да пристапат и да пијат вода од туги извори само да ја изгасат својата жед(да се спознаат себеси). Токму ова го користат ваквите групи кој ја фрлаат мрежата за да уловат риба-човечка душа,тие се еден вид апостоли,нудејќи себе спознавање и просветлување.

Доколку си ископаш свој бунар со своја пот и свој алат и пиеш вода само ти,од тебе ќе извираат многу подлабоки мисли отколку таа книга на која се потпираш.Ќе видиш тоа што очи не виделе и ќе слушнеш тоа што уши не слушнале. Ако тогаш почнеш да ги пренесуваш мислите на хартија и истата ја понудиш како своевидна помош на тие што допрва доаѓаат како полесно да ископаат свој бунар,си отстапил од изворот.Создавајќи свој бренд,онаков каков што сега следиш.

Ipsissimus,водата од бунарот е еден вид жена која ќе биде само твоја и ќе ја гаси само твојата жед,нејзината љубов заслужија сам,не дозвојлувај стројници да имаш. Бидејќи со сила љубов не бива. Еднаш ти кажав на ЛП еве сега и на форумов,а ти како сакаш така прави.
Преку мобилен нема прегледност,вака е подобро.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Преку мобилен нема прегледност,вака е подобро.
Колку само да нема недоразбирања......јас никогаш не сум разговарал со тебе на мобилен.
Освен ако постот не си го пишувал преку мобилен......ако мислеше на тоа, ок.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Зарем не бил алистер кроули двоцефкаш и наркоман??
Кроули бил се што сакал да биде :) Да видиме што сте вие и до каде сте...
Има наназад еден линк, со сите измислици и вистини за Кроули... на памет не знам како беше линкот.

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. Мило ми е што темата не умира :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Кроули бил се што сакал да биде :) Да видиме што сте вие и до каде сте...
Има наназад еден линк, со сите измислици и вистини за Кроули... на памет не знам како беше линкот.

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. Мило ми е што темата не умира :)
:pos: двоцефка.......... креативен е дечкото со "аурора бореалис аватар". Мора да признаеме, нели?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Не се мои зборови, но содржат суштина која одсекогаш сум ја имал како мој став и разбирање. Дека се е дел од се останато, дека секој е центар на универзумот....
Незнам зошто си толку самоуверен дека грешам, но тоа си е твоја работа. Многупати на оваа тема беше кажано дека никој не припаѓа никому, но ти си имаш некоја замисла за тоа како е да се биде во редот, и врз основа на тоа, носиш заклучоци. Како што јас неможам да кажам каква мисла ќе опстојува во тебе, во некоја дадена ситуација, така и ти неможеш да знаеш за моите мисли.
Ipsissimus,до вчера се препознаваше во сатанизмот,денес се препознаваш во телема,утре кој знае во што ќе се препознаеш.До кога така?:facepalm:
Што повеќе учиш и читаш,толку помалку себеси се осознаваш,наместо да се доближуваш ти се одалечуваш.
Остави изворот да допре до тебе,оној никулец кој е длабоко закопан во секој човек,од кој потекнуваат сите книги и размислувања.Тогаш нема да имаш потреба да се препознаваш во нешто или некого,другите ќе се препознаваат во тебе.


Што се однесува до твојата забелешка дека секој треба да си го копа својот бунар, еве што беше исто така кажано:
Ако тоа што го напишав се совпаѓа со вашата книга,дали значи дека јас сум произлегол од нив?
Да пиеш флаширана вода не е исто што и од самиот извор.
Бидејќи флашираната ќе ти ја изгаси жедта,но кога ќе ја испиеш ќе мораш повторно да бараш друго шише,а тогаш ќе се препознаваш во кој знае каква група заедно со нивната книга.
Додека ако стигнеш до изворот тој останува во тебе и ти во него.
Немаш потреба повеќе да бараш и препознаваш.
Нема книги, нема групи,но затоа самотијата ќе ја имаш во изобилство.



