Генерална дискусија за запалено Македонско знаме во Косово

Откако ленка
остави кошула тенка
ленена
И на налани отиде
тутун да реди в монопол....

Откако косово ова
откако бугарите она
откако грците тоа
откако македонците воа...
Откако (рандом нација)...

Откако ги знанемариме нациите, светот ќе биде поубаво место за живеење.
 
тоа го сакаат илуминатите. а госпдо ги создал народите и поделил земја каде на културен начин ќе се натпреваруваат.
 
Полека но сигурно западот почнува да слабее, ќе биде интересно еден ден кога Русија ќе удри на Балканот.
 
Албанија не ја мешајте нема никаква врска со овие инциденти, но Косово е најголемиот можен чир што и се случи на Европа... Интересот на западот е голем, единствено што можеме е да играме на нивниот танц, овие инциденти се длабоко поврзани со ред други работи што се случуваат тука во Македонија.
 
Косово е реалност, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, и неговото признавање значи прифаќање на таа реалност. Ако земеме во предвид дека ни е и добар трговски партнер, признавањето е потребно и оправдано.

Овие нивни испади, кои стануваат се почести, не одат во прилог кон зголемување на и онака ниското ниво на доверба кое Македонците го имаат кон Косово како држава што не би се мешала во внатрешните проблеми на Македонија. Тоа може да биде нивен сериозен проблем откако ќе ги прележат детските болести од кои сега патат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: LMC
Проблемот е што Македонија влегува во изборна година, па сега се користи можноста за партиите да си покажат заби. На Косово, пак, слават годишници од независност, но свесни се дека периодов им помина без никаков успех. Ние со Косово си имаме убава трговска размена. Проблемот се вакви девијантни појави, со кои го покажуваме степенот на цивилизираност. Ние сме рекле ова - тие ни рекле она, па за да се смират страстите одма се пали знаме. Мене, лично, многу ми смета што група неписмена раја си игра политика и што од нив зависи мојата иднина. Потрешко ми е што ги гледам како си играат индијанци - каубојци, а јас не можам ништо да сторам.

Кога веќе почнавме да се искажуваме и со поезија, би сакала да го споделам извадоков од „Очи“ од Ацо Шопов, сметам дека е најсоодветен:

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни,
`ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, `ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
„Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души...“
Пријатен ден!​
 
Откако ленка
остави кошула тенка
ленена
И на налани отиде
тутун да реди в монопол....

Откако косово ова
откако бугарите она
откако грците тоа
откако македонците воа...
Откако (рандом нација)...

Откако ги знанемариме нациите, светот ќе биде поубаво место за живеење.

Не е баш така само ме мрзи да дискутирам сега. Барем од тебе не очекувам да станеш апологет на онаа багра општествени паразити-анархисти, нихилисти, космополит(ен)и, феминисти, неолибералисти барем не без добра основа за тоа. Ќе правиме муабет.
 
Јас паразитирам по рабовите на општеството, и поприлично сум нихилистички настроен...

Багра?

:(

Ќе видиш кога ќе дојдеш на Битолската собиранка...

:нинџ:
 
Иронија. Немаат никакво производство, здравство ( читај се живо набавуваат од кај нас, а болниците се полни со косовари) ем пази мајката признати од нас ( за мене невидена грешка ама нејсе политика е .....) и наше знаме палат. Цивилизираноста им е светлосни години далечен поим.
 
на косоварите им е повеќе од јасно дека ние ги признавме само поради притисокот кој го врши дуи како партнер во владата, знаат дека ние македонците никогаш не би го признале косово доброволно, туку во интерес на мир во нашата држава го признавме. Од друга страна и нас македонците ни е јасно што косоварите мислат за нас и нашата држава и не треба да не чудат вакви испади. Сега ќе излезат косовските власти и ќе го осудат инцидентот, а можеби ќе ги обвинат вевчанци, којзнае ?!
 
Косово го признавме под притисок на САД, исто како што тоа го направи Црнагора...
 
Imaat proizvodstvo .... semi-hemicari se , amfosi , ckart tablici trefche .. toa e nivnoto proizvodstvo
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom