Знаеш дека Хептаграм не постои како личност, така да навредување на истиот е бесцелно... Негово судење каков е, што е, зошто е... каков глад има што има... е бесцелно и покажува дека немате врска со телемата и докажувате дека дојдени сте само да зборувате и да противречите на нешто што, како да кажам, не го ниту знаете ниту разбирате...
Но ок, тоа е ваше... Јас 100 пати реков дека сум дојден да дадам мое мислење за телемата со која сум запознаен и за која како што гледам, знам малку поеќе.
Но, ајде малку да се насмееме...
Ве љуби Хептаграм!
П.С. Потребни ми се 1001 душа, исто колку што беа потребни ноќи на Шехерезада и исто толку приказни за да се избави од смрт од злобниот султан.
Што ли сега сакав да кажам? Ќе дојдеш да ми реплицираш? Ќе ми читаш мислите? Извини што не сум христијанин, муслиман или пак избери ти нешто твое за да бидам сит во душата. Што да правам ти се погодив да ти газам на жуљ ...
П.П.С. Да беше лесно да се биде во О.Т.О. и со читање на мојата страница да доаѓаат луѓе за иницијација, каде ќе бевме
Но не е така... не се плаши, и да има телемити, не сме толку страшни... Секако, не сме ние клуб или библиотека па да ги сакаме сите во нашите редови. Не се сеќирај... а дека има телемити, има, тука ништо не можеш да смениш. Секој со својот избор. Секој по својот пат...