Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Какви тоа анархисти имаме во Македонија ??

Група тинејџери кои сакаат да си ги мерат али немаат метро.

Оние повозрасните никако да сватат колку време од животот трошат.

Во Р.М Вистинските анархисти се бројат на прсти-остатокот се тинејџери со минимум шест единици на чколија.

Се чудам како анархистите не сваќаат дека вака како што се организирани(хех организирани) нема да променат ништо.они....само мрчат и се јаки само на збор-никако на дела.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 15:22 ---
Почна сега глупости да пишуваш. .

Немој така сега.

Форумов би требало да биде место за дискусија, не место за лечење фрустрации и инатење

Тому така јас дискутирам но не се инатам ама тоа се фактичките состојби.
 
Група тинејџери кои сакаат да си ги мерат али немаат метро.

Оние повозрасните никако да сватат колку време од животот трошат.

Во Р.М Вистинските анархисти се бројат на прсти-остатокот се тинејџери со минимум шест единици на чколија.

Се чудам како анархистите не сваќаат дека вака како што се организирани(хех организирани) нема да променат ништо.они....само мрчат и се јаки само на збор-никако на дела.
Јас мислам дека воопшто ги нема такви (или можат да се набројат на прсти). Значи немам ништо против анархизмот како правец и нечија определба да биде анархист, но во Македонија вистински анархисти како што кажав ги има многу малце. Остатокот само глумат тоа што не се. Какви акции имаат превземено тие анархисти ? Никакви.. Страв им е еден протест да направат. Никаква организираност. Па за познавање од терминот анархија да не ни збораме, освен се разбира ризницата на филмови со таква тематика. Колку и да ги поддржувам, во МКД тие не постојат. Доколку постојат, нека бидам демантиран, но со факти !
 
Протести имало (мирни) и ќе има, има анархистичка организација, наречена „Анархистички фронт“, која издава весник „Слобода“, минатата година беше организиран анархистички саем на книга, во Скопје. За во јавност-толку!
 
Со протести како што кажав нема никакви промени и немој да мислиш дека ванабианархистите не се познати на институциите-да не се лажеме.
 
Тоа мирни е проблемот.
 
Со протести како што кажав нема никакви промени и немој да мислиш дека ванабианархистите не се познати на институциите-да не се лажеме.
Зошто институциите би се занимавале со нив? Македонија ќе беше среќна држава доколку „анархистите“ и се најголем проблем. :)
 
Сите знаеме каде е проблемот. Само има уште еден проблем, „немирни“ ги ствара народот, пардон, свесниот народ.
Нели анархистот правдата ја бара преку безредие?? Ако грешам поправи ме..
За некој да го повлече тој народ, треба да има иницијатива баш од тие анархисти, но нив тогаш ги нема. Тогаш се филтрираат во групата на обичниот народ и се уште едни робови на неправдата и прават онака како што ќе им каже политичарот.
Сите сакаме промена и се бориме за таа промена, но никој не превзема дела. Јаки на збор, а никој на дела. Општо, за сите видови на движења. Пред се нема обединетост и цврст став. Ќе се откажат на првата пречка. Или, јас имам деца сега, нека се борат малите, завршив јас со таа авантура. Како ни свират од горе, така и играме.
 
Грешиш во врска со правдата и безредието, тука те поправам. Анархизмот е индивидуален начин на делување. Некој делува на мирен начин, некој ги уништува и ги бојкотира производите на државата... Има обединетост и цврст став, ама според мене, има и премногу апатија. Кај сите, воопшто. И јас често налетувам на проблемот со попувањето од повозрасните лица и како тоа иднината била во наши раце. Одличен изговор, јас, млада, со (би требало) иднина пред мене, да бидам жртва на некој или нешто, старите нека седат дома...
 
И јас често налетувам на проблемот со попувањето од повозрасните лица и како тоа иднината била во наши раце

Нема анархизмот иднина единствено што е добо е фактот дека ако имаше ВИСТИНСКИ анархисти истите ќе реагираат против економскиот терор а нема да лепат флаерчиња.
 
Грешиш во врска со правдата и безредието, тука те поправам. Анархизмот е индивидуален начин на делување. Некој делува на мирен начин, некој ги уништува и ги бојкотира производите на државата... Има обединетост и цврст став, ама според мене, има и премногу апатија. Кај сите, воопшто. И јас често налетувам на проблемот со попувањето од повозрасните лица и како тоа иднината била во наши раце. Одличен изговор, јас, млада, со (би требало) иднина пред мене, да бидам жртва на некој или нешто, старите нека седат дома...
Епа кај нас фалат од тие што насилно би ја побарале правдата, тие што би кренале бука и би ја свртиле јавноста кон себе (нешто како Anonymous - свеж пример) но кај нас нема некој што би го направил тоа. И не ме чуди според тоа што го гледам, а тоа е дека кај нас имаме повеќе анархистки отколку анархисти. Да не оддолжувам, на никој не му се попива една кривична заради својата идеологија. Повеќе анархија има на навивачките трибини од страна на скинхедс групациите, колку иронично..
 
Нема повеќе анархистки од анархисти, за жал. Каква анархија на навивачките трибини? Да не мешаш ти нешто со хаос и безредие? Анархија е ред без контрола. Ај ако те мрзи да читаш на википедија за тоа, барем разгледај ја темава, има фино објаснети работи во врска со тоа (занемари ги какачите, тоа се луѓе на кои алчноста и желбата за супериорност им удриле во глава)
 
Ја знам добро разликата, само беше примерот лош. Сакав да доловам дека мора да покажеш сила за да го добиеш тоа што го сакаш.
Иначе може да се дискутира и за тоа како анархизмот никогаш не би успеал доколку некогаш ја исполни својата идеологија. Можеби е дискутирано во претходните страни за тоа, незнам. Баш ќе проверам.
 
Протести имало (мирни) и ќе има, има анархистичка организација, наречена „Анархистички фронт“, која издава весник „Слобода“, минатата година беше организиран анархистички саем на книга, во Скопје. За во јавност-толку!

И колку изгубени души имаше?

Двајца без тројца.

Патем плаќате данок за книгите,списанијата и останатата литература која реално не нуди знаење.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 21:27 ---
Ја знам добро разликата, само беше примерот лош. Сакав да доловам дека мора да покажеш сила за да го добиеш тоа што го сакаш.
.

Нека ги видат комшииве на Југ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom