Бриџит Џонс еднаш кажа: Универзална вистина е дека кога еден дел од животот почнува да ти оди супер, другиот дел спектакуларно се распаѓа на парчиња. Тоа што тотално се согласувам со неа е тАчно, ама пази го примеров сега (
): Значи општо познат факт е дека мојот интернет е катастрофа, за него се зборува на долго и широко.
Еве, прашај ја и Џену, она најдобро знае.
Е сега, одеднаш ми откажаа љубов и Виндоус Медиа Плејерот и Винампот кој од не знам кои причини ми ја пушта само Ај ма пиши ми од Бени, ниедна друга песна не пушта. Во меѓувреме, ЈуТубот ми е брз како никогаш до сега, како Спиди Гонзалес е, а до пред недела и пол чекав 10 - 15 минути една песна да се наполни, за да можам да ја чујам. Е сега, не можам ниедна песна од компјутерот да си ја чујам, ама ако ништо друго ЈуТуб лета како никогаш до сега. Oh, the irony...
Иначе ова беше тотално непотребен пост, ама мене исто ми е тотално многу исклучително досадно, па најверојатно ќе одам да читнам една книга што ја почнав, па пожелно би било и да заспијам во догледно време.