Anonymous (официјална тема)

Го оправдуваш тоа што вечер зима слики од кајгана ? Зошто мислиш дека некој сака да му се зима цела содржина беспари кога потрошил толку труд на неа.
Не го оправдувам, знаеш и сам. Ама не оправдувам ни затворање на цел медиум за земена слика. Твојот пример има далеку поголема поврзаност со етиката во работата, отколку со АКТА. Така да, споредбава ти е, жаргонски кажано „за никаде“ и оддава впечаток дека воопшто не ја познаваш тематиката за која сакаш да говориш тука. Читни малку повеќе околку контроверзниот договор за кој се крена толку голема фама, па ќе сфатиш зошто е тоа така.
 
Па нормално дека не оправдуваш пошо се работи за една слика, ако почне вечер да прави копи пасте на се што има на кајгана и при тоа да прави поголем профит и посети и те како ќе оправдуваш.

И ја не гледам друго решение него ептен радикално како ова и само прашање на време е кога ќе се оствари. Единствено друго решение е компаниите да престанат да се замараат со тоа, што никогаш нема да се случи.
 
www.anonymousmkd.tk :facepalm::facepalm::facepalm:

... лошо. Ај шо ни доаѓа ACTA, ама па и се појќе глупи луѓе низ нетов :/ Ни интернетов веќе не е ко шо беше.

Си праат филмчиња децава... у мода да бидаат со Анонимус :tapp:
 
Дали со овие нови закони ќе подлежат на санкции постовите каде се цитираат со текст и слика цела страна од интернет портали или весници?
Теоретски, ако вметнам слика и текст од ЦНН на форумов дали и кој ќе одговара за преземање текст пошто како читам материјалот на ЦНН подлежи на законите на САД за авторско право. Дали во тој случај овие закони ќе се однесуваат и на информации од ЦНН преведени на некој од нашите весници или форуми. Можда е глупо прашањево, можда веќе го имате објаснето...
Знам дека летоска кај нас се потпиша одреден договор за користење на материјал од медиумите па кренавме малку "галама" да не казнуваат случајно :) ама ова со ФБИ па и затворски казни ми звучи многу поопасно...
 
Хакерската група „Анонимните“ се закануваат дека ќе го запрат интернетот во целиот свет на 31 март, соопшти вчера сајтот„ webpronews“. За тогаш таа планирала напад врз 13-те DNS сервери, кои претставуваат основа на светската мрежа. Операцијата е наречена „Светско затемнување“. Ударот ќе биде извршен со софтвер кој може да ја наруши работата на овие сервери. Кога тие не можат да одговорат на прашања за т.н. систем за имињата на доменот (DNS), корисниците не можат да ги отворат саканите страници и сметаат дека интернетот „не работи“.

Протестот овој пат е насочен против „СОПА, Волстрит, неодговорните влади и банкарите, кои од егоизам и чист садизам го доведоа светот до гладка смрт“, се вели во соопштението на групата.
Експертите сепак се сомневаат дека акцијата на хакерите може да заврши со целосен успех. 13-те DNS сервери се наоѓаат низ целиот свет. Секој од нив практично претставува гранка од повеќе сервери со заедничка ајпи адреса. Во системот на тој начин се поврзани вкупно 259 сервери на различни провајдери.

Последниот координиран хакерски напад против DNS серверите беше во 2007 година. Тогаш беа блокирани 2 од нив. Сега хакерите тврдат дека располагаат со нов софтвер кој може во пракса да ја парализира светската мрежа. Специјализираниот германски сајт признава дека автор на заканата не е групата „Анонимните“. Според него, може да станува збор за првоаприлска шега.
anonimusi22.jpg
 
Извор точка?

Пази сеа :D

http://tocka.com.mk/1/60581/anonomusite-demantiraa-nema-da-go-srusime-internetot-na-31-mart


“Анономусите“ демантираа: Нема да го срушиме Интернетот на 31.март

Се чини дека сепак, хакерската група “Анонимуси“ нема да го ’срушат’ Интернетот на 31.март, како што вчера беше пренесено од голем број на светски медиуми.

По објавувањето на ваквата вест, дека на 31.март “Анонимусите“ ќе го ’срушат’ Интернетот во знак на протест против законот за заштита на авторските права СОПА, “Волстрит“, банкарите и неодговорните светски лидери, денеска тие наводи групата ги демантираше.

На нивниот “Твитер“ профил, тие ја демантирале ваквата акција, наведувајќи дека би било тешко да се изведе такво нешто.

Со нивното тврдење се сложил и интернетскиот експерт Роберт Грахам, кој нагласил дека ваквиот напад не би бил возможен поради брзата реакција на надлежните сервери.

Тој додал и дека поголем ефект би постигнале со ’парализирање’ на “Гугл“, “Твитер“ или “Фејсбук“.

Анономусите ...
 
Минатата год беше FacebooK пленот :
v-for-vendetta-remember-remember-the-fifth-of-november-t-shirt-500x500.jpg

Сега на ред е Интернетот.

Така да :свиркам::свиркам::свиркам:
 
Нека дојдат да ми го стопрат стапов ебате..Живи глупости се овие за мали деца..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom