Трајковски и сопатниците во Кингерот биле убиени?! (Општа дискусија)

Дали мислите дека паѓањето на Кингерот е навистина само несреќен случај?

  • Да

    Гласови: 19 9,5%
  • Не

    Гласови: 182 90,5%

  • Вкупно гласачи
    201
Не знам дали гледавте Во центар со Ефтов,ама имаше доста интересна личност.Побарајте кога е репризата,и многу работи ќе ви станат јасни.
 
Добро бе еден не објасни зошто некој би сакал да убие политички истрошена личност која што немаше никакво влијание,нити па имаше шанси за 2 мандат ?
 
Не знам дали гледавте Во центар со Ефтов,ама имаше доста интересна личност.Побарајте кога е репризата,и многу работи ќе ви станат јасни.

Кога тоа ?
Инаку дај адвокатов ако му е страв нека ме контактира мене, јас ќе ризикувам да ги објавам :D
 
Ацид кај Бидиков ќе го пријавиш :P
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:08 ---


Тешко дека ти како правник после тоа би останал жив... мислам.. крупни ѕверки се тоа,нема шала.
Епа ако стравува за безбедноста нека си молчи. Секогаш имаш меч со две острици. Едните ќе те величат, а некои на кои нема да им одговара тоа да излезе во јавност, ќе сакаат да те снема:)
 
Ацид кај Бидиков ќе го пријавиш :P
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:08 ---


Тешко дека ти како правник после тоа би останал жив... мислам.. крупни ѕверки се тоа,нема шала.
Исти ѓавол.....на крај јас ќе сум банираниот :D
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:14 ---
Добро бе еден не објасни зошто некој би сакал да убие политички истрошена личност која што немаше никакво влијание,нити па имаше шанси за 2 мандат ?
Не би рекол истрошена. Инаку Борис имаше мадиња......
 
Кога тоа ?
Инаку дај адвокатов ако му е страв нека ме контактира мене, јас ќе ризикувам да ги објавам :D
Денеска беше,па сигурно репризата е деновиве или за викенд.Ќе видите како функционира еден систем.Кој владее,кој се само марионети
 
Добро бе еден не објасни зошто некој би сакал да убие политички истрошена личност која што немаше никакво влијание,нити па имаше шанси за 2 мандат ?

Хинт: 2001 година?
 
Добро бе еден не објасни зошто некој би сакал да убие политички истрошена личност која што немаше никакво влијание,нити па имаше шанси за 2 мандат ?

истрошена - да,немаше да биде нареден кандидат,меѓутоа Борис беше директно вклучен во случувањата во 99та со бегалците од косово,како и во конфликтот 2001вата каде како Врховен Командант мора да знаеше од А до Ш што се случувало,па оттаму да биде опасност по Рамковниот Договор и евроинтеграциите.........Македонија и Македонците сигурно многу загубија со поништувањето на овој човек
 
Ако не е сомнително, зашто им требаше толку време да го најдат авионот? Не е Босна голема колку Русија како прво, а како второ се работеше за претседател на држава и не можеле да го лоцираат. А бе да бе... Второ како може телата да се толку пеплосани до степен на нераспознавање, а работи како марама и сл. да останат недопредни? Марамата од што е? Материјал што не гори? Како е можно пилотите да се сосема изгорени, а пластиката да не е стопена или уништена?

Факт е дека има многу сомнителни моменти и работи кои никогаш нема да се разјаснат. Секогаш ќе има прашања што ќе останат неодговорени.
Поправка, според истрагата само телото на Трајковски било целосно пеплосано, а другите не биле целосно изгорени.Трајковски седел на средината од авионот, каде според истрагата имало највисока температура во однос на другите делови на авионот.Само ќе ја повторам Лупевска: Очигледно огнот знаел кој е главниот патник.
27.02.2004
12:30 - Македонската заменик-обвинителка Роксана Крстевска соопшти дека се пронајдени едно јагленосано тело, едно што не е изгорено и делови од уште пет тела.

Настрана од делот каде пилотите биле изгорени, а контролната табла пред нив и седиштата здрави :facepalm:
Селаните виделе каде точно паднал авионот, 20 минути после паѓањето војници на СФОР заминале на местото (на селаните им е после забранет пристап), а цел ден се зборуваше дека местото на ударот е на километри подалеку.
26.02.2004
11:40 - Претставник на босанските власти соопшти дека спасувачките екипи на Република Српска во реонот на селото Битоње, општина Берковиќи ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Тајковски.
16:00 - Спасувачките екипи на СФОР и на босанските власти, што на локацијата Долно Битоње трагаа по остатоците од авионот на македонскиот претседател ја прекинаа потрагата на таа локација без да пронајдат ништо. Потрагата продолжи на други локации на планината Врсник на кои се претпоставува дека паднал авионот.
* Mještani obližnjeg sela Donja Bitonja ispričali su ekipi "Nezavisnih" kako su bili očevici pada aviona. Mještanin Sveto Milutinović rekao je da je u osam časova ujutro čuo zvuk aviona.
"Ne bih na to obazirao pažnju da taj zvuk nije bio čudan. Nadlijetao je iznad sela nekoliko minuta. Onda sam čuo čudno zvrndanje nakon čega se taj zvuk izgubio", kazao je Sveto.
19:00 - Поради лошите временски услови прекината е потрагата по авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски.

20:00 - Владата прогласи тридневна жалост.
Прогласување на тридневна жалост за непотврдени случаи на смрт?
Интересна е изјавата на Црвенковски после враќањето од Даблин нешто во стилот Бог да ги прости, а официјално не беа уште пронајдени телата.Дали е можно нешто да знаел (значи не велам и не мислам дека е организатор)?
Стево Пендаровски му е човек од доверба тогаш, а советник на Трајковски и единственото лице кое не се качило на летот, поради причини и денеска непознати за јавноста.
 
Добро бе еден не објасни зошто некој би сакал да убие политички истрошена личност која што немаше никакво влијание,нити па имаше шанси за 2 мандат ?

Хм, можеби истрошена и без шанси за втор мандат, но и личност наполнета со информации за нечисти работи на западњациве, косоварите и некој од нашите... Личност која у последните години почна да „забегува“ од послушност и која не им гарантираше сигурност дека ќе ги чува тие информации после мандатот...

Докази има, сигурно. Но оние кои можат да ги извадат без притисок, или ги чуваат за црни партиски денови или таквите докази не одговараат на никој од моменталната фела. Или па не одговараат на надворешниот фактор...

Секој друг, „независен“, кој ја начна оваа тема беше понатака успорен од некого... Како што и многу други такви работи кај нас кои се укочувани од некој/и...:свиркам:
 
Да ви ја освежам меморијата.

http://www.bagra.org/node/1144/print?page=2

_39863890_pm300ap.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom