Ве разбирам сите, сите сме разочарани од резултатот.
Но се согласувам со Боаш. За тактиката неможам да коментирам, не сум компетентен, како и сите на форумов, а упорно се правите експерти. Но едно нешто е очигледно, Боаш сака да наметне авторитет, барем тоа е јасно како ден.
Мене единствено нешто ми е многу криво, тоа е однесувањето на Лампард, за Кол не ме интересира, но за Лампард сум крајно разочаран. Тој е легенда на клубот, најдобар играч во среден ред кој некгаш играл во Челзи, но тоа не му дава право да потполно игнорира и непочитува еден менаџер, макар и неискусен како Боаш, тоа е потполно непрофесионално и глупо, и остава и лош пример за идните фудбалери на Челзи.
За Кол не ми е јасно, што има тој да се буни, кога во тимов е само поради парите на Роман, поради ништо друго, секако дека не се грижи за играта на Челзи, или за традицијата, само пари брате, па од тука навистина не ми е јасна неговата побуна против Боаш.
Андре паметно постапи што ги остави клупа, иако тоа значеше пораз за нас, но едноставно, мора да се знае дека никој не е побитен од Челзи, дека никој не е побитен од менаџерот, дека Челзи мора да биде колектив и во добро и во лошо, и јас да сум на негово место, колку и да сум виновен би постапил исто. Но истотака неговата реакција и однесување покажува дека има подршка да се однесува дрско од Абрамович, вакво однесување само Мурињо имаше, иако немаше потреба, но мило ми е што Роман му дозволува на Андре да покаже Who is the boss.
На мечов, сите потфрлија, тоа е факт кој нема да биде променет, но еден гол предност многу значи за нас, а Наполи покажа дека не е екипа со динамитна одбрана, имаше многу грешки во одбрана од нивна страна, кои мора да се искористат во Лондон. Челзи сеуште е во игра, сеуште не е отпишан и мечот ќе се реши на Стемфорд.
Но со ваква игра и однесување на играчи, ни во Лондон нема да сториме ништо, но тоа е најмалце битно.
Во ваква сезона, најбитно нешто е да се пласираме следна година во ЛШ, и на лето целосен ремонт, да се продадат сите гомна од екипава Rebelde, што повеќе потсетува на популарната тинејџерска аргентинската серија, отколку на фудбалски колектив, потоа да се создаде нов костур, во кој се надевам нема да бидат вклучени играчи како Малуда и Меирелеш кои уживаат доверба од Андре, но верувам дека тоа е така само поради тоа што му даваат blowjob.
In Chelsea I trust, in AVB I trust.
Ray Wilkins: AVB must learn from Sir Alex Ferguson!
За целиот текст, Реј е потполно во право.
Каква грешка, каков човек отпуштивме еј, не ми се верува сеуште, почнувам да мислам дека он ја држеше концепцијата во игра, пред се во одбрана, отколку било кој друг менаџер после Мурињо.
Ivanovic call for squad unity!
"For us, it's very important to stay together. Our team, our squad is not doing what is expected of us. This is a fact."
"I don't know what the manager is saying, but it is more about what is happening with Chelsea. That is more important than the relationship between the manager and players.
"The manager is doing his job by deciding who plays and we, as players, have to do our job. I think every player thinks like that and tries to make things better."