Губење на семејното презиме

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Сум за слободна волја, за жал, традицијата и конзервативноста не го дозволуваат тоа. Папучарот до мене... :pos: Е да, подобро да го нарекуваат „папучар“, отколку арогантно, шовинистичко копиле.

Не е папучар-направил добар избор но имај предвид ти си таа која дискриминираш.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:55 ---
или што сум вегетеријанец.

Ете што била работата-недостаток на Б-12.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:58 ---
Секако дека смеат да ми судат, ниту први, ниту последни.
Ама јас - I really don't give a fuck ;)

Зошто мислиш дека ќе бидеш порамноправна ако не го смениш презимето....па тоа нема врска со рамноправноста.
 
Види сега, тоа твоето ново име, или го знаат сите и те нарекуваат “нездрава“ или никој не го знае, одлучи се. Види друго нешто, цело време зборуваш дека не ти е гајле што мислат другите за тебе, тогаш зошто детето да го носи и твоето презиме? За да видат истите тие луѓе за коишто не се замараш дека си рамноправна во растот и развојот на детето? Друга причина не гледам.
А за тоа патријархално семејство и таткото дека е глава на семејството, ти одговорив дека во скоро сите документи го пишува татковото име. Ете ти нешто што не е по твој кеф во државата, вложи напори да го смениш.
Мажот ти ќе биде опериран од многу работи како што гледам, само пази од многу операции да не ја изгуби и кичмата, ако воопшто ја има.

Има такви што знаат и такви што не знаат. Кога се запознавам со некого го кажувам само едното име.
А тоа во државата ,,татково,, може да биде и ,,мајчино,, - со оглед на тоа дека некогаш го пишувам името на мајка ми, а никој не ми направил проблем...
И друго, пак реков - зошто не моето, зошто неговото?
Ако имаш одговор, кажи, ако немаш, не тролај цело време.
 
Бидејќи е обичај да се преземе машкото презиме и секој нормален брак функционира така и немој да мислиш дека губиш со тоа-напротив добиваш брачен другар а законот гарантира еднаквост.
 
Обичаите не ме интересираат.

По кој критериум е ,нормален, бракот ако се земе машкото презиме?
Законот исто така, гарантира и дека можам да го дадам моето презиме на децата.
 
А што велиш едното дете да го носи твоето презиме а другото на мажот.

Навистина не разбирам зошто се чувствуваш дискриминирана ако го преземеш презимето на маж ти???

PurplePuma напиша:
По кој критериум е ,нормален, бракот ако се земе машкото презиме?​
Фактот што мнозинството,пардон 99% прават така.

И како тоа ќе преговараш за презиме...ова не вреди да се преговара.
 
Ама нееее ти не разбираш, законот не важи дека брачните другари се еднакви. Само доколку и детето го носи презимето на мајката, само и само тогаш значи дека мажот и жената се еднакви...:tapp:

Има такви што знаат и такви што не знаат. Кога се запознавам со некого го кажувам само едното име.
А тоа во државата ,,татково,, може да биде и ,,мајчино,, - со оглед на тоа дека некогаш го пишувам името на мајка ми, а никој не ми направил проблем...
И друго, пак реков - зошто не моето, зошто неговото?
Ако имаш одговор, кажи, ако немаш, не тролај цело време.

Муабетот за татково име не ми беше за тоа кога ти пополнуваш (иако и тоа е еден случај), туку пример земаш диплома од факултет, или средно и таму го пишува само татковото име.

Зошто не твоето, зошто неговото? Традиција е едниот одговор, другиот е damage control проценка при не користење на традицијата во овој случај. Односно има повеќе негативности доколку не го смениш презимето, ставено на кантар со твојот излив на его и инает. Некои тоа го нарекуваат и себичност.
 
Ама нееее ти не разбираш, законот не важи дека брачните другари се еднакви. Само доколку и детето го носи презимето на мајката, само и само тогаш значи дека мажот и жената се еднакви...:tapp:

Муабетот за татково име не ми беше за тоа кога ти пополнуваш (иако и тоа е еден случај), туку пример земаш диплома од факултет, или средно и таму го пишува само татковото име.

Зошто не твоето, зошто неговото? Традиција е едниот одговор, другиот е damage control проценка при не користење на традицијата во овој случај. Односно има повеќе негативности доколку не го смениш презимето, ставено на кантар со твојот излив на его и инает. Некои тоа го нарекуваат и себичност.

Е добро де, себична сум и антитрадиционална.
Значи одговорот е - традиција, па според тоа, и причината е... сосема неважна.
 
Обичаите не ме интересираат.

По кој критериум е ,нормален, бракот ако се земе машкото презиме?
Законот исто така, гарантира и дека можам да го дадам моето презиме на децата.

Што ќе сториш ако партнерот побара да го земеш неговото презиме? :P
Ќе го откачиш, ќе го дисиплинираш?Што?
 
А што велиш едното дете да го носи твоето презиме а другото на мажот.

Навистина не разбирам зошто се чувствуваш дискриминирана ако го преземеш презимето на маж ти???

PurplePuma напиша:
По кој критериум е ,нормален, бракот ако се земе машкото презиме?​
Фактот што мнозинството,пардон 99% прават така.

И како тоа ќе преговараш за презиме...ова не вреди да се преговара.

Зошто сметам дека не сум помалку родител од таткото, и дека нема потреба неговото родителство да се велича.
И тоа што мнозинството го прави, не значи и дека е во ред.
Што се однесува до мене, веќе реков, може и самите жени на Трпе, Трпеици да се викаат, на Стојан Стојанки, не се тие мој проблем.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 13:46 ---
Што ќе сториш ако партнерот побара да го земеш неговото презиме? :P
Ќе го откачиш, ќе го дисиплинираш?Што?

Ќе му објаснам дека не може.
А ако не прифати... значи на време сум сфатила дека не е за мене ;)
Подобро да спречиш, отколку да лечиш.
 
Сигурна ли си за болдот:)
Мислиш дека е тоа доволна причина да ја отфрлиш љубовта на својот живот?
 
Е добро де, себична сум и антитрадиционална.
Значи одговорот е - традиција, па според тоа, и причината е... сосема неважна.
Види ти можеш да бидеш каква сакаш, не ме интересира ама ич. Ти кажав традицијата од една страна и damage control проценка од друга страна. Но ти другот дел не сакаш да го разбереш. Не дека не можеш, туку се инаетиш.
Колку и да звучи клише муабетот, сепак само тоа останува: ќе дојде денот кога ќе имаш дете(се надевам), па тогаш ќе видиш како ќе размислуваш;)
П.С Дај живти се, донеси го дечко ти на форумов :vozbud:
 
Сигурна ли си за болдот:)
Мислиш дека е тоа доволна причина да ја отфрлиш љубовта на својот живот?

Не е презимето причината. Туку непочитувањето на моите желби. Второ, тоа ќе биде сигурен симптом за традиционалност, што значи, во иднина можно е да лупне на маса и да каже - јас сум глава на куќа.
Позаебано е да го оставам со заеднички имот и деца, вака... со време.
Едно е да каже дека тоа не му се допаѓа, а сосема друго да се инаети.
Или ќе биде по мое, или нема да биде ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom