Варумин

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Мене друго не ми е јасно во врска со терапиите. Зашто овие препарати/третмани се едни од најсакпите. Месечно зависно од препаратот (беше за дебело црево или за црниот дроб, не се сеќавам) оној што делуваше кошташе 1000-2000 евра

Сложена и скапа технологија за производство, сложени и скапи испитувања кои довеле до откривање на тие лекови... Сигурно си запознаен како оди процедурата за производство на лековите. И за жал, не е само хемото екстремно скапа, туку и речиси сите лекови за супортивната терапија која се користи кај овие болести. :(

Инаку, претходно некако сум го испуштила следниот дел од интервјуто:
Некои научници сметаат дека канцерот се појавува поради неправилна исхрана и дека всушност е пореметување на метаболизмот.
-Не. Тие можат да кажат се. Ако велат дека е така, треба да направат студија и да не уверат дека тоа е тоа. Делбата на клетката што е склона да се разболи од малигнитет нема правилна форма. Болните клетки немаат правилна форма како обичните, туку се зашилени. Во средината на клетката има јадро, цитоплазма и Голџиев апарат кој создава клеточен сок. Болната клетка е деформирана, од една страна е нормална, од друга е како шилец. При делбата здравиот дел се двои од зашилениот и се создаваат една здрава и една мртва клетка. Мртвите клетки се отфрлаат, се трупаат на една страна и чекаат подобри времиња, да се опорави имуниот систем, но тоа не се случува. Затоа пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила, што се всушност мртви клетки. Варуминот влегува во клетката, и дава енергија и храна на клетката, почнува да работи Голџиевиот апарат, јадрото станува поактивно и клетката се исполнува цела, па по автоматизам на генот и на ДНК, клетката, јадрото и цитоплазмата се делат пола – пола. Затоа варуминот нема токсичност, нема зависност, нема лоши контраиндикации.
и мислам дека после оваа изјава нема што повеќе да се коментира за стручноста на магистеров. Како пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила кои се мртви клетки? Објаснувањето за трупањето на болни клетки кои се исфрлаат преку искашлување? Изјавата дека нема студија која докажува поврзаност меѓу исхраната и одредени типови на рак? Објаснувањето за формата на болните клетки? Секој тип на рак е со различна форма на клетки. Автоматизам на генот и на ДНК? Цинцилатор на федерфуфна? :facepalm:
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.229
Поени од реакции
7.039
Делбата на клетката што е склона да се разболи од малигнитет нема правилна форма. Болните клетки немаат правилна форма како обичните, туку се зашилени. Во средината на клетката има јадро, цитоплазма и Голџиев апарат кој создава клеточен сок. Болната клетка е деформирана, од една страна е нормална, од друга е како шилец. При делбата здравиот дел се двои од зашилениот и се создаваат една здрава и една мртва клетка. Мртвите клетки се отфрлаат, се трупаат на една страна и чекаат подобри времиња, да се опорави имуниот систем, но тоа не се случува. Затоа пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила, што се всушност мртви клетки. Варуминот влегува во клетката, и дава енергија и храна на клетката, почнува да работи Голџиевиот апарат, јадрото станува поактивно и клетката се исполнува цела, па по автоматизам на генот и на ДНК, клетката, јадрото и цитоплазмата се делат пола – пола. Затоа варуминот нема токсичност, нема зависност, нема лоши контраиндикации.
И студент на медицина знае дека една од причинита за ракот е имено откажување на онкосупресорниот протеин (фамозниот P53) кој е одговорен за апоптоза (програмирана клеточна смрт) на клетките, и поизразената функција на онкогенот (P21)

Не ми се коментира.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Не сум сигурен дека се работи за истиот човек, но по кажувањата на комшијата овој е тој човек кој тој го знаел пред неколку години (мислам 20тина години порано) кој откупувал билки низ регионов и уште тогаш спомнал за некаков лек. Е сега, приказната за како потекнал лекот била следнава:
На овој татко му или дедо му, за време на втората светска војна спасил некој германец кој бил ранет и бил лекар. Го лечел го пустел и откако се излечил германецот пред да си оди од благодарност му напишал некои билки и некаков сооднос. Му рекол оваа е лек за најтешките болести, ама човекот никогаш не го ни разбрал ни што ни како. Е сега неговиот син т.е. овој овде, ако не се лажам кога бил млад имал работено нешто во болница како шофер или така нешто, па случајно го нашол тоа ливчето и преку овој оној успеал да најде што лек се работи и така го развил оваа....Оваа е приказна која се заснова на жива вистина а според мислењето на комшијата таа е и за овој случај...
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Јас имав во фамилија болен од рак на бели дбробови. Човекот едвај една година изживеа, со што ли не пробавме. Апчињата од ајкула(за имунитет), одевме кај некојси Гого во Пинтија, лекови од странство и што ли уште не. И пак ништо, се стопи како коцка мраз пред наши очи. Се мислам дека земаше и варумин, не ме држете за збор но баш ќе прашам моиве дали земаше и такви таблетки. Па ќе пишам.
Респект за текстов ме погоди многу,пошто истиов случај го имав и јас,затоа ќе замолам секој што ќе пишува на темава нека не пишува со потсмев и со цинизам! Не посакувам на никој да му се случи тоа што ми се има на мене случено и на acetetovo,верувајте кога ќе слушнам рак излегувам од кожа тонам!Затоа знам какво е чуството на оние кој ја читаат темава што бараат некаков лек,секој прочитан збор има дава надеж,секој прочитан збор им е минута живот,затоа нека биде тамава погласна и со поголем оптимизам!
БЛАГОДАРАМ
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Има стотици видови на карциноми и секој од нив има своја патогенеза. Така да секој кој кажува дека измислил лек за секој рак лаже. И ако се измисли лек тоа нема да биде растителен.
Ако лекот беше нешто што го зголемува имунитетот ќе беше лесно.
Мхм, ок. Чим велиш така, таке нека биде!!! :нинџ:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Лекот е пронајден од обичен човек а
огромни корпорации и сл не се способни.
Затоа има скептицизам но тоа е така оти лек
не треба да има треба да има кој да троши
пари за да опстане соодветната индустрија.
Односно има стотици и стотици лекови
но не се во употреба, ќе ги пуштат сигурно
по повеќе години кога ќе се направи друга
болест која ќе носи профит, тогаш ќе биде
откриен фамозниот лек за рак кој ќе
лекува скоро во сите фази на болеста па
и крајни фази каде што веќе нема надеж.

Доколку човекот користи органски мед во својата
исхрана барем малку тогаш оваа болест не би
постоела или би била скоро и непозната поради
малиот број на болни, исто и мед со матична млеч.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 16:06 ---
Но наместо храна се јади месо полно со отрови.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За варумин има реклама и на телевизија,ама таму текстот е сосем различен
Не кажуваат дека е лек туку дека се употребува како додаток во лекувањето
Кога станува збор за здравје парите не се важни,а со рекламата за лекот на телевизија уствари докажуваат дека се врши злоупотреба на надежта на болните
Ова е доказ за уште една измама покрај големиот број измами за екстра заработка на грбот и надежта на болните
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
znaci,da povtoram,ne troshete internet za varuminot.Likot(Vancho lisicata) igra na kartata,,aj da go probame i toa,koga veke medicinata dignala race,,...se napolni so pari od makata,ne lekovernosta, na lugeto.Go znam lichno i shto da vi kazam,prikazna sama za sebe,gola voda,neviden sharlatan,bez sram,nekulturen,so prostacki humor.Znam za nekolku luge shto go koristea varuminot,malo bogatstvo potroshija,no za zal,neka im e lesna.A narachani tekstovi niz vesnici ne postirajte,parata chuda pravi
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Дали ќе умреа Патрик Свејзи и Стив Џобс, како најтазе случаи, ако Варумин беше лекот?
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Инаку, претходно некако сум го испуштила следниот дел од интервјуто:

и мислам дека после оваа изјава нема што повеќе да се коментира за стручноста на магистеров. Како пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила кои се мртви клетки? Објаснувањето за трупањето на болни клетки кои се исфрлаат преку искашлување? Изјавата дека нема студија која докажува поврзаност меѓу исхраната и одредени типови на рак? Објаснувањето за формата на болните клетки? Секој тип на рак е со различна форма на клетки. Автоматизам на генот и на ДНК? Цинцилатор на федерфуфна? :facepalm:
Очигледно Ванчо Лисицата сака да каже збор-два за поврзаноста меѓу асиметричната клеточна делба и туморогенезата.
Имено, според една од најзастапуваните теории во последните години за појавата на трансформирани клетки и ремисивност на ракот е постоењето на зародишни клетки (незнам дали така е најправилно да се нарекуваат на македонски) во структурата на туморот. Во нормални услови овие клетки преку асиметричната поделба создаваат диференцирана клетка и нова зародишна клетка, додека при туморна трансформација произведуваат само недиференцирани односно слабо-диференцирани клетки. Овие зародишни клетки ги преживуваат хемотерапијата и зрачењето и се способни одново да создадат само недиференцирани клетки (кои тој ги нарекува "мртви" клетки). Доволно е преживување на само една клетка за повторно да се развие малигниот процес.
Во сите поголеми научно-истражувачки центри во светот постојат работни групи кои ја истражуваат поврзаноста помеѓу асиметричната клеточна делба (која е многу важна и се одвива правилно при нормални услови) и туморогенезата.
 
Слабо диференцираните клетки или недеференцираните клетки поради недостатокот на елементи во клетката умираат, проблемот е што е нарушен механизмот кој го одредува нивниот животен век и тие се "бесмртни" и се котат ко зајци.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Кои во секој случај не се исфрлаат преку искашлување :cautious: Како малигните клетки од, на пример, леукемија, би се претвориле во "црнило" кое би се искашлувало? Од учени-недоучени луѓе секогаш најголеми бељи излегуваат. Во секој случај, нехумано е да тврди дека го создал магичниот лек за ракот, а тоа е она што е спорно во целото интервју. Особено што претпоставувам дека ниту е фармацевт, ниту е доктор.
Патем, може да ми дадеш некој линк за ова што го напиша? Ме интересира зошто тврдиш дека зародишните клетки секогаш ги преживуваат хемотерапијата и радиотерапијата, кога има (не малку) случаи на комплетно излечени малигни болести.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Слабо диференцираните клетки или недеференцираните клетки поради недостатокот на елементи во клетката умираат, проблемот е што е нарушен механизмот кој го одредува нивниот животен век и тие се "бесмртни" и се котат ко зајци.
Токму така, но не може да се каже дека само една мутација (таа на Р53 - иако е речиси секогаш присутна) е доволна за да се предизвика рак односно туморна клетка. Потребен е натрупување на повеќе мутации кои ќе ги исклучат сите останати механизми за обезбедување на правилен сооднос меѓу диференцијацијата и размножувањето.
Кои во секој случај не се исфрлаат преку искашлување :cautious: Како малигните клетки од, на пример, леукемија, би се претвориле во "црнило" кое би се искашлувало? Од учени-недоучени луѓе секогаш најголеми бељи излегуваат. Во секој случај, нехумано е да тврди дека го создал магичниот лек за ракот, а тоа е она што е спорно во целото интервју. Особено што претпоставувам дека ниту е фармацевт, ниту е доктор.
Патем, може да ми дадеш некој линк за ова што го напиша? Ме интересира зошто тврдиш дека зародишните клетки секогаш ги преживуваат хемотерапијата и радиотерапијата, кога има (не малку) случаи на комплетно излечени малигни болести.
Воопшто не го бранам, бидејќи сметам дека самиот незнае што зборува, иако не го негирам потенцијалното полезно дејство на смесата од билни екстракти.
Слушајќи што луѓето кои лично го познавале претходно зборуваат не мислам дека е некаков експерт. Ниту дека може да се создаде универзален лек за сите болести опфатени со терминот рак.
Не тврдам дека секогаш ги преживуваат, туку дека тоа е теоријата зошто има повторен развој на ракот кога навидум се уништени трансформираните клетки. Според оваа теорија зародишните клетки се сконцентрирани во центарот на туморот и затоа се најмалку изложени на дејството на хемо- и радиотерапијата.

Една статија најдов каде што е накратко објаснето: http://intranet.biolchem.ucla.edu/Seminars_Lectures/Documents/Gaitan-Furtauer2009.pdf
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Прво и основно човек кога има мака ќе се фати и за сламка, а тоа е она што овој човек го искористува.
Еве неколку факти
Ако го нашол лекот за секој вид на рак тогаш сите светски онкологии би се тепале за него, би го патентирал и би правел мнооооооооогу пари. До истиот тој лек нема ни да можеме да дојдеме ние во Македонија бидејќи светот ќе се тепаше да го има. Не е точно дека фармацевтските гиганти би банкротирале, напротив тие би печалеле мнооогу повеќе доколку го користат лекот. Терапијата би коштала поскапо од обичната хемотерапија, би траела подолго и би постоело секогаш можност за повторно појавување на болеста.
Би коштал многу повеќе од 220 евра месечна терапија.
Точно е дека секој рак има своја патогенеза меѓутоа механизмот на настанување на ракот е секаде исти. Пореметена апоптоза на клетката. И да кога би го нашол лекот тој би требало да делува на сите типови на рак. Но 90% од лековите не минуваат низ крвно-мозочната бариера па како овој лек покажува успешност при третман на тумори на мозокот? 90% од лековите се метаболизираат во црниот дроб, како овок лек би покажал ефекти кај овој тип на тумори? Дали преостанатите 30% од неметаболизираниот лек се доволни? Колкава доза треба да се даде за да останат 30% ефективен лек (не метаболизиран)? Зошто при лек кој се произведува кај нас, сепак постојат тооолку случаи на леукемија, мултиплекс склероза и др типови на рак? Зар луѓево се глупави при билен лек кој делува во 90% од случаеви без нус ефекти,да користат хемотерапија која има милион и еден несакан ефект?

Да не биде дека одма сите пликаме по се што е наше оставам место дека за некоја година можеби навистина ќе слушнеме за овој лек дека делува, но до тогаш мислам дека луѓето треба лекот на друго место да си го бараат.

П.С. Човекот не крие дека не е ниту доктор ниту фармацевт, туку агроном и физичар.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
4
Поени од реакции
2
APEL DO SITE STO SAKAAT DA GO KUPAT VARUMIN NEMA POGOLEMA GLUPOST (CELO VREME SO GI OSTAVAM KOMENTARITE NA ONA STATIJA NA BEZ PARDON GI BRIAT MU PLRAVAT REKLAMA) ZNACI KAKO NE MU E ZAL DOSTA GI GUBIME LUGETO I PA I BEZ PARI NE OSTAVAT BEZDUSNICI KE GORAT VO POEKOLOT KO KUPUIV LEKOT I TATKO MI ZAMINA NE DELUVASE NIKAKO MOZI MALKU NA IMUNITET SAT DVA NISTO POKE obicni trevki svareni stam da mu e i nego i na onie od bez pardon sto mu pravat reklami na nekoj bezdusnik
--- надополнето: вчера во 19:27 ---
Varuminnn neka znat najgolemata izmama ne se lazete luge
 
Kajgana Shop

На врв Bottom