Па, ај, прво да си се пожалам! Мене во последниов период ме следат (малку) поднашминкани машки, со совршено исчупани веѓи. Бев денес на едно интервју за работа и таму прв пат во животот се прашав: дали сум женско или машко? Жими се` не знам дали е до мене или младинава си *тит* мајката. (Ова воопшто не е смешно! Не прифаќам шала!)
Затоа МНОГУ сакам да кажам дека понекогаш 5 кила пудра, 3 кила перли, пола кило сенки за очи, 6 моливчиња, 4 маскари и 5 тони парфем вршат одлична работа на 3 километри, ама како се наближувате кон целта сфаќате дека таа средба ќе остави длабока траума во вашиот живот. Ова важи за сите и за машки и за женски. Добро, машките не користат толку козметика, ама надворешниот изглед нема да излечи ничии труми од детство. Тоа се лечи на друго место.
На темава:
Никој не е совршен, ама ако не иде муабетот од прва... знам дека нема да тргне воопшто. Многу пати даваме шанси на погрешни луѓе, ама тоа е убава лекција. Не е убаво кога учиме на своја кожа, ама после помалку грешиме. Сфаќам дека можеби не се погодил денот, ама тоа е уште поубаво, за да не си правиме искривена слика за другиот. Лошиот ден е исто `ко лоша фризура, се средува, поминува, ама карактерот... тука нема корекции. `Ко јас за тебе би препливал езера, мориња, океани... тие финти на друго место.
Е, сега да не се лажеме секоја девојка покрај себе сака убав и паметен маж исто толку колку што секој маж покрај себе сака убава и паметна жена. Некогаш некои тоа го наоѓаат, некои не го наоѓаат и тоа не е трагедија! Трагедија е да бидеш со некој со кого не делиш исти емоции, планови, животни цели, туку само го делиш времето. Лошо е кога на крај ќе сфатиш дека си поминал извесен период од животот со некој со кого немате заеднички работи. НО, продолжуваш понатаму, оти другиот веќе одамна продолжил. А, и што друго ти преостанува?! Да се лигавиш колку лоша судбина си имаш???
Сите сме со различна судбина и не можеме секому да му се допаднеме. Затоа без очекувања кога ќе излезете со некој непознат и најважното: НИКАКО БУТАЊЕ ПО ТЕМНИЦИ И ОДЕТЕ САМО КАДЕ ШТО ИМА ЛУЃЕ!!! Не за другото, да не завршите како бело робје во некоја биртија.
Фала и кај вас.