Трајковски и сопатниците во Кингерот биле убиени?! (Општа дискусија)

Дали мислите дека паѓањето на Кингерот е навистина само несреќен случај?

  • Да

    Гласови: 19 9,5%
  • Не

    Гласови: 182 90,5%

  • Вкупно гласачи
    201
Точно е тоа никогаш не ги објавија ниту ќе ги објават евентуалните докази. Едноставно е никој нема храброст ниту да потегне акција нешто слично како атентатот во 1995, така и ова, случајот се заташка после само неколку месеци... Ништо не менува, ова се случаи во кои на Македонија и се диктира иднината, од оние кои веќе одамна го кројат регионот.
И малку оф топик, без разлика шо ризикувам етикета теории на заговор :
Иако официјално грешка на пилотите исто како и со Кингерот, (најлесно е да обвиниш мртви луѓе) нечист е и случајот со 11-те загинати војници (истиот хеликоптер и екипаж кој го носеше запечатениот ковчег со име Тоше Проески во Македонија)...
Премногу случајности во неколку (во нормална земја) несреќи од најсериозен профил.
 
Јасно беше уште тогаш дека не се работи за обичен пад на авионот исто како што е јасно дека хеликоптерот ми-17 не се урна од ич ништо.
 
Претседателот е убиен.
Имаме докази.
Имаме аудио снимка.
Имаме сателитска видео снимка.
Доказите се во Скопје.

- Никогаш не ги објавува доказите.

Мастер од тролинг лвл: 99999

Мислам, дај не го потете веќе. Или објавете ги доказите и бидете херои, или најдете си друга занимација.
Ако има такви докази и ако ги објават ќе ги снема за 1 секунда и доказите и тие што ги објавиле со се фамилии. Јавна тајна е дека Борис беше убиен. Е сега тоа што никој нема да оди да приложи докази нема.....
 
Хмм, интересно...

Ама сепак, не мислите дека ако некој прави таков чин, не би размислил да сокрие секаков можен доказ од настанот, т.е. да го исценира како "несреќен случај"? Еве да претпоставиме дека авионот им е соборен, па потоа се палени живи. Зошто мислите дека некој кој што сака тоа да изгледа како несреќен случај, свесно би оставил банкноти на 30 cm. од местото на настанот, зошто би оставил нечепнати дрва и слични работи кои што ќе го прават целиот тој настан поочигледен? Единствено ако немале доволно време за да ја "нашминкаат" околината, па гледале да ја завршат примарната задача - ликвидација на патниците...Има многу теории за тоа како било и што било, само не ми е јасно, зошто тие луѓе кои со години тврдат дека имаат докази кои што посочуваат на тоа дека не е ова несреќен случај, не излезат во јавност па да ги споделат тие докази?
 
Абе можи и намерно овие оставиле такви работи. Демек еве ги убивме и вас истото ќе ве снајди ако пробате нешто. А ова што тврдат несреќен случај....па нема ваљда да излезат и да признаат. Не се ни обидуваат да скријат кузнај колку ама нема ни да признаат јавно .А со доказите кажано ви е.....нема некој таков со мадиња да излези. А ионака ќе му ги поништат. Зошто докази кога јавна тајна е веќе? На оние на кои треба да им се дадат доказите го знаат тоа али не можат ни да писнат
 
Не му давајте на Бранко надчовечки димензии. Како среќа да можеше некој Македонец да дава наредби на НАТО, па макар бил и Бранко. Случајов ќе остане несреќа. Барем официјално.
 
Ако има такви докази и ако ги објават ќе ги снема за 1 секунда и доказите и тие што ги објавиле со се фамилии. Јавна тајна е дека Борис беше убиен. Е сега тоа што никој нема да оди да приложи докази нема.....
Да, да, а овие јавно кажуваат дека имаат докази и се' уште се живи. Која е логиката во тоа?
Ако веќе е така, нели требаше и нив некој да ги реши до сега?

Демек:
Кажуваш дека имаш доказ за атентат на екс-претседател и дека можеш да решиш ултра-мадафакинг-скандал, ама сепак не ги објавуваш доказите ----> и си сигурен;
Ги праќаш доказите на сите македонски и странски телевизии, ги објавуваш на интернет, закажуваш јавна прес-конференција за да ги објавиш доказите ----> ти си мртов човек.

421352_10150690049579532_574964531_11040342_1332677981_n.jpg

Додека не излезе некој со докази, муабетиве ми се еднакви со тие за атентатот на Тоше Проески.
 
апла е наместено а нашите политичари марионети го знаеја тоа протестант не смее да биде претцедател на власт во мк.
 
Јас како правник да имав докази ќе ги однесев до надлежните институции, ќе стегнев заби и ќе отворев случај, во спротивно ќе си молчев и немаше да привлекувам медиумско внимание.
Acid убаво напиша во постовите во право е човекот. Ако ги имаш обелодени ги, ако не ги имаш не и кревај рејтинг на емисијата и телевизијата.
 
Да, да, а овие јавно кажуваат дека имаат докази и се' уште се живи. Која е логиката во тоа?
Ако веќе е така, нели требаше и нив некој да ги реши до сега?

Демек:
Кажуваш дека имаш доказ за атентат на екс-претседател и дека можеш да решиш ултра-мадафакинг-скандал, ама сепак не ги објавуваш доказите ----> и си сигурен;
Ги праќаш доказите на сите македонски и странски телевизии, ги објавуваш на интернет, закажуваш јавна прес-конференција за да ги објавиш доказите ----> ти си мртов човек.

421352_10150690049579532_574964531_11040342_1332677981_n.jpg

Додека не излезе некој со докази, муабетиве ми се еднакви со тие за атентатот на Тоше Проески.
Ако ги свиткаат ептен очигледно ќе е. На крај краева прашањето е и дали имаат вистински докази. Мене докази не ми требаат пошто сигурен сум дека беше атентaт. Тоа што никој нема да признае е друга приказна. И да има докази кој ќе пресуди за тоа? САД и ЕУ самите на себе? Кај има сила нема правдина.Џабе е и отворена темава ова никаде не води. Никогаш нема случајов да биди разрешен. Никогаш!! Едино ако дојдат вонземјани посилни од сите овие па баш ние им се допаднеме и решат да ни помогнат :pos: Или Господ да слези. Друго нема
 
Ако не е сомнително, зашто им требаше толку време да го најдат авионот? Не е Босна голема колку Русија како прво, а како второ се работеше за претседател на држава и не можеле да го лоцираат. А бе да бе... Второ како може телата да се толку пеплосани до степен на нераспознавање, а работи како марама и сл. да останат недопредни? Марамата од што е? Материјал што не гори? Како е можно пилотите да се сосема изгорени, а пластиката да не е стопена или уништена?

Факт е дека има многу сомнителни моменти и работи кои никогаш нема да се разјаснат. Секогаш ќе има прашања што ќе останат неодговорени.
 
И јас мислам дека е атентат. Ама официјалната верзија кажува друго,то ес дека е несреќен случај.Е сеа овие кој се јавуват со докази и незнам таму што,или нека ги покажат,приложат каде треба,или нека си ќутат и да ги оставиме конечно луѓето на раат да почиваат.
 
Незнам кој памети,ама кога објавија дека авионот се срушил беше сабајлето некаде 10 часот...а француските трупи таму не пуштаа никого скоро неколку часа тек пладне ги пуштија босанците на истрага... и на мало дете му е јасно дека француските трупи таму всушност ги дотепуваа преживеаните...подоцна смешно на вести објавија дека босанците неколку часа ја барале локацијата на падот,и затоа демек доцнеле,а пола Босна можеше да го види чадот од падот....

јас точно паметам дека на тв рекоа дека се трага по авионот 20-30 километри во еден правец од определено место,а кога официјално го најдоа беше на толкава дистанца ама во спротивен правец(значи 50-60 км воздушна линија,знаејќи дека Босна е цела планини,очигледно некој сакал да го сврти вниманието од местото на злосторот !)

имаше изјави од очевидци кои кажаа дека екипи веднаш пристигнале на местото на настанот,додека потрагата продолжуваше во правецот кој беше посочен од НАТО силите кои го раководеа Мостарскиот аеродром и воздушниот простор на таа територија
 
Абе кај да ги приложат доказите? Тоа е исто како јас да речам дека ќе го пријавам Ацид кај......па кај Ацид :LOL:
 
Абе кај да ги приложат доказите? Тоа е исто како јас да речам дека ќе го пријавам Ацид кај......па кај Ацид :LOL:

Ацид кај Бидиков ќе го пријавиш :P
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:08 ---
Јас како правник да имав докази ќе ги однесев до надлежните институции, ќе стегнев заби и ќе отворев случај, во спротивно ќе си молчев и немаше да привлекувам медиумско внимание.
Acid убаво напиша во постовите во право е човекот. Ако ги имаш обелодени ги, ако не ги имаш не и кревај рејтинг на емисијата и телевизијата.

Тешко дека ти како правник после тоа би останал жив... мислам.. крупни ѕверки се тоа,нема шала.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom