Медиумите се повлекуваат од Time.mk

Очајна е ситуацијата кај нас во Македонија, особено ако се појави профитабилен бизнис, веднаш ќе те сотрат, во овој случај не може инспекција да пратат, па мора на друг начин.

Патем, парадоксална е ситуацијава и испаѓа дека медиумите не разбираат дека тие не ја создаваат вредноста, туку тајм.мк ја создава вредноста на нивните вести, бидејќи доколку не беше тајм.мк(и сл) никој немаше никогаш да пристапи кон нивните вести. Вестите ќе беа споделувани преку форуми, фб,итн... Тоа и сега постои, така да сите оние плус посети што им се од формирањето на тајм.мк до сега им се само од тајм.мк а не од поголемата заинтересираност за нивните вести.

Мене не ми треба тајм.мк за да пристапам на Капитал, на фб страната постојано објавуваат линкови и постојано ги отварам, што значи дека си ја знаат работата, а овие со само седење и Телевизијата како примарна дејност сакаат да привлекуваат и посети на сајтот а притоа бараат пари од сајтот што им ги носи посетите, парадокс до парадокс...
 
Сите медиуми се повторно дел од time.mk.
До медиумите кои не сакаат да бидат цитирани ќе водат само линкови со насловите на вестите и нема да постои банер кога се следи линкот.
 
Не го одобрувам тоа што Тајм.мк се богатеше на туѓ грб со онаа педерска рамка во која ги пренесува вестите на интернет порталите. Тоа е погрешно и е против сите медиумски правила и етички принципи.

Сопственикот на Тајм најде овде во Македонија село без кучиња, информатички неписмено и неколку години ги „крадеше“ интернет страниците со тоа што безобразно им одземаше посети на сметка на своето „интернет портфолио“ што за многу брз период го смести на водечкото место меѓу сајтовите во земјава.
Разбирам доколку сето тоа би било со некоја општествена цел, но за жал, во прашање беше чист профит и бескрупулозното бркање интернет герила маркетинг.

Дури сега, откако медиумите сватија дека од своите интернет портали можат да си извадат не така мала паричка, се одлучија да му кажат не на Тајм и таа негова подла рамка.

На Тајм.мк немаше ништо да му фали доколку како и досега ги агрегираше вестите со насловот и поднасловот на својата страна, а по евентуален клик да ве префрли на изворната страна (без рамка) - што е сосема легално (како што тоа го прави Гугл Њуз), па дури и пожелно за медиумите (бесплатна реклама).

Немаше ништо да му фали освен некои 60-70% помалку кликови на страната, што автоматски значи пад под топ-20 сајтови во мкд, што автоматски значи 70-80% помалку пари од реклами. Тука лежи зајакот.

Да се разбереме, овде во никој случај не ги штитам Сител, Канал5, Курир или весниците на МПМ. Напротив, сметам дека на ист чекор треба да се одлучат сите интернет сајтови кои сеуште преку тајм.мк се отвараат во рамка.
Тајм.мк ќе мора да ја промени политиката и да се задоволи само од посетите на неговата основна страна, а да се откаже од бонус посетите кои му носеа огромен профит подолг период.

Само тогаш тајм.мк навистина ќе стане општествено корисен сервис за агрегирање на вестите од повеќе извори и кој ќе и презентира на јавноста повеќе страни на една иста приказна.
Тогаш сите замешани страни гарантирано ќе бидат задоволни. И медиумите (кои преку тајм ќе влечат посети на својот сајт) и тајм.мк (кој ќе заработува, додуша помалку пари, без некој посебно вложен труд) и читателите кои ќе имаат што е можно поголем избор на извори на информации и кои ќе бидат сигурни дека не се манипулирани од политички или бизнис побуди.


П.С.
Како додаток на текстов, би сакал да укажам и на двојниот морал, овојпат од страна на медиумите кои пиштат за „крадење на нивниот труд“.
Додека се во право во случајот со тајм, истовремено самите себеси принципиелно се газат преку вестите кои ги објавуваат а кои стигаат од светот.
Ниту Сител, ниту Канал 5, ниту Курир, ниту Нетпрес се претплатени на некоја странска агенција. И тие исто како и тајм.мк секојдневно крадат информации од светските агенции - АП, АФП, Ројтерс, СНН... Вулгарно и дрско, без дури и да се помачат да го напишат оргиналниот извор (објави денешен Њујорк Тајмс на пример).
Видеата и вестите се крадат (или попопуларно - „позајмуваат“) од големите светски агенции, што дефакто значи заработка на туѓ грб.
Ивона Талевска веќе два пати ја фатија со препишан текст од Јутарњи и од Вечерње Новости. Пази ја дрскоста, ем крадеш ем сам си се потпишуваш под текстот. Во покултурни земји од нашата јавноста ќе бараше моментална оставка од таков неморален и расипан новинар - кој воедно е заменик главен и одговорен уредник во весникот во кој веста е објавена. Да не беше жално ќе беше смешно.
Вториов дел од постов го напишав само затоа што се чувствувам глупаво што ги бранам нашиве медиуми од крадење на нивниот труд, кога истовремено знам дека голем дел од нивниот труд е препишан, украден или преведен од некој друг весник.


За жал во земјава нема никакви медиумски стандарди, секој си го гледа својот газ и својот џеб, и апсолутно секој медиум (па и агрегатор на вести) гледа само што повеќе да заработи. Општествена одговорност, грижа за јавноста, етика, професионализам, објективност... заборавете на сето тоа - се работи само за пари, за повеќе пари и за ништо друго.
 
.. а еве го и известувањето за новите промени.

Линковите се јавна сопственост.
http://www.time.mk/info/links
Ќе го јаде time.mk после ова... ќе помине сигурно ова преку судски постапки.

Еве интересен коментар кој го прочитав на IT.mk и дечково е сосема во право.

1. Се споредува со гугл и тоа погрешно. На гугл, јас пребарувам соодветен наслов, па тој ми дава резултати. рангирањето е такво какво што е. нит тајм е пребарувач, нит рангирањето е според кликовите/содржината/веродостојноста (инаку сорос медиумите никад нема да бидат први)

2. RSS вели дека е за приватни потреби а не за комерцијално користење. тој што го срочил тоа секако ги имал во предвид агрегаторите. Агрегаторот зема авторски текст и го поставува со свои реклами. значи не е за приватни туку комерцијлни потреби. Тоа е огромна работа.

3. Плачењето дека имало политика и не било фер. Па зар тој играше фер до сега? или фер е само кога тој кешира, а кога ќе му кажат да ја врати играчката (нек биде среќен што не му репнуваат тужби па да не знае главата кај му е) тогаш партии, притисоци и што се не.... а за фер ... нек објасни како тоа скај и +инфо и останатите сорос копи-пејст срања скоро редовно беа први на листата за некоја вест. според релевантност на медиумите? количеството на информација? при ја објавиле? последна објавена? ништо од тоа не исполнува па сепак беа први.
 
нек објасни како тоа скај и +инфо и останатите сорос копи-пејст срања скоро редовно беа први на листата за некоја вест. според релевантност на медиумите? количеството на информација? при ја објавиле? последна објавена? ништо од тоа не исполнува па сепак беа први.

И јас мислам дека ова е причината. Инфо и Скај се направени за кампањата, тогаш и двата беа срање сајтови. Сега Инфо барем личи на сајт, а Скај сеуште е аматерско срање и единствено е направен за пропаганда. Значи да не се разбереме погрешно, има портали кои прават пропаганда и за власта и за опозицијата, ама Time мора да има критериуми, некаква долна граница во однос на квалитетот на сајтовите кои ги објавува. Од тој аспект можам да ги разберам весниците и телевизиите што не сакаат да бидат во ист кош со вакви сајтови, иако претпоставувам дека можеше да се реши на поприфатлив начин за сите.

А ова со линковите е гола вода, е-маил, па читатели ќе му ги препраќале демек, па тој ќе ги објавувал... Мислам дека требаше да го прифати фактот дека овие медиуми не сакаат повеќе да бидат на time.mk и да си продолжи. Јас повеќе би го отворил time.mk за нетпрес и dw отколку за сител и утрински...
 