Споделувањето искуства на патот кон усовршување, незначи одстапување од својот пат. Не сум се нашол јас преку ноќ на тој пат, многу нешта биле патокази кој ме донеле до таму каде што сум.
Токму ова е проблемот,не треба да очекуваш ништо.
Изворот не ги одбира оние кои очекуваат нешто,напротив оние кој ништо за возврат не бараат иако по патот ќе изгубат све,па дури и својата душа.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 17:16 ---
Колку само да нема недоразбирања......јас никогаш не сум разговарал со тебе на мобилен.
Освен ако постот не си го пишувал преку мобилен......ако мислеше на тоа, ок.
Да на тоа мислев,преку мобилен го постирав.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Ако тоа што го напишав се совпаѓа со вашата книга,дали значи дека јас сум произлегол од нив?
Да пиеш флаширана вода не е исто што и од самиот извор.
Бидејќи флашираната ќе ти ја изгаси жедта,но кога ќе ја испиеш ќе мораш повторно да бараш друго шише,а тогаш ќе се препознаваш во кој знае каква група заедно со нивната книга.
Додека ако стигнеш до изворот тој останува во тебе и ти во него.
Немаш потреба повеќе да бараш и препознаваш.
Нема книги, нема групи,но затоа самотијата ќе ја имаш во изобилство.
Токму ова е проблемот,не треба да очекуваш ништо.
Изворот не ги одбира оние кои очекуваат нешто,напротив оние кој ништо за возврат не бараат иако по патот ќе изгубат све,па дури и својата душа.
Не си произлегол од никаде, само имаш исти мислења како нас (јас, Ипсисимус некој друг итн) a имаш свои причини да не ја поднесуваш телемата, О.Т.О. , мене, Ипсисимус итн итн :)
Точно за ова дека нема книги, нема групи и само самотија. Но тоа важи за иницијанти кои секако не ги познавате. Другото е толкувања и исплашени луѓе кои заради непознатото не сакаат иницијација и ако нема логика, за нив не е точно, како да нивниот Руах е совршен и се потпираат на него.

За очекувањето, за целта, има во Книгата на Законот сосема истото го пишува. Без страст за резултат.
За губењето по патот и откажување, така се минува Бездната ако си иницијант во А.'.A.'. (големата заклетва на Бездната) за која не зборуваме премногу бидејќи нема секако да го разберете сето тоа откажување и заминување од светот кога си на врвот на својата моќ.
И да не заборавиме:
„Но запамти добро дека Законот доаѓа од A.'.A.'., а не од О.Т.О. Овој Ред всушност е првото од религиозни тела кои службено го прифатија овој Закон, и неговиот целокупен Ритуал беше ревидиран и преуреден во склад со таа одлука.“ - Liber CCC ( Khabs am Pekht )

