Убо имат речено постарите Битолчани и во право се
ОД ГЛАТА СИ ПАТИМЕ НИЕ
После ќе кукаме,Скопје вака,Скопје така....
Луѓе,во Скопје луѓето работат,ама навистина
РАБОТАТ!!!Лично се уверив во ова дури студирав....
Скопјанец не се срами да работи,имам пријатели од Скопје,луѓе шо биле некој и нешто на времето,изгубиле се,и пак работат,и то најниски работи,и то по две работи дневно...
Е па зато се успешни бе....
А кај нас,кабадајската,шо вика Гобац во филмот Кабадаја.....
ШО ИМА ДА РАБОТАМ ЈАС БЕ СОЊА ЌЕ РАБОТИ ЗА МЕНЕ...
Сите сакат директори да бидат....
Скопјани со
ВИСТИНСКА РАБОТА од селски клубој напраја ГИГАНТИ во вистинска смисла на зборот,а ние од кабадајлук од гиганти напрајвме клубој за потсмев,е па ќе ни се смеат сите сега....и треба да ни се смеат,оти за смеење е,за жалење сме ние...
Сосема друг менталитет и начин на живот....зато се успешни.и допрва ќе одат напред....
Се се давало во Скопје,е па ќе се дава,ко се мангупи да си земат...тој шо работи ќе има...
Со зборање и кукање нема ништо...
Оти нашите партиски шефој не се мангупи и да речат
ЧЕКАЈ БЕ ЛУЃЕ,АМИ ЗА БИТОЛА ШО ПРАЈМЕ?
Туку ќутат оти ќе ги сменат......
Локал патриоти сме биле,а ха да...
Ни сме ни ништо.....
Ние уште си го имаме ова кабадајското,живејме во минатото,конзулска Битола,историја,урбано живеење низ вековите
,ДА,така било ама сега помина то....
Младите дремат на Широк Сокак,со изговор
АБЕ АМАН ШО ЌЕ РАБОТАМ ЈАС,НЕМА РАБОТА!!!
И поубо е така да си велат да си се залажват отколку да си ја чукнат глата и да видат шо напрајле со животот.....(зошто ако го напрат то ќе видат дека ништо не напрајле)....
Со кукање и филозофирање нема ништо да напрајме...Сега е убо дури дават мама,тато пари по некоја година ќе видиме шо ќе се прај....
За се во градот,почнувајќи од глумецот од градоналчник па се надолу,се остана на зборање,на фалење,
ВАКА ЌЕ БИДИ,ТАКА ЌЕ БИДИ, а реалноста е нималку розова за градот....
Невработеност огромна,работа нема,а и таа шо ја има никој нејќи да ја работи
се шлепаат партиски кадри сегде без разлика дали имал или не школија,ама мора да биди
НИВНО ДЕТЕ...
Па другите ко ќе дојдат истото го прат и се вртиме во круг..
Шо остана од градот кажете?од кој чекаме да вложи?
Од газдите на кафичите да вложат во спортот?тие на келнерите не му дават редовно плата па за друго ќе дават....
Кој фирми останаја во градот,и тие шо се помоќни ги лапнаја странци,скопјани,зошто?Зошто нашите менаџери не ги биваше да работат,искрадоја се,и сега се си купија странците...
Е па нив уште помалце му е гајле шо немало во градот ништо..
и не треба да му биди гајле ко нас не ни е гајле...
Реално ако се гледа знајме дека е така....
И сакаме промени?
Со кој бе промени?Со овие партии шо се сега во Битола?
Со навивачи шо
А не кажаа во знак на протест....
Ичкртале некоја зграда низ Битола.
САКАМЕ СПОРТ ВО БИТОЛА,море голема работа сте напрајле
Никаква навивачка свест да се немалои,апсолутно никаква,еден протест не се напрај,ништо...
И сакаме после да се нарекуваме голема навивачка група?каква група бе....
Од пусти страв од партијата А не смеат да кажат...
И после сакаме да не есапи некој?Никој нема да не поштова,оти сме кукајци...
И за потсмев сме....Град без навивачи,без свест,само си ќутат сите......
Кажват нема пари во клубот,нема пари во клубот....Кај се парите од ЕЛЕМ?Ојдоја за странците,за турнеите...
Пак ништо не кажват ШО Е ПРОБЛЕМОТ?
Решение има,за се има решение,само треба некој да застани и да речи крај,одиме да работиме....
Е па нема сега пари.......Се фрлија еден куп пари во ветар летото и зошто?и сега не сме влегле во СЕХА и ај то е...
Убо е ова со форсирање млади деца,одамна требаше да се напрај ова,да се испрај грешката на Циле,Спиро шо за сметка на нашите деца беа форсирани странци,и од другите градчиња играчи..шо се изгубија еден куп класа играчи шо ако беа денес во Пелистер ќе газевме,постарите на форумот знат шо играчи имавме на времето во младинци....
Е па сега тие играчи од малите градчиња станаја луѓе,репрезентативци,и ги боли таквото за Пелистер...заборават од кај излегле,дека кога дошле овде дошле по шангајќи,а излегле од Пелистер како репрезентативци.....и после ко ќе се вратат во Македонија од странство ќе си одат во Вардар,металург.шо барат во Пелистер ко нема пари...случајот со Манасков,заборај од кај излезе ко се врати од Цеље и наместо кај нас си ојде кај Михајло....и ред други примери....
Туѓиот играч не го боли за Битола како нашите деца,не дека грото од Битолчаните би одбиле понуда од Вардар,Металург,ама пак ги боли за Пелистер и имат респект кон клубот...
И сега ако ја повторат грешката ко фудбалот шо напраја со децата и то е..
Со децата треба да се потпишат договори,цврсти договори....
Ако сака Минчо да земи некој,пеки бате....искеширај 30.40 000 евра земи го детето...
А не за семки да ни бегат децата,и да си ги лапа некој в џеп како шо праеше Круме....
Пелистер со тие пари од децата шо требаше да ги земи сега ќе беше во прва лига во фудбал...
Самите треба да си го чуваме брендот БИТОЛА и се шо излегло од тука,а со зборање и кукање ништо нема да биди...10 години кукаме и ништо се нема напраено....
За 5 минути Двојче можи да го реши проблемот за многу прашања во градот,ама
НЕЈЌИ...
Рибата од глата смрди,каков домаќин на градот,таков град....