А ова со линковите е гола вода, е-маил, па читатели ќе му ги препраќале демек, па тој ќе ги објавувал... Мислам дека требаше да го прифати фактот дека овие медиуми не сакаат повеќе да бидат на time.mk и да си продолжи. Јас повеќе би го отворил time.mk за нетпрес и dw отколку за сител и утрински...

When the going gets tough, the tough get going.

Порано или подоцна силеџиите ќе разберат дека играат на гостински терен.
Последниов потег е одлично Touché од страна на time.mk.
 
На почетокот:


8DB0j.jpg



Потоа, мала корекција:

Забрането користење на фотографиите, текстот или делови од текстот без дозвола од редакција ВЕСТ.

Еве: http://vest.com.mk/?ItemID=EC7F5BBB7A664D4BAC9815F68272EEF9

Ваљда нема да тужат... :)
 
Time.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост
http://it.com.mk/time-mk-go-vozvrak-a-udarot-linkovite-se-javna-sopstvenost/

А и коментаров ми падна во око ..
Канал 5 ќе го тужи г-динот Доктор по овие основи и тоа:
- пријава за стопански криминал
- злоупотреба на авторско право и заработка на истото
- надомест на претрпена штета
- ќе му достават фактури за цела 2011 и оваа година на мрсни суми
Докторот бадијала оди кај адв. Пепељуговски, затоа што ништо нема да го испере...и на крај ќе се прашате...зошто?
Поради другарите му од Сорос...не знам дали они ќе му ги надоместат казните
Отишол кај адвокат да се консултира сигурно и одма знаат овие :D
 
Лошо е кога ќе се измеша политика. Ќе го јаде стапот дебело. Една А1 ја бувнаа не па time.mk.
 
Time.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост
http://it.com.mk/time-mk-go-vozvrak-a-udarot-linkovite-se-javna-sopstvenost/

А и коментаров ми падна во око ..

Отишол кај адвокат да се консултира сигурно и одма знаат овие :D

:гомце:

Се надевам дека нема да зажали што се врати во Македонија. :cenzura:

А Мрнч се шитна.. :(

Туку, имаше одличен коментар на твитер:

СкамбегМакедонскиЛајктивист: Ќе мрчи за АКТА, СОПА, ПИПА, но ќе ги остави домашните медиуми да се курчат на сите.
 
Случајот можел да го реши со само еден потег, да воведе логирање со обична e-mail адреса и пак да те води до сајтот, така тие што го користат time.mk го користат за свое лично информирање и крај на приказната.
Слична работа и Трендо имал со рубриката Богати и славни, кога објавувал автомобили со регистарски таблици, и му пишале од агенцијата за заштита на личните податоци дека тоа не смее да го прави, и овој кажал дека му се пријатели и дека они му ги давале сликите, ни консултации со адвокати ни бутур.
 
Случајот можел да го реши со само еден потег, да воведе логирање со обична e-mail адреса и пак да те води до сајтот, така тие што го користат time.mk го користат за свое лично информирање и крај на приказната.
Слична работа и Трендо имал со рубриката Богати и славни, кога објавувал автомобили со регистарски таблици, и му пишале од агенцијата за заштита на личните податоци дека тоа не смее да го прави, и овој кажал дека му се пријатели и дека они му ги давале сликите, ни консултации со адвокати ни бутур.

True that, ChemAngel. Кога почна сево ова, му го поставив прашањето дали планира развивање на персонализирана верзија на сајтот, што ем би било полезно ем би го спасило од разни главоболки, но се уште немам добиено одговор..
 
True that, ChemAngel. Кога почна сево ова, му го поставив прашањето дали планира развивање на персонализирана верзија на сајтот, што ем би било полезно ем би го спасило од разни главоболки, но се уште немам добиено одговор..
Нема потреба од персонализирана верзија, само еден логин прозорец во центарот за да внесеш е-mail адреса и те носи до истиот сајт тоа значи дека тој се логирал ги користи за лична информација, а сајтот е само една алатка за негово лично информирање. Конец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom