Интервју со Славе Јовановски, софтверски инженер во Google и технички водач на тимот за YouTube

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.454
„Следете го својот сон“

Славе Јовановски е човек кој сака ракомет и активно го тренира, верувале или не, во САД. По потекло од Радовиш, а моментално работи во САД, каде што паралелно е и на последипломски студии на универзитетот Стенфорд. За остварување на соништата вели дека е најлесно доколку си во софтверската индустрија, затоа што за тоа требало само љубов, компјутер, време и желба за учење. Би требало да му веруваме, бидејќи тој го живее (професионалниот) сон на многумина од ИТ индустријата.



Работи како постар софтверски инженер во најголемата и најпознатата софтверска компанија на светот Google (и една од најпосакуваните дестинации кога станува збор за работно место), а истовремено е и технички лидер на тимот кој го направи најголемиот визуелен редизајн на најпосетуваниот сервис за споделување и гледање на видеа – YouTube.
Како се стигнува до таму? Повелете, прочитајте од прва рака, ексклузивно за Кајгана.


Ве молам кратко инфо за тоа кој е Славе Јовановски?

По потекло сум од Радовиш, каде што завершив гимназија. Како кандидат за стипендијата на Ристо Гуштеров, добив можност да студирам компјутерски науки на Универзитетот Охајо. За време на студиите бев доста успешен на ACM и TopCoder натпреварите и како резултат на тие успеси добив шанса за пракса во VeriSign во Mountain View, Калифорнија. Дипломирав како најдобар студент на факултетот за инженеринг и технологија и по димпломирањето се преселив во Силиконската Долина и се вработив како софтверски инженер во VeriSign Inc. Денес сум Senior Software Engineer во Google и технички водач на тимот задолжeн за почетната страна на YouTube. Истовремено студент на магистерски студии на Универзитетот Стенфорд. Љубител на сите спортови, посебно на ракометот.

Како се стигнува од Македонија до водечка улога во Google – можеби најпознатата ИТ компанија која неколку пати до сега е прогласувана за најдобро место за работа?

Со многу работа и уште повеќе среќа :) Уште додека бев во Македонија имав освоено прво место на натпревари по математика и информатика. Тие успеси на полето на информатиката продолжија и по заминувањето во Охајо. Со ACM тимот три пати по ред бевме победници на регионалниот ACM натпревар во Охајо, мојот Robocup (роботи што играат фудбaл) тим освои второ место во Америка, победив на TopCoder Open 2008 - Sponsor Track. Компании како Google ги ценат овие успеси и бараат такви кандидати.
Преминувањето во Google беше пола-сериозно. Иако бев среќен во VeriSign, се решив да си ја пробам среќата во најдобрата софтверска компанија во светот. Интервјуто не беше ни малку лесно, но за среќа поминав :) Првата позиција ми беше како помлад инженер во YouTube. На почетокот работев на неколку проекти од областа на „social networking", подоцна бев дел од тимот задолжен за upload на видеа. Имав среќа да работам со одличен тимови од кои што научив многу. Очигледно некому му се допаднал мојот стил на работа, па ми беше доделена позицијата на технички водач на проектот за Live Streaming кој што го лансиравме пред околу 9 месеци. Од пред неколку месеци сум преокупиран со првата страна на YouTube.

Како што спомнавте во моментот работите како Технички лидер на тим задолжен за првата страна на YouTube. Кажете ни подетално што работи вашиот тим и што од тоа е веќе видливо на сајтот?

Долго време првата страна на YouTube беше најнеискористената „недвижнина“ на целиот интернет. До пред неколку месеци стотици милиони корисници секојдневно ја посетуваа првата страна на YouTube со една единствена цел: да дојдат до полето за пребарување и да побараат видео на темата која што ги интересира. Тоа беше сосем спротивно од сите други поголеми сајтови (со исклучок можеби на www.google.com) кај кои што почетната страна ги прикажува најважните или најновите содржини кои би му биле интересни на корисникот. За пример може да ги земете www.facebook.com, www.nytimes.com, www.kajgana.com, и така натаму.


Главниот проблем што се обидувавме да го решиме: Што е тоа што корисникот сака да го гледа, дури и кога самиот корисник не знае? Како да му ги претставиме токму тие содржини на почетната страна? Проблемот кој што го решаваме воошто не е лесен, бидејќи работиме со неколку комплетно различни типови на корисници. Имаме корисници кои што не се пријавени и за кои што не знаеме скоро ништо. Имаме корисници кои што се пријавени меѓутоа немаат направено мрежа на канали кои што ги интересираат.

Имаме корисници со 5-6 канали кон кои што се претплатени, а имаме и такви корисници кои имаат неколку десетици или стотици канали на кои што се претплатени и се соочуваат со преголем обем на информации. За секоја од овие групи на корисници имате потенцијално различно решение. Во мојот идеален свет би постоела само групата на логирани корисници со 20-30 канали на кои што се претплатени. Во еден таков свет, за секој корисник на YouTube на главната страна би можеле да ги прикажеме точно тие содржини кои што му се интересни на корисникот од тој спектрум на канали, дури и кога корисник доѓа на YouTube без да знае што точно сака да гледа.
Мојот тим всушност... Прочитајте го остатокот од интервјуто тука.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Алал нека му е... Само факт е дека приказнава освен што е инспиративна, кај многу ќе делува и песимистички...
Едноставно не можат сите да го остварат својот сон, безразлика колку се трудат....

Со многу работа и уште повеќе среќа :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Алал нека му е... Само факт е дека приказнава освен што е инспиративна, кај многу ќе делува и песимистички...
Едноставно не можат сите да го остварат својот сон, безразлика колку се трудат....
Точно но ако не сонуваме џабе живееме. Честитки до Славе, и нека донесе наваму некој долар, па и зошто да не некоја канцеларија на Гугл да отвори тука.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.828
Поени од реакции
50.066
да се искомплексира човек од вакви луѓе :D .... браво мајсторе
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Браво за дечково :)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Браво за кајгана што не му постави прашање дали ти фали Радовиш и Македонија :icon_lol:
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.125
Бравo дечко , ај сеа напрај Македонците да можат да аплицираат за партнери на Youtube и ќе биде у реду ;)
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Браво за дечкото и од мене.

И едно неизбежно :tapp: за сите што пишале браво тука, а по други делови од форумот плукаат по се живо и диво што сака да работи во странство.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Се се тоа финти ГООГЛЕ те прави помотивиран и бара резултати од вас врлаат рипче а фаќааат крапче.
 

Shur1keN

Hard Gamer
Член од
27 март 2012
Мислења
60
Поени од реакции
12
колкава му е платата на овој баш сакам да знам ?
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Бравo дечко , ај сеа напрај Македонците да можат да аплицираат за партнери на Youtube и ќе биде у реду ;)
А не можат?

Секоја чест за типот. Очигледно е дека постигнал многу, штом и редовните мрчатори ги нема на темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom