Дали е грев да не се верува во господ?

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како не го кршиш првиот закон? Немај други богови освен мене. Ако си атеист немаш богови, вклучително и него. You're screwed.

Еве ти убаво објаснување за 10те заповеди:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Чуму цркви ако е така? :)
па треба некаде да се вработени и попоите. Не може бре поп у Железара да работи :icon_lol:
+Некаде треба и да покажат дека се верници оти срцето кој го глеа? Нокој нема браво да ти каже ако го сакаш Господ со срце. Вака ќе те види народ дека одиш. Па ќе те потапшаат малку...:eek:
 
С

сашенко

Гостин
Не е битно како живееш, туку дали ќе поверуваш во бога.
И Савле така го измачуваше народот свој, ама поверува во господ и стана апостол.

Многу е убава авраамовата религија. Можеш да правиш што сакаш, на крај ќе се помолиш, ќе побараш прошка, ќе повториш дека веруваш и тарааааам: ја те ја у рајот.
Па тоа ти функционира исто како политиката денес што функционира.Биди чесен граѓанин, почитувај ги законите, плаќај си се кон државата на време, учи и образовај се и биди најдобар студент ама ако не извадиш наша партиска книшка нема работа за тебе :icon_mrgr:.Па тој бог (ако постои) тогаш е голем идиот значи.Го заболело него ташакот дали вие ке се почитувате со луѓето околу вас или ке правите добри дела.Прај шо ке праиш и на крај извини му се и речи ок вадам твоја партиска книшка пушти ме во рајот и таму си :pos: (бар по вашите кажувања така испаѓа).Ама нели, и бог и политиката се од луѓето смислени па овие сличности не треба да бунат воопшто.

Ова вторава реченица му доаѓа како: И Петре беше неписмен и едвај научи да чита до осмо одделение ама поверува во партијата и по некое време стана градоначалник.Еве го сега и во собрание ке влегува слушнав :ROFLMAO:
 
M

Muranyi

Гостин
Постоењето на религиите е,благо речено,најглупавата работа кога се работи за односот човек-Бог.Дефинитивно религиите се човечка работа,човечка измислица чие постоење во минатото било неопходно за одредени цели,манипулации,остварување на разно-разни интереси.Можеби порано религиите и биле корисни за некои работи,можеби и имале некоја позитивна функција и покрај тоа што маме му еб*ле на човештвото.
Муабетот со "вистинската религија",како што многу милуваат да кажат за својата,од друга страна е уште поретардирана работа од самото постоење на религиите.Еве да кажеме дека јас сум добар Христијанин,ги почитувам сите божји заповеди напишани во Библијата,животот ми е во согласност со сето она што го проповедал Исус.И доаѓа Судниот ден,мене ме чека страшен суд за моите дела е недела и се одлучува дали ќе одам во Рајот или пак во Пеколот.И замисли Бог ми вика-"А не дечко,ти се си супер,добар,поштен,хуман,им помагаш на сиромашните,правиш само добри дела ама глуп си зашто ме викаш Исус а јас сум Алах ај сеа гитла ќе гориш во Пеколот!!!!!":vozbud:

Па добро бе мме зар јас сум крив ти што си неспособен да ни предочиш на нас луѓето која е вистинската религија и кој е вистинскиот Бог?За што се мачев јас во животот и бев добар кога некој умешал прсти и однел во заблуда милијарди луѓе?Што сум јас,баба Ванѓа да знам кој е вистинскиот пророк и кој е вистинскиот Бог?Ете тоа е сликата за Бог според многумина верници,тоа е сликата за нешто совршено и семоќно.Не фала,јас во таков Бог кој не знае работата да си ја заврши а се фали дека е семоќен,нема да верувам.На крајот на краиштата,што му е битно на Бог дали јас верувам во него а од друга страна водам колку-толку морален живот а некој што верува во него прави се и сешто ама ќе се покае пред да умре и ќе оди во Рајот?Епа ако е Бог егоистичен-не фала,други нека му го исполнуваат Егото и нека не лаже дека е праведен зашто не е правда јас да се варам во казан а Осама Бин Ладен да си го прчи во Рајот со 72 девици.Дефинитивно,Богот во Јудеизмот,Христијанството и Исламот е човечки Бог,создаден од луѓето.Земи само Куран отвори и прочитај неколку стихови и да видиш ти што е влевање на страв-јас сум еден,јас сум семоќен,јас ќе те казнам,јас ќе те уништам,јас ќе ги уништам неверниците,јас ќе ти се одмаздам.Јас што не верувам,страв ме фати кога читав стихови во Куранот да бидам искрен.Е тоа нека се плашат Ал Каеда од измислени ликови,јас одбирам слободен живот со достоинство и љубов,ама вистинска а не љубовта на Бог,кој те сака ама не си свесен што ќе ти направи во Пеколот ако не поверуваш во него.
 
S

Sagan

Гостин
Па тоа ти функционира исто како политиката денес што функционира.Биди чесен граѓанин, почитувај ги законите, плаќај си се кон државата на време, учи и образовај се и биди најдобар студент ама ако не извадиш наша партиска книшка нема работа за тебе :icon_mrgr:.Па тој бог (ако постои) тогаш е голем идиот значи.Го заболело него ташакот дали вие ке се почитувате со луѓето околу вас или ке правите добри дела.Прај шо ке праиш и на крај извини му се и речи ок вадам твоја партиска книшка пушти ме во рајот и таму си :pos: (бар по вашите кажувања така испаѓа).Ама нели, и бог и политиката се од луѓето смислени па овие сличности не треба да бунат воопшто.

Ова вторава реченица му доаѓа како: И Петре беше неписмен и едвај научи да чита до осмо одделение ама поверува во партијата и по некое време стана градоначалник.Еве го сега и во собрание ке влегува слушнав :ROFLMAO:
Не ли е многу убава авраамовата / ибрахимова религија? Баш како за слабаци е измислена.
А типот за кој зборуваш, не се вика Петре, ами Елвис.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Поголема неблагодарност, болест и глупост од теоретското и практичното негирање на Творецот (Дарителот) на небото и земјата - и се’ што е во ними - нема!


Денот доаѓа кога сите ќе се разбудат за Совршената Вистина во Исуса Христа и доземја ќе и’ се поклонат!



Дај БОЖЕ - Иншалах - сите правовремено да се разбудат и да бидат спасени!


Амин



Од ЉУБОВ световите ги создаде
Од ЉУБОВ и ги одржува
Од ЉУБОВ Христа ни го даде
Преку Него сите ги повржува

За Него пеам
За Него мислам
За БОЖЈИОТ Христос живеам
И Неговиот Совршен Ислам !
.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

“Немаш гајле бато“!

Те молам заморисе само уште еден единствен пат, ставајќиме на твојата игноре листа и ти ветувам дека повеќе ќе немаш причина со мене да се замараш!

Секое добро (y)




.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Брат море, не се секирај не гориш во пеколот.Теебе во рајот ќе те пикниме :D

Се шалам, ете убаво ти објасниле шо какко тука :D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
чудна работа е работава со религииве, ако заприметите сите удираат таму кај што сме најслаби, односно се базираат на СТРАВОТ кај луѓето, сметање на луѓето како подолно нешто од БОГ како тие се НИШТО а тој е СЕ, и колку ние сме НЕМОЌНИ.. и потребата да ја придаваме ОДГОВОРНОСТА на некој друг за тоа што се случува околу нас, и потребата да бидеме доминирани од нешто што е посилно од нас, нешто што е фиктивно постабилно, зошто ние сме толку .. "изгубени" во овој чуден и необјаснив живот.
Религијата си ја прави својата работа, христијанството одпрво било измислено за да им даде надеж на поробените луѓе кои во тогашна голема Византија им било многу тешко. Да им каже дека дошол "спасителот" и ќе ги спаси и дека постои "живот" после смртта и доколку остане добар (ПОКОРЕН) ќе има сепаре во рајот.
Затоа и тогашните империи се први што ја прифатија религијата, ЗАТОА што ги држи робовите ПОКОРНИ, и полесни се за контролирање.

Затоа религииве се едно големо срање, заради кои ние многу бавно напредуваме духовно ("духовно" нема никаква врска со религија и бог, се мисли на здрав разум, просветленост, виша свест).
Сте се замислиле некогаш дека ако не се плашите од "БОГ" , пекол, казни такви срања дека усфари никој не ви може ништо ? КАКО мене ќе ме казни некој си "бог" кога јас не се плашам од него? не се плашам од пекол, од смрт.. каде е тогаш казната? За мене бог нема никаква смисла и нема смисла темава зошто кога не веруваш во вакви работи едноставно религијата и бог не ти може ништо. Затоа што јас сум БОГ за мене, и верувам само во себеси.
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Bitno e sekoj covek da bide covek pred se, bez razlika dali e Ateist ili Teist !!!
Inaku site svetski religii se dosta slicni, zboram za monoteistickite religii, kade sto postoi edna sveta kniga, eden gospod, nekakvi si negovi pratenici/proroci na zemjata, svetci, dobri angeli, zli angeli, raj, pekol, grevovi, bozji zapovedi, bozji cuda, zivot posle smrtta, sudniot den i.t.n. i.t.n.
Vsusnost Hristijanstvoto i Islamot, se dosta slicni religii, iako pomegju niv postoi ogromen i nepotreben jaz !!!
I vo dvete religii ima: sveta kniga(biblija/kuran), eden gospod/allah, bozji pratenici/proroci na zemjata(Isus/Isa,Muhamed...), dobri angeli, losi angeli/dzini, pekol/dzenem, raj/dzenet, grevovi/harami, bozji zapovedi/obvrski, bozji cuda, zivot posle smrtta, sudniot den i.t.n.
E sega znaci Ateistite gi otfrlaat sive ovie raboti t.e. gi otfrlaat vakvite ucenja, ucenja za postoenje na nekakov bog/bogovi/proroci pratenici/svetci/angeli/suden den/zivot posle smrtta/pekol/raj i.t.n.
No toa neznaci deka eden Ateist, nemoze da bide dobar covek i da zivee tokmu kako sto nalagaat bozjite zapovedi: ne kradi, ne ubivaj, ne lazi, ne kleveti, ne vrsi preljuba, ne posakuvaj tugji zeni, ne posakuvaj tugjo bogatstvo, pocituvaj gi roditelite i bliznite svoi i.t.n.
Ateistite(ne site) vo princip gi pocituvaat bozjite zapovedi/pravila na zivot, no ostanatiot del od religiskite ucenja gi otfrlaat t.e. gi otfrlaat ucenjata za postoenje na nekakov bog/bogovi/proroci pratenici/svetci/angeli/suden den/zivot posle smrtta/pekol/raj i.t.n.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
... ("духовно" нема никаква врска со религија и бог, се мисли на здрав разум, просветленост, виша свест).
...
.

А бе како да непукнеш (?) ... :LOL: ... кога луѓе со сета сериозност (несакајќи) ги продуцираат најголемите вицови? :ROFLMAO:



Ај, на арно нека е смеењево ... :)

Повели кликни (на пример) тука и информирајсе што е религија, во темата: Самоопределување или наметнување?

п.с. Ако Духовност нема врска со Религија и БОГ, зошто тогаш пишуваш на подфорумот религија? :)

п.п.с. Треба да знаеш дека Совршената Религија (Духовност) иако е Една, Таа одсекогаш имала три свери: * преперсонална, *персонална и *трансперсонална!

Повели кажи за која сакаш да зборуваш и те молам немој да делиш што заедно припаѓа! (y)


.

.

.


.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Дали е грев да не се верува во господ?

Нема поголем грев на денешницава...
Ни иншалах ни бог ни адам ни јаболка ни круши ни дедо ное ни никој ич. :tapp:

За неговата бескрајна љубов.. да му се памти името вечно!
За неговиот фајт со црквата.. да му се памтат делата вечно!
За неговиот придонес во менталната еволуција!
св. Чарлс Дарвин :cuc:

Сите имаме право да си веруваме во тоа што сакаме, нели? :D

п.с. без нервирање... малку провокација за да има добра дискусија ;)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
.

А бе како да непукнеш (?) ... :LOL: ... кога луѓе со сета сериозност (несакајќи) ги продуцираат најголемите вицови? :ROFLMAO:



Ај, на арно нека е смеењево ... :)

Повели кликни (на пример) тука и информирајсе што е религија, во темата: Самоопределување или наметнување?

п.с. Ако Духовност нема врска со Религија и БОГ, зошто тогаш пишуваш на подфорумот религија? :)

п.п.с. Треба да знаеш дека Совршената Религија (Духовност) иако е Една, Таа одсекогаш имала три свери: * преперсонална, *персонална и *трансперсонална!

Повели кажи за која сакаш да зборуваш и те молам немој да делиш што заедно припаѓа! (y)

.
од кој да се информирам? од твои коментари?

твојов пост ама баш ништо не ми кажа и досадни ми се, освен што кажа дека многу си се изнасмеал ништо друго не прочитав.

Инаку дефиницијата за духовност ми е од Ошо. Aко незнаеш кој е тој пиши на википедија.

Еве ти информирај се што е духовност и каква е таа духовност за која ти зборуваш, денеска ќе научиш нешто ново.
http://en.wikipedia.org/wiki/Spirituality
http://en.wikipedia.org/wiki/Spirituality#Religion

штета што форумов труе од неаргументирани коментари како твоите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom