H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Македонски документарци
Поголемиот број се снимани за време на Социјалистичка Република Македонија ( РТВ Скопје или Кинотека Вардар) и вреди да се видат. Поголемито број се за вековните традиции на македонскиот народ но има и документарци на англиски јазик веројатно наменети за вон границите на СФР Југославија наменети за туризам.
Документарен филм за празнувањето на верскиот празник "Водици" во Струшко-Охридската околија
Документарен филм за Струга 1965 -пештерни цркви, носии, занаети, мрестот на јагулата,езеро Глобочица, а на 17:16 мин. од видеото се последните моменти од селото Глобочица кое било поплавено за изградбата на езерото:
Документарец за град Охрид, сниман далечната 1954 и ќе го видите како изгледал градот тогаш.
Македонски Документарен филм наменет за фолкорот во Македонија сниман 1955
Погледнете ги ако имате слободно време, не губите ништо-а ќе дознаете многу... Само се чудам дали на МТВ ќе и текне да направи нешто вака.