Гемак клуб?

Убаво изгледа ако се разгледа целата шема,битно е да познаваш доста луѓе кои се решени да ја дадат одредената сума пари со што нормално ти претходно веќе треба да бидеш член за да можеш да внесуваш луѓе,а потоа со секој донесен човек кој ке прифати да влезе во фирмата довиваш одреден процент,и така све натаму од секој следен!

Освен ветер и магла што друго продава или произведува таа фирма?
се читаш ли ти што пишуеш?????;)
...имаш ли идеа што стануе со парата која си им ја дал за да се зачлениш и она друго што останува после исплата на твојот процент од оние кои СИ ГИ ДОНЕЛ??? Веројатно и некој тебе те донел за да се зачлениш....??? Си слушнал ли некогаш за пирамидална шема..., илити Понзи Шеми (Ponzi Schemes)??? ;)....

Заеби ти идеја, тој е во шема, сигурно резервирал одмор на хаваи:D
 
Што мислите за Гемак клубот и дали сте упознаети со оваа фирма,ме интересира дали некој од тука бил член и да ги каже неговите впечатоци.

Скамери големи, бегај од нив шо е можно побрзо. Од лично искуство. Поздрав
 
се читаш ли ти што пишуеш?????;)
...имаш ли идеа што стануе со парата која си им ја дал за да се зачлениш и она друго што останува после исплата на твојот процент од оние кои СИ ГИ ДОНЕЛ??? Веројатно и некој тебе те донел за да се зачлениш....??? Си слушнал ли некогаш за пирамидална шема..., илити Понзи Шеми (Ponzi Schemes)??? ;)....
Значи ја сакам да знам ако има некој член во таа фирма нека пише дали имал профит,не ми глумете сеа тука сите експерти и да ми зборите од памет ! Убаво прашав дали има некој таков кој е член таму и тука да објасни како стојат работите,секој може да си даде свое мислење но не мора да го напаѓа моето или некое друго сеедно!Иначе точно дека за да влезеш мора некој да те донесе,фактички тој добива и процент од тоа!
--- надополнето: Oct 29, 2011 1:14 AM ---
Скамери големи, бегај од нив шо е можно побрзо. Од лично искуство. Поздрав
Си бил член на оваа фирма,и ако си бил дали не ти било исплатено нешто тоа сакам да знам ?
 
Ова има врска со фирмата Гемак, во сопственост на Албанци, што е можда најголем увозник на алкохол?

Гемак што беше спонзор на Артан Груби, му доделија награда - човек на годината :tapp: и ја спонзорираат неговата Разбуди се.
Има везе со нив или ова некој друг Гемак е?

Не е истата фирма.
Кире побарај има тема за овие пирамиди, имаме објаснувано како се движи целиот круг.
 
Значи ја сакам да знам ако има некој член во таа фирма нека пише дали имал профит,не ми глумете сеа тука сите експерти и да ми зборите од памет ! Убаво прашав дали има некој таков кој е член таму и тука да објасни како стојат работите,секој може да си даде свое мислење но не мора да го напаѓа моето или некое друго сеедно!Иначе точно дека за да влезеш мора некој да те донесе,фактички тој добива и процент од тоа!
--- надополнето: Oct 29, 2011 1:14 AM ---

Си бил член на оваа фирма,и ако си бил дали не ти било исплатено нешто тоа сакам да знам ?
види вака, моите нз дали се зачленија, ама знам дека на таа тема дома повеќе не се прави муабет. Верувај, нешто многу смрди.
--- надополнето: Oct 29, 2011 11:31 PM ---
...колку те оскубаа???:vozbud:
моите нешто праеа со овие, ама сеа страв ми е да ги прашам
 
Немам поим како налетав на темава, ама има ли некој информации за ова? Уште ли ги има? Има ли прелажани?
 
Имаше пред некој месец отворено иста ваква тема.Па надлежните нека ги спојат, се спомна и се отвори дискусија и за горе наведените прашања.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 01:48 ---
http://forum.kajgana.com/threads/Гемак-клуб.55260/
Еве ја темата. Ја најдов.
 
Ако е предобро да е вистина, највероватно е.( сигурно е )
Една мисла пред да ги дадете парите за било што...
 

Јас пред некој месец појдов на „деловниот“ состанок! :pos: :pos: :pos:

Многу ме интересираше како функционира ова срање и решив да појдам. Се убив од смеење!
Не ти кажуваат ништо, туку ти викаат дај пари ние ќе те научиме како да намлатиш пари. Ако си паметен размисли малку, кој ќе дели пари со тебе? Тоа е пропадната група на луѓе кои бараат начин да извадат некоја пара на лесен начин. Ќе те убедуваат да земеш кредит и дека можеш да ставиш нешто под хипотека, оти со парите кои ќе ги заработиш одма ќе можеш да ги повратиш вложените пари и да почнеш да профитираш. Македнија не е место за вакви работи, многу малку народ сме. За среќа! Ова е убаво да видиш кои луѓе се во „кругот“ и да знаеш да ги избегнуваш ако почнуваш некој бизнис или ако не дај Боже налеташ на нив да знаеш да ги одбегнеш. Треба да знаеш дека - оној кој што ќе те покани знај дека не ти е пријател! Личноста која мене ме однесе таму ме знае многу кратко време, не знам како ме процени дека јас сум за таму... :pos:

Јас не им дадов пари, оти сакав само да видам колку им се закржлавени мозочињата, па дури ни за состанокот не им платив, се гагав. :pos:

Размисли убаво: има 3 книги од 800 страни, ама ти можеш веднаш да почнеш со работа. Прашањето ми е: како можеш да работиш ако тие не ти покажат како? Ако ти немаш пари за да уплатиш, а тие имаат, зошто не ти позајмат, па ќе им ги вратиш, оти нели сте пријатели?! Никој не ти помага да заработиш пари со седење! Ако имаш твои 2300 евра можеш да земеш кредит од 3000 евра, оној што го нуди владата и да почнеш со нешто, од некаде. Немој да мислиш дека (2300 + 3000 =) 5300 евра се малку пари, оти со нив си во минус.

Вложуваш 2300 евра, а можеш да заработиш 50 илјади евра за само една година со седење дома. Пари од небо не паѓаат!
 
Навистина мислиш дека можеш да заработиш пари на овој начин?
Ова се однесува на потенцијалните измамени луѓе кои сакаат да вложат во `бизнис` со месечно 10+ % камата или некој сличен бизнис,
Стварно не ти ја разбрав репликатаo_O
 
бев пред некој месец, ме прелажа еден пријател. Презентацијата беше навреда за мојата интелигенција, толку посрамен не сум бил цел живот. очигледна измама само не знам кај кого пали, кај очајни или луѓе со блага ретардација.
 
хехе, ете кој имал новчаник со змиулче :pos:
Ова исто како со писмата пирамиди...срамота е ама за иста работа двапати се зезнав :)

Моите ако дознаат кај сум била ќе ме остават да скапам помеѓу Гоце и Даме на плоштад! :facepalm:
Факт е дека мене ми фале даска! Кога им почнав со моите прашања мислам дека си мислат дека сум тежок психопат. :pos:

Не може некој да ми даде пари во ова (не)време кога луѓето земаат кредит за да купат леб и млеко. Едноставно е, тие се луѓе на кои им требаат пари од луѓе кои се давеници, арно ама налетаа на мене... :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom