Јас пред некој месец појдов на „деловниот“ состанок!
Многу ме интересираше како функционира ова срање и решив да појдам. Се убив од смеење!
Не ти кажуваат ништо, туку ти викаат дај пари ние ќе те научиме како да намлатиш пари. Ако си паметен размисли малку, кој ќе дели пари со тебе? Тоа е пропадната група на луѓе кои бараат начин да извадат некоја пара на лесен начин. Ќе те убедуваат да земеш кредит и дека можеш да ставиш нешто под хипотека, оти со парите кои ќе ги заработиш одма ќе можеш да ги повратиш вложените пари и да почнеш да профитираш. Македнија не е место за вакви работи, многу малку народ сме. За среќа! Ова е убаво да видиш кои луѓе се во „кругот“ и да знаеш да ги избегнуваш ако почнуваш некој бизнис или ако не дај Боже налеташ на нив да знаеш да ги одбегнеш. Треба да знаеш дека - оној кој што ќе те покани знај дека не ти е пријател! Личноста која мене ме однесе таму ме знае многу кратко време, не знам како ме процени дека јас сум за таму...
Јас не им дадов пари, оти сакав само да видам колку им се закржлавени мозочињата, па дури ни за состанокот не им платив, се гагав.
Размисли убаво: има 3 книги од 800 страни, ама ти можеш веднаш да почнеш со работа. Прашањето ми е: како можеш да работиш ако тие не ти покажат како? Ако ти немаш пари за да уплатиш, а тие имаат, зошто не ти позајмат, па ќе им ги вратиш, оти нели сте пријатели?! Никој не ти помага да заработиш пари со седење! Ако имаш твои 2300 евра можеш да земеш кредит од 3000 евра, оној што го нуди владата и да почнеш со нешто, од некаде. Немој да мислиш дека (2300 + 3000 =) 5300 евра се малку пари, оти со нив си во минус.
Вложуваш 2300 евра, а можеш да заработиш 50 илјади евра за само една година со седење дома. Пари од небо не паѓаат!