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. Добро е да се има сопствена тема на форумов низ која може да се запознае било кој со нас... Благодарност до Кајгана форум за постоењето на темава.
Благодарност и до учесниците на оваа тема.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus,до вчера се препознаваше во сатанизмот,денес се препознаваш во телема,утре кој знае во што ќе се препознаеш.До кога така?:facepalm:
Што повеќе учиш и читаш,толку помалку себеси се осознаваш,наместо да се доближуваш ти се одалечуваш.
Остави изворот да допре до тебе,оној никулец кој е длабоко закопан во секој човек,од кој потекнуваат сите книги и размислувања.Тогаш нема да имаш потреба да се препознаваш во нешто или некого,другите ќе се препознаваат во тебе.
До кога така? :) Се додека одам по Патот, или поточно се додека не станам едно со Патот.
Сите овие прашања се многупати одговорени, и повторно и повторно поставувани од луѓе како тебе, кој сето ова го сметаат за "лоша реклама", ама пустото никако да го сменат каналот, иако далечинското им е во рака.
Дали можеш да ми објасниш на кој начин другите го "брендираат изворот" и се измамници затоа што кажуваат некому како и што да прави (?!). А ти некако си амнестиран од тоа, иако во секој пост ми кажуваш како грешам, што треба и што не треба да правам?
Од каде знаеш дека изворот не е тоа што сум го нашол? Зошто толку ти е битно на кој начин некој ќе дојде до "изворот"?
Ако тоа што го напишав се совпаѓа со вашата книга,дали значи дека јас сум произлегол од нив?
Да пиеш флаширана вода не е исто што и од самиот извор.
Бидејќи флашираната ќе ти ја изгаси жедта,но кога ќе ја испиеш ќе мораш повторно да бараш друго шише,а тогаш ќе се препознаваш во кој знае каква група заедно со нивната книга.
Додека ако стигнеш до изворот тој останува во тебе и ти во него.
Немаш потреба повеќе да бараш и препознаваш.
Нема книги, нема групи,но затоа самотијата ќе ја имаш во изобилство.
Незнам од каде си произлегол, и не ме интересира најискрено.
Како што веќе ти кажав, никој никому не забранил, најмалку Телемитите секој на свој начин да го бара тој "извор" како што го нарекуваш.
Веќе ти кажав дека не сум дошол таму кај што сум преку ноќ, многу нешта биле водич и насока.
Тоа што ти си убеден дека мојот пат е погрешен е твое право, но одсега натаму задржи го за тебе.
Токму ова е проблемот,не треба да очекуваш ништо.
Изворот не ги одбира оние кои очекуваат нешто,напротив оние кој ништо за возврат не бараат иако по патот ќе изгубат све,па дури и својата душа.
Токму тоа и го правам.
17. Исто така, Пресветиот се спушти на мене и здогледав бел лебед, којшто плови по синилото.
18.Седнав на неговите крилја и еоните протекуваа.
19. И така лебедот леташе, се спушташе и се извишуваше, па сепак не стигнавме никаде.
20. Малото лудо момче што јаваше со мене, му проговори на лебедот и рече:
21. Кој си ти што пловиш и леташ, што се спушташ и извишуваш напразно? Погледај, сите еони поминаа; од каде дојде? Каде ќе одиш?
22. И смеејќи се го прекорив, велејќи: Од никаде! Никаде!
23. Бидејќи лебедот молчеше, тој одговори: Тогаш, ако нема цел, зошто е ова вечно патување?
24. А јас ја потпрев главата на Главата на Лебедот и се насмеав велејќи: Зар нема неизговорлива радост во овој бесцелен лет? Зар не е загрижен и нестрплив оној што сака да постигне некоја цел?
25. А лебедот и понатаму молчеше. Ах! а ние пловевме во бесконечната Бездна. Радост! Радост! Бел лебеду, носи ме секогаш горе на твоите крилја!
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
До кога така? :) Се додека одам по Патот, или поточно се додека не станам едно со Патот.
Очекувањата секогаш се пратени со разочарувања.

Сите овие прашања се многупати одговорени, и повторно и повторно поставувани од луѓе како тебе, кој сето ова го сметаат за "лоша реклама", ама пустото никако да го сменат каналот, иако далечинското им е во рака.
Дали можеш да ми објасниш на кој начин другите го "брендираат изворот" и се измамници затоа што кажуваат некому како и што да прави (?!). А ти некако си амнестиран од тоа, иако во секој пост ми кажуваш како грешам, што треба и што не треба да правам?
Од каде знаеш дека изворот не е тоа што сум го нашол? Зошто толку ти е битно на кој начин некој ќе дојде до "изворот"?
Ipsissimus,
Никогаш не знаеш што ќе излезе од јајцето,може ќе биде змија,орел или змеј.
Каков што е оној кој ти дава потик да ја пробиеш лушпата и ќе го затоплува јајцето тоа и ќе излезеш од јацето.
А секој човек живее во јајце,свет во кои сите нешта се по две,едно спроти друго.
Ти не знаеш кој ти го затоплува јајцето све додека не излезеш од него и се погледнеш што си,а ќе бидеш исти како него.
Може ќе бидеш орел кој ќе лета високо или ќе бидеш змија која ќе се крие по дупки или змеј кој ќе плука огин,но едно е сигурно ти повеќе нема да бидеш тоа што си сега,емоционална,чуствителна душа.Емоциите остануваат во дуалниот свет.
Тоа е цената која треба да се плати
А откако ќе излезеш од јајцето и се видиш што си, тогаш ќе имаш само една преокупација,а тоа е да даваш "топлина" и потик да се изведат што повеќе од твојата сорта.

Ipsissimus,затоа е битно на кој начин ќе дојдеш до изворот и ќе се осознаеш себеси.

Помисли и самиот создади се,а не да биде тоа преку некој друг, уште помалку да го преземеш нивното име и книга како твој "родители" преку кој си излегол од јајцето.

Самиот дух нема име и бренд,таков треба и ти да бидеш кога ќе излезеш од јајцето.
Тогаш најголема мака ќе ти преставува да дознаш кој си и што си,бидејќи ќе немаш облик,ниту име.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Добро, ја погрешно сфаќам или луѓево овде покушаваат да кажат дека Телемата намерно заведува што повеќе души за некоја цел....ама која де? И зошто?

Колку што јас лично сум видела, мнооооогу е тешко да се влезе во едно од овие друштва. Ако толку беа позапалени за што повеќе души ќе вриеше од луѓе таму.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Очекувањата секогаш се пратени со разочарувања.
Ipsissimus,
Никогаш не знаеш што ќе излезе од јајцето,може ќе биде змија,орел или змеј.
Каков што е оној кој ти дава потик да ја пробиеш лушпата и ќе го затоплува јајцето тоа и ќе излезеш од јацето.
А зошто би бегал од разочарувањата? Искушенијата секогаш го пронаоѓаат оној што бега од нив, колку и да мисли дека може да им се сокрие. Зарем не е кукавица оној што сака да го одбере сигурниот и полесен пат?
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: се е како што било секогаш.
А секој човек живее во јајце,свет во кои сите нешта се по две,едно спроти друго.
Ти не знаеш кој ти го затоплува јајцето све додека не излезеш од него и се погледнеш што си,а ќе бидеш исти како него.
Може ќе бидеш орел кој ќе лета високо или ќе бидеш змија која ќе се крие по дупки или змеј кој ќе плука огин,но едно е сигурно ти повеќе нема да бидеш тоа што си сега,емоционална,чуствителна душа.Емоциите остануваат во дуалниот свет.
Тоа е цената која треба да се плати
А откако ќе излезеш од јајцето и се видиш што си, тогаш ќе имаш само една преокупација,а тоа е да даваш "топлина" и потик да се изведат што повеќе од твојата сорта.
Точно, за се постои цена која мора да се плати. И без разлика колку и да не му се допаѓа тоа некому, нема друг начин. Непостојат скратени патишта.
Соочувањето со искушенијата неможе да те смени, напротив може да ти покаже кој си навистина, да ги отфрли од тебе сите лажни маски. Без разлика кој го затоплувал јајцето, од него ќе излезе тоа што навистина било внатре. Ако лав затоплува јајце од кокошка, сигурно нема да се испили лавче од тоа јајце, пак ќе биде кокошка.
Ipsissimus,затоа е битно на кој начин ќе дојдеш до изворот и ќе се осознаеш себеси.

Помисли и самиот создади се,а не да биде тоа преку некој друг, уште помалку да го преземеш нивното име и книга како твој "родители" преку кој си излегол од јајцето.

Самиот дух нема име и бренд,таков треба и ти да бидеш кога ќе излезеш од јајцето.
Тогаш најголема мака ќе ти преставува да дознаш кој си и што си,бидејќи ќе немаш облик,ниту име.
Тоа и е случјот, никој мене не ми ветил дека наместо мене ќе дојде до "изворот". Секој сам мора да ги надмине сопствени илузии и да се справи со сопствените искушенија.
Што се однесува до "брендот", тој најмалку влијае врз особините на "производот". Амбалажата и името најмалку влијаат на квалитетот и особините. Тие единствено можат да влијаат врз веќе изградените ставови на луѓето. Ако квалитетно виски, го спакуваш во амбалажа на која пишува: "Сок за растворање", вискито внатре пак ќе си биде виски, но во очите на оние кој не се спремни да погледнат, испитаат и да разодкријат, тоа ќе биде обичен сок и ништо повеќе.
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 13:38 ---
Добро, ја погрешно сфаќам или луѓево овде покушаваат да кажат дека Телемата намерно заведува што повеќе души за некоја цел....ама која де? И зошто?

Колку што јас лично сум видела, мнооооогу е тешко да се влезе во едно од овие друштва. Ако толку беа позапалени за што повеќе души ќе вриеше од луѓе таму.
Некои луѓе и слугуваат на својата суета, и мислат дека со деградирање на останатите тие самите ќе се издигнат и ќе докажат со тоа колку се интелегентни, паметни и посупериорни.
Во ситуација кога немаат аргументи на нивна страна, посегнуваат и се служат со ниски удари, напаѓајќи ја личноста на дискутантот.
Па така може да видиме на темава неколку исти луѓе, кој етикетираат и се потсмеваат на речиси секој пост од наша страна.
Доколку навистина мислат дека постигнуваат нешто со тоа, можам само да им порачам да продолжат и понатака.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom