Како ќе смениме било што без насилство, кога насилството ни го вадат низ нос?
Интернетот како средство постои заради логистика. За да се освести народот и да реши да превземе нешто.
На крај, тоа мора да заврши со излегување на улица.
А знаете што се случува кога ќе се излезе на улица? Идат цајканите и упорно провоцираат инцидент.Ако масата е мирољубива, можно е и да нападнат некоја "застранета овца" и да го прекршат од ќотек. Ако и тогаш никој не се впушти да се спротистави, ако тие "вметнатите" во толпата не успеат да направат материјална штета, самите цајкани кршат шофершајбни и фрлаат молотови.
Навикнати сме по телевизии да слушаме за последиците од тие протести, насилствата, бројката на уапсени. Секој протест за некоја повисока цел од медиумите е прикажан како инвазија на преживеаните од Гомора.
На денешниов капитализам се конформиравме после светска војна. Една ваква силна индоктринација не може да се смени по мирен пат, премногу е навлезена во секојдневието. И премногу е насилна.
А муабетот "ајде сите сложно да ги повлечеме парите од банките" е, во најмала рака, смешен. И сите кинези ако во исто време скокнат-земјата ќе се помести за два сантима.

Не, ова мора да се искорени. Да се уништи. Најдобро е да се окрупниме преку средствата кои ги имаме на располагање, како интернетот, да почекаме овој домино ефект после Леман Брадрс да дојде до зенитот, државите да ја изгубат таа суптилна манипулација и отворено да компензираат за загубите на грбот на народот, па ќе видите како ќе падне и патриотизам и национална припадност и сите ќе се придружат на отпорот.
Сега, сеуште, малку сме.