Падежи во македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.863
Познато е дека во македонскиот јазик го имаме вокативот, но не како падеж, туку како падежен остаток.
Дали може да ми кажете кои други падежни остатоци ги има во нашиот јазик?

Во средно не го учевме тоа, а еве и низ книгава листам - нема.

Ако има некој информации, би била благодарна!
 
Ако добро се сеќавам тоа во дијалектите некаде имаат останато и цели. Веројатно во некој од западните дијалекти беше. Во меѓувреме ако се сетам ќе ти пишам...
 
Старословенскиот јазик бил изразито синтетички - односно имал развиени падежни форми (деклинација) и развиен систем на глаголски форми. Со текот на времето овој систем многу се изменил и упростил, па македонскиот јазик се трансформирал во јазик од изразито аналитички тип - односно јазик без падежи и изразување на односите со предлози.
Развојот одел постепено, почнувајќи од 10. и 11. век, но веќе во 15. век во народниот јазик се зацврстил современиот тип на македонскиот јазик.
Именки
1. Стариот јазик разликувал седум падежи со кои се изразувале различни односи:
- номинатив - го означувал подметот во реченицата;
- генитив - означувал дел од нешто, посвојност, оддалечување и др.;
- датив - означувал намена, индиректен предмет, посвојност и правец;
- акузатив - го означувал предметот во реченицата;
- инструментал - повеќе значења - средство, друштво и сл.;
- вокатив - означувал повикување;
- локатив - означувал време и место на дејството.
Падежите се употребувале со и без предлози. Но, постепено, во нашиот јазик падежите ја губеле својата функција за сметка на предлозите кои ја зајакнувале. (И денес ја имаме истата тенденција кај преостанатите форми на падежите кај заменките - често погрешно се употребува: на него, место нему).
На пример, индиректниот предмет во стариот јазик бил: рекох чловјаку (датив), а денес имаме аналитичка форма со предлози: му реков на човекот.
Придавки
И кај придавките се загубиле падежните форми, како и старите синтетички форми за компаратив и суперлатив. Па од: богат - богатјаи - најбогатјаи, денес имаме: богат - побогат - најбогат.
Исто така се загубиле посебните форми за компаратив образувани од други основи (велик - болии; голем - поголем).
Заменки
Единствено кај заменките се зачувале форми од падежите и тоа: дативни форми за изразување индиректен (мене ми) и акузативни форми за изразување директен предмет (мене ме).
Од старите показни заменки: овој, оној, тој во македонскиот јазик се развил членот (раб т - работ).
Глаголи
Кај глаголите се загубила инфинитивната форма, но се зачувале минато определено свршено и несвршено време (аорист и имперфект), кои во другите словенски јазици се загубиле; и исто така се јавиле нови глаголски конструкции образувани со помошните глаголи сум и има.
Во нашиот јазик, за сметка на упростување на именскиот систем, глаголскиот се усложнил.
Падежни остатоци
Македонскиот јазик е еден од двата словенски јазици кои немаат падежен систем. Падежните форми се заменети со предлози и лексички изрази. Сепак, денес во македонскиот јазик има мал број остатоци од поранешните старословенски падежи, односно падежни остатоци од вокативот и акузативот. Овие остатоци се такви форми на зборови кај кои со посебни наставки се искажува нивната функција во реченицата. Овие падежни форми биле вообичаен начин на изразување на функциите. Денес овие форми се среќаваат само кај некои именки од машки и женски род со вокативбна служба, а многу ретко со други други служби како на пример акузативната или предметската. Поради постоењето на други форми, падежните остатоци исчезнуваат од македонскиот јазик.
пр.
Боже мој! Што ли направи? (вокативна функција)
Мамо! Каде е млекото? (вокативна функција)
Вчера го видот Јована. наспроти Вчера го видов Јован.
Вокативни форми
Вокативните форми се користат за непосредно обраќање кон некого или нешто, најчесто кон човечко суштество. Преку нив свој израз наоѓа обраќањето или категоријата апел. Таа се остварува со посебна интонација и со граматички наставки. Вокативната интонација е неопходна за оваа служба на именките, а наставките се застапени само кај дел од нив, пред сè кај оние што именуваат човечки суштества (пр.мајко, брате, сестро итн.) Вокативни форми можат да имаат и именките што означуваат нешто неживо, ако по пат на персонификација им се препишува својство на соговорник во општењето (пр. Вардаре, земјо, Македонија, итн.)
Именките од машки род своите вокативно форми ги образуваат со наставките -у и -е. Во пракса не постои јасна граница меѓу овие две наставки и двете може да се користат за една иста именка (свате, свату). Наставката -у почесто се среќава кај едносложни именки, а -е кај повеќесложни именки (крају, учителе). Машките имиња кои завршуваат на самогласка немаат вокативна форма (Никола, Ѓорѓи), а тие што завршуваат на согласка ка земаат наставката -е (Горане, Зоране).
Именкие од женски род ги користат наставките -е и -о за вокатив. Првата наставка ја користат именки кои завршуваат на -ица и -ка (Јованке, Милице), додека втората ја користат именки кои завршуваат на -а (Маријо, Симоно). Именките од женски род што завршуваат на согласка немаат вокативна форма (љубов, радост). Именките од среден род немаат вокативни форми.

(Само олку најдов на нет..ако ти помогне, супер. :D )
 
Развој на граматичкиот систем на македонскиот јазик

Старословенскиот јазик бил изразито синтетички - односно имал развиени падежни форми (деклинација) и развиен систем на глаголски форми. Со текот на времето овој систем многу се изменил и упростил, па македонскиот јазик се трансформирал во јазик од изразито аналитички тип - односно јазик без падежи и изразување на односите со предлози.
Развојот одел постепено, почнувајќи од 10. и 11. век, но веќе во 15. век во народниот јазик се зацврстил современиот тип на македонскиот јазик.
Именки
1. Стариот јазик разликувал седум падежи со кои се изразувале различни односи:
- номинатив - го означувал подметот во реченицата;
- генитив - означувал дел од нешто, посвојност, оддалечување и др.;
- датив - означувал намена, индиректен предмет, посвојност и правец;
- акузатив - го означувал предметот во реченицата;
- инструментал - повеќе значења - средство, друштво и сл.;
- вокатив - означувал повикување;
- локатив - означувал време и место на дејството.
Падежите се употребувале со и без предлози. Но, постепено, во нашиот јазик падежите ја губеле својата функција за сметка на предлозите кои ја зајакнувале. (И денес ја имаме истата тенденција кај преостанатите форми на падежите кај заменките - често погрешно се употребува: на него, место нему).
На пример, индиректниот предмет во стариот јазик бил: рекох чловјаку (датив), а денес имаме аналитичка форма со предлози: му реков на човекот.
Придавки
И кај придавките се загубиле падежните форми, како и старите синтетички форми за компаратив и суперлатив. Па од: богат - богатјаи - најбогатјаи, денес имаме: богат - побогат - најбогат.
Исто така се загубиле посебните форми за компаратив образувани од други основи (велик - болии; голем - поголем).
Заменки
Единствено кај заменките се зачувале форми од падежите и тоа: дативни форми за изразување индиректен (мене ми) и акузативни форми за изразување директен предмет (мене ме).
Од старите показни заменки: овој, оној, тој во македонскиот јазик се развил членот (раб т - работ).
Глаголи
Кај глаголите се загубила инфинитивната форма, но се зачувале минато определено свршено и несвршено време (аорист и имперфект), кои во другите словенски јазици се загубиле; и исто така се јавиле нови глаголски конструкции образувани со помошните глаголи сум и има.
Во нашиот јазик, за сметка на упростување на именскиот систем, глаголскиот се усложнил.

Posted by Билјана at 21:01
Оваа е од ГУЦ предава Македонски јазик од нејзе го превземав.
 
Истото, среди го барем црно напрај го, морав да го маркирам за да прочитам шо пишува.
 
Зависи кој стил користиш, дека јас сум на синиот и е супер. Иначе барав и по старите учебници ама немаше ништо детално.
 
Ви благодарам многу!

Нелту, ти имаш напишано дека Македонскиот јазик е еден од двата словенски кои немаат падежи - кој е другиот јазик, дали знаеш?
Бидејќи постојат многу словенски јазици, не би можела ниту да претпоставам кој е тој.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 16:11 ---

Јас имам некои граматики по дома, проблемот е што многу малку имам граматичко образование (во средно не учевме граматика, се убивме од читање литература) и не знам ниту каде да барам.
 
Бугарскиот.
 
Мислам дека бугарскиот.
 
Интересно е што и Македонскиот и Бугарскиот јазик, се „опкружени“ со многу граматички различни јазици. Српско-хрватскиот, на пример, граматички има малку допирни точки со Македонскиот, на страна тоа што имаме многу слични, или исти зборови. Веројатно најголемата разлика ја прават токму падежите во Српскиот, Хрватскиот и Босанскиот јазик (кој не сум сигурна дека постои како посебен јазик) и предлозите, а секако и членовите кои ги нема во ниту еден од овие јазици.
 
Членовите се на еден начин превземени од старогрчкиот јазик.
 
МАлце историски ќе го зафатам ова, мада некои не би се сложиле но тоа е веќе друга прича. Една од повеќе прифатените теории е дека словените се преселиле во 6-7 век заедно под притисок на аварите. За тоа може да видиш во историјата на Стоби и скупи како и пдоцнежното обновување на калето скопско. Е сеа после преминувањето на Дунав првите места кои тие ги населија се местата по тековите на реките Струма, Брегалница и сличните ним. Затоа тукашните племиња (во градовите најчесто византијци) биле на повисоко писмено ниво, словените попримиле некоја првична писменост за да во 9ти век бидат покрстени и описменети од Солунските браќа. Нели и првата мисија на Кирил и Методиј беше Брегалничката. Сеа јас овака малку лаички и набрзинка го објаснив пошо неам многу време за дообјаснување. Прочитај ги панонските легенди, Црноризец храбар и Византијскиот комонвелт од Оболенски, има некои ствари кои држат вода, јес да има и пристрасност на моменти.
 
Црноризец Храбар имам читано, но тоа беше пред добри 7 години. Никогаш не обрнав посебно внимание на тоа, а во последно време ме интересира, најдов слободно време, до тоа е :)
Сепак ќе си го препрочитам, а и Панонските Легенди исто така. Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom