- Член од
- 16 октомври 2009
- Мислења
- 37
- Поени од реакции
- 2
Mountain Lion односно Mac OS X 10.8 во моментот е достапен за девелоперите, а во финалната верзија треба да дојде во текот на летото. Информациите велат дека нема да има големи и револуционерни промени.
Тоа може да се види и во името - Mac OS X Leopard, го доби наследникот со мали надградби Snow Leopard, а сега актуелниот OS X, Lion ќе добие освежена верзија која ќе го носи името Mountain Lion.
Сепак, новиот оперативен систем ќе има доволно новини, многу поправени багови и ќе работи побрзо. Една од главните новини е поголемата интеграција на Apple iCloud, а тука е и новата апликација Messages која го заменува iChat како и двете апликации преземени од iOS - Reminders и Notes. Game Center исто така ќе биде дел од новиот OS X.
Twitter исто така ќе биде длабоко интегриран во новиот OS, а секаде ќе бидат присутни опциите за споделување содржини. Воопшто целиот оперативен систем ќе биде многу близок до интернетот, а се во него ќе биде поврзано со онлајн содржините.
Mountain Lion нема да биде она што многумина очекуваа - целосна унификација на оперативните системи за десктоп, преносните уреди, паметните телефони и таблетите, но ќе биде голем чекор во таа насока.
http://kajgana.com/apple-go-najavi-mountain-lion