Значи - примерот со името, го дадов како објаснение зошто ми е важно. За лично мене ми е важно.
Мајтап со детето може да тера кој сака, и мене ми викаат дека сум ,,нездрава,, што сум сменила име, или што сум атеист, или што сум вегетеријанец - што мислиш, колку ме заболе за тоа? Ако детето го научам јас на стереотипи, веројатно ќе го повреди мислењето на другите. Да се разбираше ти малце во психологија, ќе го знаеше тоа.
Моето дете, ако го носи татковото презиме, автоматски доаѓа од патријархално семејство, а тоа е последното што го сакам за него, да има мислење дека татко му е глава на семејството. А мојот иден сопруг, исто така, или ќе биде опериран од тоа ,,што ќе речат другите,, или - нема да ми биде сопруг.
Само сонувај дека сите мажи мислат како тебе, во реалноста познавам доста мажи кои цеф не им чуе за ,,традицијата,, и ,,билдањето муда,, .
И не, не се заебавам за тоа. Мајка ми не ми е помалку родител од татко ми, го носам презимето на татко ми, а од моминското презиме на мајка ми го извадив, моментално, првото име.